Последни вести

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ СО ЧЕСТИТКА ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до верниците од исламската вероисповед, во која се вели: Почитувани, Во пресрет на големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, на сите верници од исламската вероисповед во Кочани им го честитам и им посакувам овој празник да донесе спокој, мир и радост во…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НОВ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“

По завршувањето на реконструкцијата на дел од улицата „Роза Петрова“ со крак, паркиралиште и тротоар, деновиве продолжи реконструкцијата на нов дел од улицата „Роза Петрова“, со протегање од улица „554“ до спој со крстосување со улица „Ристо Симеонов“ дел 1. Реконструкцијата се реализира со проект финансиран од преостанати средства од кредит на Светска Банка преку…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДВАЈЦА КОЧАНЧАНИ ЗА ИЗМАМА НА ШТЕТА НА СРЕДСТВА ОД ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА

На 29.04.2022 од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани. Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ, „Фалсификување или уништување…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, УШТЕ ТРИ КОЛА НЕИЗВЕСНОСТ

Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од 25. коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. До крајот на првенството остануваат уште вкупно три кола кои носат голема неизвесност за кој ќе биде Шампионот, кој ќе игра бараж за влез во Прва Фудбалска Лига и кои екипи ќе обезбедат учество во единствената…

АЈДЕ ВО САБОТА СИТЕ НА КОШАРКА

Во Сабота со почеток во 17:00 часот се игра вториот полу-финален натпревар во Трета Кошаркарска Лига,  во кој кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ ја пречекуваат екипата на „Работнички 2018“ од Скопје. Во првиот натпревар кој пред два дена се одигра во Скопје домаќините славеа но како што тогаш изјавија поголемиот број од гледачи кои од…

ОДРЖАНА 10. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Советот на Општина Кочани ја одржа десеттата редовна седница, на која донесе одлука за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување. На расправата по оваа точка градоначалникот Љупчо Папазов ја истакна итноста од основањето на ова претпријатие, со чија работа очекува заштедите да бидат поголеми од трошоците. Членовите на Советот ги…

СТОЈАН РАШКОВ КАКО ДЕЛ ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА „АТА МАКЕДОНИЈА“ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ФОРУМОТ „ЕУ СЕ СРЕЌАВА СО БАЛКАНОТ“

На 26ти Април во Софија Балкан Хотел се одржа Форумот ,,ЕУ се среќава со Балканот” со тема Научени лекции од случајот со Украина: Проширувањето на Европската унија како против одговор на војната. На форумот присуствуваа ЕУ лидери, министри за надворешни работи, политичари, претприемачи и младински претставници каде се дискутираше за наредни чекори за регионална соработка…

М-16 КОШАРКАРСКА ЛИГА

„БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“  –  „БАСКЕТ  КАМ“  67:43 (26:14; 13:09; 05:11; 23:09) Во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани во рамките на М-16 Кошаркарската лига, „Баскет Дино Деликатес“ од Кочани го совлада „Баскет Кам“ од Македонска Каменица со резултат 67:43. Кочанчани натпреварот го решија во првата и последната четвртина кога беа далеку подобри од гостите…

ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ЛИ КОНЕЧНО СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ВОДА

Кога ќе се приклучи стадионот „Никола Мантов“ – Кочани на геотермалната вода е прашање кое со години си го поставуваат и љубителите на фудбалот и играчите. Стадионот „Никола Мантов“ е изграден во времето на Југославија, досега ниту едно раководство на ФФМ нема пројавено интерес да донира одредена сума на средства и да го оспособи за…

ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ ФОРМИРА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општина Кочани ќе почне постапка за формирање ново јавно претпријатие чија задача ќе биде набавка на електрична енергија, изградба и одржување на јавното осветлување и сервисирање на електричната мрежа за уличното осветлување на подрачјето градот и другите населени места. Согласност за одлуката даде и општинскиот Совет на денешната седница, при што се предлага основач и…