Последни вести

ВО САБОТА ЗАПОЧНУВА 50 ИЗДАНИЕ НА ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ, „ЧЕШИНОВО 2022“

Во Сабота  (09.07.2022 година) со почеток во 18:00 часот закажан е почетокот на годинешното јубилејно 50 издание на Илинденските Спортски Игри, „Чешиново 2022“. За годинешниот турнир несомнено еден од најстарите можеби и на Балканот своето учество го имаат пријавено 14 екипи од кои во групите „1“ и „4“ ќе учествуваат по четири екипи, додека во…

НОВ АСФАЛТЕН СЛОЈ НЕМА, НО КРАТЕРИ СЕ ПОГОЛЕМИ ИМА

Поставувањето на нов асфалтен слој на улицата „Раде Кратовче“ и после скоро една година за жал уште нема, но затоа пак тука се дождовите и некогаш малите кратери на улицата да ги направат многу поголеми и подлабоки. Асфалтот на споменатата улица е одамна изгребан и секоја седмица се чека поставување на нов асфалтен слој, и…

НИКОЛА КУЗМАНОВ И „СЛОГА 1934“ СЕ РАЗДЕЛИЈА

Никола Кузманов не е повеќе Шеф на стручниот штаб на виничкиот второлигаш. Откако не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката тие и официјално се разделија. „Не успеавме да се договориме за продолжување на соработката за наредната сезона. Заминувам од клубот горд на постигнатиот резултат во минатото првенство. На Слога и посакувам успех понатака“ стои…

ДОУРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК

Денеска од страна на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и Општина Кочани во Градскиот Парк беа поставени дел од новите содржини, односно 15 клупи, 20 корпи за отпадоци и 10 седалки покрај кејот на Кочанска Река. Во наредниот период кој следува просторот во Градскиот Парк ќе биде збогатен со дополнителни нови содржини. Општина  Кочани

ПОРАДИ НАПАД НА МАЛОЛЕТНИЧКА ЛИШЕН ОД СЛОБОДА

На 03.07.2022 во 16.45 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.А.(46) од Кочани затоа што претходно физички нападнал малолетничка од Кочани, негова роднина. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од СВР  Штип

СЕ РАСЧИСТУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ПОСЛЕ СИНОЌЕШНОТО НЕВРЕМЕ

По вчерашното невреме кое го зафати Кочани проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици и силен ветер, беа предизвикани голем број штети и интервенции во кочанско. Од ТППЕ Кочани изјавија дека постапиле по неколку претходни пријави од граѓаните и интервенирале на неколку локации во градот. Станува збор за отстранување на паднати дрвја и бандери. Поплавени…

ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“, ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА БОРЕЦОТ И ПОКАЖАА ДЕКА СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ЧУВАРИ НА ИСТОРИЈАТА

Поддржувачите на ликот и делото на Маршалот Јосип Броз Тито, ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани и денес на скромен и достоен начин го одбележаа 4-ти Јули  кој на просторите на некогашна Југославија се славеше како „Ден на борецот“, со што уште еднаш покажаа дека се најголемите чувари на нашата историја. По повод „Денот на…

НАЗНАЧЕН НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

Денеска во просториите на КЈП „Водовод“ и во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов беше извршено примопредавање на раководната позиција директор на КЈП „Водовод“. За новоназначен в.д. директор од денеска е Антонио Паунов, којшто доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Иван Иванов. На денешната средба и разговор, поранешниот директор на новоназначениот ги претстави проблемите со…

ПРОБЛЕМ ОД НЕВРЕМЕТО, ПАДНА СТОЛБ НА ЕВН ВРЗ СЕМЕЈНА КУЌА

Невремето што попладнето го зафати Кочани им направи проблем на жителите на улицата „Питу Гули“. Имено столб на ЕВН се урна врз куќа на веќе спомнатата улица. Жителите неколкупати ги известувале дежурните од ЕВН но од таму засега нема никаков одговор. Постои страв кај жителите бидејќи столбот е поврзан со жици низ кои протекува електрична…

Coding Bootcamp — Кочани 2022

На наше големо задоволство го најавуваме Coding Bootcamp — Кочани 2022. Веником Софтвер како општествено одговорна компанија, започнувајки од 15.07.2022 ќе го организира првиот бесплатен Bootcamp наменет за учениците од средните училишта од Кочани, кои своето образование сакаат да го продолжат во ИТ индустријата. “Наша цел е да го пренесеме нашето долгогодишно знаење и искуство…