Последни вести
НАЈАВА ЗА „САЕМ НА КНИГАТА“
Почитувани, Под мотото „Книгата не спојува – ние читеме – читајте и вие“, на 15 ноември ќе биде отворен 19. САЕМ НА КНИГА. Саемот ќе биде трае од 10 до 15 ноември од 10 до 18 часот. На отворањето ќе биде претставен младиот родноктаен автор, Благој Стојков. Ќе се запознаеме со авторот и неговото творештво…
„ОСОГОВО“ ЈА РАЗМОНТИРА „ПОБЕДА“ НА НАЈСИТНИ ДЕЛОВИ
Во еден од поефикасните натпревари во второлигашката конкуренција, денес во Кочани во рамките на 11-тото коло „Осогово“ ја совлада „Победа“ од Прилеп со 6:0 (3:0). Уште на самиот старт на натпреварот се виде дека гостите се определија на чување на почетниот резултат без некаква амбиција да се подотворат и да напаѓаат кон голот на домаќините….
ПРИЈАВА ДЕКА ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ МАЛОЛЕТНИЧКА БИЛА ДОПИРАНА ПО ТЕЛОТО ОД ДРУГ МАЛОЛЕТНИК
На 03.11.2025 во 21:00 часот во Полициската станица Кочани, 36-годишник од Кочани пријавил дека во средно училиште во Кочани во кое учела, неговата 16-годишна ќерка била допирана по телото од друг малолетник од Кочани. Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение на СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И …
УТРЕ (ВТОРНИК) ВОНРЕДНО КОЛО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА
За утре (Вторник) со почеток во 13:30 часот закажани се натпреварите од 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ ја пречекува „Победа“ (Прилеп) во натпревар во кој победата е императив за „жетварите“. Кочанчани засега се во сигурната зона но со новата победа ќе се искачат неколку скалила погоре на табелата а и ќе имаат мирна…
КЈП „ВОДОВОД“, УТРЕ ПОВЕЌЕЧАСОВЕН ПРЕКИН СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО
Почитувани, Поради дефект и детално испитување на водоводната мрежа , корисниците од улиците, ,Д-р Николиќ, Илинденска, горниот дел од Маршал Тито, Цар Самуил, Гоце Делчев, Осоговска, Х.Карпош, А. Македонски ќе останат без водоснабдување утре 04.11.2025 год. од 8:00 до 14:00 часот Ви благодариме на разбирањето! КЈП „Водовод“ – Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ …
Д-Р ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Д-р Владко Грозданов е новиот Градоначалник на Општина Кочани. Тој во вториот круг на годинешните Локални избори доби 1.454 гласови повеќе од неговиот против кандидат Венко Крстевски. По објавувањето на конечните резултати д-р Владко Крстевски им се заблагодари на сите оние кои ја подржаа неговата програма, додека неговиот против кандидат Венко Крстевски по објавените резултати…
ДОБАР УЛОВ НА МЕДАЛИ НА БРЕГОТ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“
Во организација на Карате Федерацијата на Македонија а со техничка организација на Карате Клуб „Дојран“ во саботата на градот на брегот од Дојранското Езеро се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Дојран Опен 2025“. Карате Клуб „Кочани“ – Кочани на турнирот учествувашесо 15 натпреварувачи во повеќе категории, сите во борби (кумите). Освоени се 24 медали а…
НОВ ПОРАЗ ЗА „ОСОГОВО“ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ТЕТОВО
Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига а екипата на „Осогово“ и овој пат на гостувањето во Тетово против домаќинот „Тетекс“ доживеа пораз од 0:3 (0:2). Не се прослави одбраната на „жетварите“ која повеќе изгледаше порозна отколку цврста, трите погодока кои домаќините ги постигнаа преку Азис Јамини (33’42’) и Славчо Мисајловски (53’)…
ФК „НАПРЕДОК 2025“ ГО ВРАЌА ФУДБАЛОТ ВО ПЕХЧЕВО
Благодарение на неколку фудбалски ентузијасти полека но сигурно се враќа фудбалот во Пехчево. Од оваа година почна со работа новоформираниот фудбалски клуб „Напредок 2025“ кој уште на стартот покажа дека е со сериозни намери да го врати фудбалот во Пехчево, кое години наназад беше еден респектабилен фудбалски колектив кој даваше посебен фудбалски шмек во Малешевијата….
ИЗМИНАТИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ – НУЛА ДЕНАРИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Во минатите шест месеци ставката за репрезентации од градоначалникот во сметката на Општина Кочани е со износ нула денари. Вршителот на должноста градоначалник Венко Крстевски не потрошил ни денар за службени ручеци или слични трошоци, а нема користено ни службен телефон. Општина Кочани е во стабилна финансиска состојба, со позитивно салдо. Почетниот износ на обврски,…
