Забава
ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ПО ПОВОД 7. СЕПТЕМВРИ
По повод Денот на ослободувањето на Кочани, утре, 7 септември, во 11 ч., кавадарчанец Бошко Илиев, специјалист по спортска медицина, ќе реализира пливачки маратон во водите на езерото Гратче. Пливањето ќе го започне од брегот на езерото кај „Еуро хотел Гратче“. Општина Кочани
ТРЕТО МЕСТО ЗА ГЛИГОР МИШОВ ВО НАТПРЕВАРУВАЊЕ НА ХРАНА НА ТРАДИЦИОНАЛЕН НАЧИН
Нашиот сограѓанин Глигор Мишов го освои третото место на VI по ред Меѓународен натпревар во подготовка на храна на традиционален начин „Гулашијада – Јесеново 2022“. На натпреварувањето кое на 30 Јули оваа година се одржа во Јесенова близу Деспотовац (Република Србија) учествуваа 17 екипи од државите од Балканот: Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Македонија и…
ФУДБАЛЕРИТЕ НА „МЛАДОСТ“ – ОРИЗАРИ ВЕРНИ НА ТРАДИЦИЈАТА
Како и години наназад така и годинава ветераните на оризарскиот фудбал го одиграа својот традиционален ревијален фудбалски натпревар. На натпреварот силите ги одмерија играчи кои дел од својот фудбалски живот поминале во Оризари, во екипата на „Младост“. Резултатот не беше во прв план, туку дружењето, и затоа сите што се појавија овој пат во „Спортската…
НИТУ ЛОШОТО ВРЕМЕ НЕ ГО СПРЕЧИ ДРУЖЕЊЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ПОНИКВА
По облачно време повремено проследено со дожд на падините на Осоговските планини на „Пониква“ во организација на Здружението на пензионери на Општина Кочани се одржа 14. Републички Собир на пензионери на Македонија. Околу илјада пензионери од повеќе од дваесет здруженија од Македонија дојдоа на Собирот, а прв ги поздрави Претседателот на Здружението на пензионери од…
ВО САБОТА 13. ИЗДАНИЕ, РЕПУБЛИЧКИ СОБИР НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
Во организација на Здружението на Пензионери на Општина Кочани, во Сабота на падините на Осоговските планини, поточно во Планинарскиот туристички спортски центар „Пониква“ ќе се одржи 13. издание, „Републички Собир на пензионерите од Македонија“. Почетокот на манифестацијата е закажан за во 11:00 часот кога на присутните ќе им се најпрвин обрати домаќинот, односно претставник на…
КОЧАНСКИТЕ ИЗВИДНИЦИ ЈА РЕАЛИЗИРААТ ЗАЦРТАНАТА АГЕНДА
ИО „Ластовица“ од Кочани со засилено темпо ја реализира својата зацртана агенда. Пред неколку дена заврши летниот извиднички камп во Охрид, кој претставува главна активност за сите извидници во државата. Кампот се одржа во периодот од 18 до 24 јули во Извидничкиот центар во Охрид. На него учествуваа околу 200 извидници од Скопје, Куманово, Штип,…
„OSOGOVO ADVENTURE“ ПО ПЕТТИ ПАТ
Во организација на МТБ „Исток“ и Спорт клуб „Електрика“ од Кочани, а подржано од Општина Кочани и неколку локални компании во текот на вчерашниот ден (Недела) на „Осоговските планини“ по петти пат се одржа сега веќе традиционалниот „Osogovo Adventure 2022“. На настанот зедоа учество околу 120 учесници од речиси сите градови во Македонија а пред…
ЗАТВОРЕНА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКАТА ПРОГРАМА „ПЕТРОВДЕН 2022“
Овогодинешната програма за Петровден 2022 беше затворена синоќа, 14.07.2022 во Мултикултурниот центар Кочани со концертот на пијанистката Благица Арсова. Таа е пијанистка од Кочани, која има освоено многубројни државни и меѓународни награди. По завршувањето на студиите во Македонија, продолжува на конзерваториумот „Џузепе Тартини“ во Трст-Италија во класата на маестро Лука Трабуко и е пред дипломирање….
ПОКАНА ЗА „OSOGOVO ADVENTURE 2022“
Ве покануваме на 5та по ред планинска велосипедска тура „Osogovo Adventure 2022“. Патеката е исклучиво off-road планински шумски пат во должина 36km со искачување на врвот Царев Врв со вкупна елевација од 950м. Старт е од СРЦ Пониква пред Осоговски Конак. По завршување на турата следува ручек и освежување во истиот. Стартниот пакет е 500…
ВЕЧЕРВА (ПОНЕДЕЛНИК) ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ
Вечерва по повод големиот христијански празник Петровден, празникот на градот Кочани ќе се одржи вечерна богослужба со Високопреосвештен владика Брегалнички Иларион во храмот „св. Великомаченик Георгиј“, со почеток во 17 часот. Во 18:30 часот ќе се одржи литија во Градскиот Парк и кршење на славскиот колач, а во 19:30 часот во Мултикултурниот центар е Духовната…