Последни вести

ВО САБОТА И НЕДЕЛА СТАРТУВААТ НАТПРЕВАРИТЕ ВО ВТОРА ЛИГА МЛАДИ КАТЕГОРИИ

Во Сабота и Недела започнуваат натпреварите во Втора фудбалска Лига – млади категории, за сезоната 2022/2023. Според распоредот, во саботите ќе се играат натпреварите во лигата на „пионери“ и „помлади пионери“, додека во неделите според истиот распоред играат категориите „кадети“ и „младинци“ со таа разлика што домаќините од саботите во неделите гостуваат кај истите противници…

ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ПО ПОВОД 7. СЕПТЕМВРИ

По повод Денот на ослободувањето на Кочани, утре, 7 септември, во 11 ч., кавадарчанец Бошко Илиев, специјалист по спортска медицина, ќе реализира пливачки маратон во водите на езерото Гратче. Пливањето ќе го започне од брегот на езерото кај „Еуро хотел Гратче“. Општина Кочани

ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ КОЧАНЧАНЕЦ

На 05.09.2022 во 12.12 часот во СВР Штип било пријавено дека во својот дом во Кочани бил пронајден починат К.А.(61) од Кочани. По наредба на Јавен обвинител, во болницата во Кочани врз телото на починатиот бил извршен преглед и била констатирана смрт без траги на насилство. Исто така, по наредба на Јавен обвинител, телото било…

ПРИЈАВА ЗА НАПАДИ НА ДВЕ ЛИЦА НА РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ

На 05.09.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, Д.К.(54) пријавил дека на 04.09.2022 околу 18.00 часот во с.Полаки бил физички нападнат од Д.К.(36), двајцата од Кочани. По комплетирање на случајот против Д.К.(36) ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.09.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Кочани, Д.А.(58) пријавила дека околу 10.00 часот во дворот…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ

Почитувани учесници во сообраќајот, Ве известуваме дека од ден 05.09.2022 година заради градежни активности регионалниот пат Штип-Кочани после село Тркање ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен кон новоизградената девијација се до кружна раскрсница 1 пред Кочани и кружна раскрсница 2 кај хотел Национал. Пристапот кон бензиската пумпа Еко-Оил и фирмата Амфенол ќе биде обезбеден…

ПАКЕТИ СО УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СИТЕ ПРВООДДЕЛЕНЦИ ВО КОЧАНИ

Со донесената одлука на Советот на Општина Кочани, оваа година за прв пат Општина Кочани за сите 331 ученик во прво одделение запишани во основните училишта во Кочани обезбеди пакети со училишен прибор. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов денеска ги посети првоодделенците, им ги врачи училишните пакети, посакувајќи им среќна и успешна учебна година….

ЗАПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ЗА 16 ПРВАЧИЊА

Денеска започна учебната година за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани, проследена со свечена приредба во присуство на родителите, наставниците и градоначалникот на Општина Кочани. Годинава во музичкото училиште тргнаа 16 ученици во деветгодишното образование, а 8 ученици во шестгодишното. Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е училиште со многубројни државни и меѓународни награди, кое опфаќа…

ЗАПОЧНА РАБОТИТЕ НА УЛИЦАТА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“

Деновиве започна изградбата на улицата „Смилевски конгрес“ во населба Драчевик, во должина од 186 метри и ширина од 6 метри. Во склоп на градежните активности ќе биде извршен машински ископ на земја, тампонски слој од дробен камен и асфалтирање. На десната страна од улицата ќе биде изработен и тротоар од бекатон плочки. Изградбата на улицата…

ОДРЖАНА РИДСКО-БРЗИНСКАТА ТРКА „КОЧАНИ 2022“

На 4 септември, на регионалниот патен правец Кочани – Пониква, се возеше ридско-брзинска трка од Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува и за ФИА – зона на Централна Европа. На патеката долга 5,9 километри, во четири класи, учествуваа 26 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово. Организатор на натпреварот беше АКК „Перформанс“…

СООПШТЕНИЕ ОД ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ

Како новоназначен в.д директор на ОУ „Никола Карев“ сакам да ја информирам јавноста за настанатата ситуација. Иако не сакам да се навраќам години наназад и да ги коментирам непазарните цени кои превозникот Авто Атом ги има склучено со договор за јавна набавка по кој немилосрдно се богати на терет и штета првенствено на учениците, а…