Последни вести

„ВЕЧЕР НА АФОРИЗМИ“ ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА „ПЕТРОВДЕН 2022“

Во организација на ЗГ „Афористичка Репрезентација на Македонија“ – Кочани и Општина Кочани а по повод претстојниот празник на градот „Петровден“, во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани се одржа Вечер на афоризми. Настапот на роднокрајните афористичари беше проследен со големо внимание од присутните во салата бидејќи она што го прочитаа тие, а тоа беа…

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 14. СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани ја одржа четиринаесеттата редовна седница на која работеше по 27 точки од дневниот ред. Членовите на Советот ги усвоија полугодишните извештаи за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со државно градежно земјиште и за работењето на комуналните редари во општинската администрација, предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата…

ДОДЕКА СИТЕ СПИЕЈА СОВЕТНИЦИТЕ „ЛОВЕА ВО МАТНО“

Советниците на Општина Кочани рано утринава додека сите спиеја ја одржаа 14-тата седница на Советот на Општина Кочани, не од причина што требаше и мораше да се одржи, туку по она што се случуваше и што некои одлуки се донесоа „ во матно“, само за да додека сите се разбудат се биде завршено. Дека седницата…

УТРЕ (САБОТА) ВО 07:00 ЧАСОТ – 14. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Почитувани, Со извинување за промената, Ве известуваме за нова измена на терминот за претстојната седница на Советот. Четиринаесеттата седница на Советот на Општина Кочани, која првично беше закажана за 8 јули 2022 година, ќе се одржи в сабота, на 9 јули, со почеток во 7 часот, во салата на Мултикултурниот центар, со истиот предлог-дневен ред. Општина Кочани

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, испрати честитка до верниците од муслиманска вероисповед, во која се вели: -Во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам, од мое лично име и од името на општинската администрација упатувам искрени честитки до сите верници од исламската вероисповед. Овој празник не потсетува дека со помагањето…

НА 11.ЈУЛИ.2022 ГОДИНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ЈА ОДРЖИ 14. СЕДНИЦА

Четиринаесеттата седница на Советот на Општина Кочани, која првично беше закажана за 8 јули 2022 година, ќе се одржи в понеделник, на 11 јули 2022 година, со почеток во 9 часот. На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки: Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на…

КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ РЕАЛНОСТ, ОД „ИДНИНА С“ ДО „АДАНА ДЕМИРСПОР“

Сите убави нешта кога фудбалот е во прашање  кон крајот на минатата седмица беа резервирани за фудбалскиот трансфер на извонредниот Јован Манов од „Брегалница“ (Штип) во „Адана Демирспор“. Сонот кој го имаше ова скромно момче, но голем работник и на тренинзите и на натпреварите се претвори во реалност. Одличниот Јован Манев замина да игра во…

ПЕТРОВДЕН 2022 – ПРОГРАМА

9.7.2022 Пониква Осогово / 11 часот – „За Петровден сите на планина“ – меѓународен фестивал на стари изворни влашки песни и ора Мултикултурен центар / 19 часот – Афористичка репрезентација на Македонија – членови од Кочани 10.7.2022 Осоговски планини – Петровденски планинарски марш Градски парк / 10 – 24 часот – Втора интернационална берза на…

СОВЕТНИЦИТЕ, ПОЛИЦИЈАТА И ОДГОВОРНИТЕ ВО ОПШТИНАТА ДА ГО РЕШАТ СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС ВО ГРАДОТ

Нерегистрирани возила „летаат“ по улиците на градот, малолетници без дозвола управуваат со возила, паркирање по тротоари, по зелени површини, од двете страни на коловозот, пред патеки за лицата со посебни потреби, во близина на кружните текови, со години нерегистрирани возила заземаат дела од површините, й сето тоа создава една грда слика, создава еден сообраќаен хаос…

ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА АМБАСАДОРКАТА НА ШВАЈЦАРИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Н.Е. ВЕРОНИК УЛМАН

Денеска во посета на Општина Кочани беше амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман. Во текот на денот, заедно со градоначалникот на Општина Кочани беа посетени Осоговските Планини, Инфо Центар – Пониква, проследено со кратка прошетка и запознавање со туристичките потенцијали кои ги поседува Пониква како заштитено подрачје. Беше остварена и посета…