Последни вести
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 24. РЕДОВНА СЕДНИЦА
Советот на Општина Кочани ја одржа 24. седница, чиј првичен предлог-дневен ред на почетокот беше проширен со две од предложените шест нови точки. Членовите на Советот го усвоија Извештајот за извршување на Буџетот на Општина Кочани за IV квартал од 2022 година. Стручните служби од Секторот за финансии образложија дека вкупниот буџет за 2022 година…
ДЕТСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО САЛА „СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ“, „ФУДБАЛ СТАРС“ И „НЕГОТИНО“ ПОБЕДНИЦИ
Во организација на Академија „Младост-Тошев“ во спортската сала на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари се одржа 6 Детски фудбалски турнир во сала „Св. Атанасиј Велики“. На турнирот на кој учествуваа генерациите 2010 и 2014 учествуваа екипите на „Осогово“ (Кочани), „Фудбал Старс“ (Кочани“, „Неготино“ (Неготино) и „Академија Младост-Тошев„ (Оризари). Резултати – генерација 2010 година: Неготино…
ГФК „ОСОГОВО“ ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО
Денес точно во 14:00 часот онака како и што беше најавено играчите на ГФК „Осогово“ ги започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток. Осумнаесет играчи предводени од тренерите Ефтим Аксентиев и Јоже Јованов излегоа на теренот за да го одработат првиот тренинг. „Денес официјално започнаа подготовките на ГФК Осогово…
ПОНИКВА ДЕНЕС
Убава разгледница стигна денес од Пониква. По долго време снежна покривка како што личи во овој период од годината. Дрвјата украсени како новогодишни елки, а патеките на ски лифтовите со доволно снег, да се подготват и да се стават во употреба на љубителите на зимските спортови. Кој рече дека Пониква не е лична?
УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРАНО НА ПОНИКВА, НО НЕ И УЧЕНИЦИТЕ ОД КОЧАНИ
Како што ни пишува наш читател денес голем број на ученици од основните одделенија од повеќе градови на Македонија ја посетиле Пониква која е покриена со дебела снежна покривка и на која дишењето на чистиот воздух е здравје и вистинскиот лек за дечињата. „Денес е сабота а на Пониква има дебела снежна покривка но има…
СЕМЕЈНАТА ТРАДИЦИЈА НА СКИЈАЧКИТЕ ПАТЕКИ ПРОДОЛЖУВА
Она што пред повеќе д половина век го започна Никола Христов – Мице, сега го продолжува една од неговите ќерка Ратка Ефремова, со што семејната традиција за скијањето е сочувана. Никола Христов – Мице пред повеќе од половина век беше еден од најдобрите скијачи на Кочани а истовремено и планинар, еден од тројцата од Кочанската…
ВО НЕДЕЛА СТАРТУВА 6. ДЕТСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО САЛА „СВ..АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ“ ВО ОРИЗАРИ
Утре (Недела) во Спортската сала при ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Оризари започнува традиционалниот 6. Детски Фудбалски турнир во сала „Св. Атанасиј Велики“. На турнирот ќе учествуваат екипите на ГФК „Осогово“ (Кочани), ФК „Фудбал Старс“ (Кочани), ГФК „Неготино“ (Неготино) и домаќинот воедно и организаторот на турнирот „Фудбалска Академија Младост Тошев“ (Оризари). Турнирот на кој…
ДИРЕКТОР НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАВРШЕНИТЕ ПРОЕКТИ ВО ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ
Почитувани, Функцијата директор на СОУ „Гошо Викентиев“ ја извршувам од декември 2021 година. Во моментот кога стапив на функција, училиштето го затекнав во доста лоша состојба настаната при пропуст на изведувачот, кој во тој момент извршуваше промена на кровниот покривач на дел од училиштето во лоши временски услови, кога беше поплавена училишната зграда. Од тие…
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, СОБРАНИ 39 КРВНИ ЕДИНИЦИ
Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената граѓанска крводарителска акција за месец јануари. На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 39 дарители од кои 17 лица до 30 годишна возраст и четири првократни крводарители. „Акцијата е прва што се спроведува во просториите на Црвен крст Кочани во 2023 година, а втора во…
ПАПАЗОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА КОЈА БЕШЕ ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ ЧЛЕН РАСУЛ ШАПИЕВ
Вчера, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во општинската сала оствари средба со борачите на БК „Спартак“ од Кочани и новиот член на „Спартак“, Расул Шапиев кој потекнува од школата за борење Махачкала (Дaгестан), Русија. Освен новиот член Расул Шапиев во делегацијата борачи од Русија и Украина кои настапуваат во македонските клубови присутни беа и…