Последни вести

ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА

ИСТОРИЈАТА  СЕ  ПОВТОРИ  КОГА  ИГРААТ  „РАБОТНИЧКИ“  И  ЕКИПА  ОД  КОЧАНИ  ВО  СКОПЈЕ „РАБОТНИЧКИ  2018“  –  „БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“ 67:53  (15:19;  29:12;  07:10;  16:12) И по повеќе од две децении кога кошаркарите на „Работнички“ за противник имаат екипа од „Кочани“ мора да добијат помош од судиите за да дојдат до победа. Така беше во минатото кога…

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИО „ЛАСТОВИЦА“ МУ СЕ ПОКЛОНИ НА ВЕЛИКАНОТ

Делегација од 10 извидници денес го претставуваше ИО „Ластовица“ од Кочани на свечениот настан по повод 117 години од загинувањето на македонскиот револуционер Никола Карев. Настанот се случи во М.В. Свиланово, во близина на селото Рајчани на падините на Осоговските Планини, во меморијалниот парк посветен на Карев. Извидниците својот марш го започнаа од манастирот „Св….

ОДБЕЛЕЖАНА 117 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НИКОЛА КАРЕВ

Денеска беше одбележана 117-годишнината од смртта на големиот револуционер Никола Карев. По тој повод, градоначалникот на Општина Кочани со претставници од Oпштината и Советот на Општина Кочани, вработени во ОУ „Никола Карев“, претставници од Сојузот на здружението на борците и пратеникот Миле Лефков положија свежо цвеќе на споменикот на Никола Карев на влезот во селото…

ТАТКО НА МАЛОЛЕТНИК УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ГО НАПАДНАЛ ДРУГОТО ЛИЦЕ ОД СООБРАЌАЈКАТА

На 26.04.2022 во 16.55 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во с.Спанчево, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од Г.Т.(56) од с.Спанчево и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тркање, кочанско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клинички центар Штип….

ПРОЕКТ „SAVE 4 WASTE“ ОД ПРОГРАМАТА НА ЕРАЗМУС +

Во период од 31.03.2022 год. до 01.04.2022 год. претставници од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани присуствуваа на првиот транснационален состанок во врска со проектот „Save 4 Waste“ од ЕРАЗМУС + програмата , на кој учество зедоа вклучените невладини организации и основни училишта од РС. Македонија, Р. Бугарија и Р. Грција. На овој состанок…

ВО САБОТА ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО“

Во знак на сеќавање на една од најголемите шаховски легенди во Кочани, ШК „Кочани“ во Сабота ќе го организира првиот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“. Долгогодишниот активен шахист а подоцна и Претседател на шаховскиот клуб од Кочани остави длабоки траги во оваа древна игра во „градот на оризот“. Милосиев како љубител и активен…

КЛИК-КЛАК ИГРАТА СО ЗАШТИТНАТА ОГРАДА КОН ПОНИКВА ПРОДОЛЖУВА

Клик-клак играта со заштитната ограда кон Пониква продолжува. Како што ни јавуваат дене е втората епизода од оваа култна серија. Имено посетителите на Пониква денес непријатно биле изненадени кога на патот кон Пониква повторно виделе дека заштитната ограда е извадена. Ова е втор пат во тековниот месец некој тоа да го има направено а како…

ПО ВЕРБАЛНА РАСПРАВИЈА КОЧАНЧАНЕЦ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ДВАЈЦА СОГРАЃАНИ

На 25.04.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани, С.С.(35) и З.Н.(39), двајцата од Кочани, пријавиле дека околу 01.30 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, по претходна вербална расправија, Б.С.(35) од Кочани им се заканил со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР. Дневни билтени од МВР

ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД НА СЕМЕЈСТВО ВО НИВНИОТ ДОМ

На 23.04.2022 во 22.15 часот од полициски службеници од Полициската станица Кочани бил лишен од слобода Ќ.А.(46) од Кочани поради тоа што околу 21.30 часот откако дошол до домот на С.А.(40) од Кочани со употреба на сила, ја скршил влезната врата од куќата, влегол внатре, и со тврд предмет физички ја нападнал неа и членови…

НЕКОЈ И ЗА ПРАЗНИК НЕ МИРУВА, ПОВТОРНО ГОРИ ДЕПОНИЈАТА

Некој и за празник не мирува, главната депонија повторно гори. Ако пред некој месец пламените јазици беа мали а густиот чад го загадуваше воздухот, вечерва огнот е голем а чадот повторно го загадува воздухот. Од фотографиите што пред малку ни беа испратени може да се забележи дека не е ова самозапалување туку дека пожарот е…