Последни вести

ОД 08-16 ЈУЛИ КУЛТУРНО ЗАБАВНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД „ПЕТРОВДЕН 2023“

Со музичко-сценски, литературни, ликовни и спортски содржини, Општина Кочани во соработка со институции, здруженија и поединци, од 8 до 16 јули ќе го одбележува Петровден, празникот на Кочани. Празничната програма ги опфаќа и традиционалните црковни настани, со кои се чествуваат апостолите Петар и Павле. Програмата ќе започне со традиционалниот влашки фестивал „На Петровден сите на…

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, ВТОРИОТ ДЕН ДОНЕСЕ НЕИЗВЕСНИ НАТПРЕВАРИ

Вториот ден донесе два мошне интересни и преди се неизвесни натпревари во склоп на годинешниот 21. Петровденски турнир во мал фудбал. Во првиот натпревар се сретнаа екипите на „Џинџер бар“ и „Рели“, а по доста возбудувања натпреварот заврши без победник 2:2 (1:1). Во вториот натпревар гледачите видоа исто така добар фудбал со многу шанси и…

ПРВАТА ПОЛИЦИСКА „ПОЛИЦИЈАДА“ РЕАЛИЗИРАНА НА ПОНИКВА

Изминатиот викенд (Сабота и Недела) во организација на НСП (независен Синдикат на Полицијата) на Пониква се одржаа Првите централни спортски игри насловени како  Првата полициска „Полицијада“. На игрите учествуваа околу 420 вработени од редовниот состав на полицијата, од судската, шумската и затворската полиција. Се натпреваруваа во одбојка, стрелање со воздушна пушка, баскет, шах, пикадо, бадмингтон,…

ВО КОЧАНИ РЕАЛИЗИРАНА ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА ОД ОБЛАСТА НА СООБРАЌАЈОТ, „СТАВИ ПОЈАС“

Денеска (29.06.2023) на улиците „Никола Карев“ и „Теодосија Паунов“ во Кочани, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при Полициската станица Кочани, беше спроведена превентивна активност од областа на сообраќајот. Притоа под мотото „Стави појас“, полициските службеници преку непосредна комуникација со возачите им укажуваа на граѓаните за задолжителната обврска…

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната јунска крводарителска акција наменета за граѓанството.   На акцијата крв даруваа 31 крводарител од кои 10 до 30 годишна возраст. Акцијата е 10 –та…

ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ПРАШУВААТ: „КОЈ ГО УКИНА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА СЕМЕНСКИОТ МАТЕРИЈАЛ?“

Група оризопроизводители ни испратија допис во кој јавно ги прашуваат надлежните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од која причина годинава се укинати субвенциите за семенски материјал на оризот. Писмото го објавуваме во целост: „Ја известуваме јавноста дека при поднесувањето на документите за субвенции на оризот во подрачната единица Кочани ни се одбива можноста…

ВЕЧЕРВА СТАРТУВАШЕ 21. ИЗДАНИЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на повеќенаменското спортско игралиште денес започнаа натпреварите од 21. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Екипите ги поздрави Александар Андов – Претседател на ОФС Кочани, а турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина кочани, Љупчо Папазов. Во првиот натпревар еден од фаворитите за највисок пласман…

ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ПЕТРОВДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ

По повод Петровден – празникот на Кочани, Општина Кочани распиша оглас за организирање Петровденски хепенинг, настан што ќе се одржи во Паркот на Револуцијата (Градскиот парк) во периодот од 7 до 14 јули. Комисијата за организирање на овој настан ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар, да учествуваат на јавното наддавање што ќе…

ГО НАПАДНАЛ БРАТОТ ПА ПОЛИЦИЈАТА ГО ЛИШИЛА ОД СЛОБОДА

На 27.06.2023 полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ќ.А.(47) од Кочани, затоа што во 21.58 часот во населбата Трајаново трло со метален предмет го нападнал неговиот брат Е.А.(36) од Кочани. За случајот запознаен е Јавен обвинител и по комплетирање на случајот против Ќ.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. Известување од СВР…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, од мое име и од името на Општина Кочани до сите верници од исламска вероисповед упатувам искрени честитки и желби за добро здравје, радост и благосостојба. Празникот на солидарноста, милосрдието, дарежливоста и човечноста нека биде мотив да живееме во разбирање, почитување и хармонија и во соживот да градиме…