Ознака: кошарка

М-18 КОШАРКАРСКА ЛИГА, ПОБЕДА НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЗА ПРВО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА
Интересен и неизвесен натпревар одиграа кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ и „Струмица“. По доста возбудувања кочанчани славеа 104:92 (26:25; 29:32; 28:13; 21:22) и со освоените бодови се искачија на првото место на табелата. Во првите две четвртини бевме сведоци на доста изедначен натпревар така да полувремето заврши со два поени предност за кошаркарите од Струмица….

ПОБЕДА ЗА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ВО ТРЕТА ЛИГА ИСТОК И ПОБЕДА ВО М-16 ЗА ПРВО МЕСТО
Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“и овој викенд ги зарадуваа своите навивачи, остварени се две победи и тоа какви, едната дури во продолжението а втората за прво место на табелата по првиот дел од првенството. Во 3-та Македонска Лига – Исток кошаркарите од Кочани по многу возбудувања ја совладаа мошне добрата и квалитетна екипа на „Спарта“…

УСПЕШЕН ВИКЕНД ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“, ТРИ НАТПРЕВАРИ ТРИ ПОБЕДИ
Кошаркарите на „Баскет Димо Деликатес“ имаа уште еден успешен викенд. На три натпревари во три конкуренции остварија исто толку победи. Во М-16 лигата во Гевгелија „Баскет Димо Деликатес“ го совлада домаќинот „Кожуф“ 57:66 (06:17; 05:19; 21:10; 25:20). Коќанските кошаркари фуриозно го започнаа натпреварот и веќе по двете четвртини имаа високо водство од 36:11, и наместо…

ИВАН МИЈАЛОВ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ КОШАРКАРИ
Кошаркарската Федерација на Северна Македонија и годинава продолжува со ФИБА проектот за талентирани кошаркари. По тој повод започнувајќи од 28 Февруари до 05 Март во Скопје ќе се одржи кошаркарскиот камп на кој освен кошаркари и кошаркарки од Македонија ќе учествуваат и од Турција, Бугарија, Романија и Косово. Организаторот на кампот освен тренинзи ќе организира…

„БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ГО ЗАОКРУЖИ УСПЕШНИОТ ВИКЕНД СО ПОБЕДА ВО М-16 ЛИГАТА
Кошаркарите на „Баскет Доно –Деликатес“ со победата во М-16 заокружија еден мошне успешен викенд. По победите во М-18 и Трета Лига – Исток, вчера кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ во Скопје против екипата на „Вардар“ остварија уште една сигурна победа. Во натпревар во кој беа подобри во сите четвртини тие го совладаа домаќинот со убедливи…

НОВА ПОБЕДА НА „БАСКЕТ ДИНО“ ВО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК
Победоносниот од на кошаркарите на „Баскет Дино“ продолжува и во Трета кошаркарска лига – Исток. Овој пат совладана е екипата „Крива Паланка“ на гостински терен со убедливи шеснаесет поени разлика 63:79. Кочанчани за време на целиот натпревар беа подобри од мотивираната екипа на домаќините за што сведочи и резултатите по четвртини (18:23, 12:18; 17:20; 16:18)….

КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ СЕ ПРОШЕТАА НИЗ ВЕЛЕС
Со импресивна игра во текот на сите четвртини кошаркарите на „Баскет Дино – Деликатес“ едноставно се прошетаа низ Велес. Кочанчани во рамките на 12-тото коло во М-18 кошаркарска лига во Велес го совладаа домаќинот „Борец Баскет“ со високи 79:39. Во првата четвртина домаќините додека имаа сили им даваа отпор на разиграните кошаркари од „градот на…

ОДИГРАН МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА САШО ЛАЗАРЕВ – ЧАПО
По завршувањето на манифестацијата „Најдобар спортист на Кочани за 2021“ во Спортската сала во Кочани се одигра меморијален кошаркарски натпревар. Натпреварот кој беше организиран во чест на Сашо Лазарев – Чапо беше идеја на неговите ученици (кошаркари) а по повод четириесетте дена откако Чапо замина на другиот свет кај Ангелите. Натпреварот полн со емоции ја…

КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА САШО ЛАЗАРЕВ – ЧАПО
Утре (Понеделник) се навршуваат четириесет денови како засекогаш не напушти Кочанската кошаркарска големина Сашо Лазарев – Чапо. По тој повод неговите ученици од неколку генерации закажа кошаркарски натпревар во негова чест. Натпреварот започнува во 21:00 часот а на полувремето на истиот ќе има натпревар во шутирање тројки, најголемото „оружје“ на Чапо со чии удари многу…

СИНОЌА ВО КОЧАНИ СЕ ОДИГРА ЕМОТИВЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР
Синоќа во Кочани во рамките на М-18 Втора Кошаркарска Лига – Исток кошаркарите на „Баскет Дино – Деликатес“ и „Еуро Никел“ од Кавадарци одиграа емотивен кошаркарски натпревар. Целата предигра, самиот натпревар и неговиот крај полни со емоции беа посветени на кочанската кошаркарска легенда Сашо Лазарев – Чапо кој прерано реши да замине меѓу Ангелите. Во…