Последни вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈЕНО-ГРАДЕЖНИ РАБОТИ И АСФАЛТИРАЊЕ НА КРУЖЕН ТЕК

Почитувани учесници во сообраќајот, Според најавите на изведувачот „Стоименов“, во текот на следните денови 24-26.03.2022 година (четврток – сабота)  во периодот од 07-16 часот ќе се изведуваат земјено-градежни работи и асфалтирање на кружниот тек КТ5 на бул. „Тодосија Паунов“ (КТ кај Пионир – Флорис – Генекс). Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната…

ПРИВЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ КАЈ КОГО БИЛ ПРОНАЈДЕН ХЕРОИН

Денеска (23.03.2022) во 02.00 часот на ул.„Иван Иванов – Балаш“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.И.(36) од Кочани, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА РАДЕ КРАТОВЧЕ

Денес во дворот на  основното училиште а пред бистата на Раде Кратовче патронот на училиштето на скромен и достоинствен начин беше од бележана 78 годишнината од неговото загинување. Чествувањето започна со изведба на Македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“ од страна на хорот на училиштето за да потоа членови од семејството на Раде Кратовче,…

СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД КОЧАНИ ГО ПРОСЛАВИ ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Во присуство на ученици и вработени од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, претставници од Локалната самоуправа на Кочани,и Сојузот на борците од НОВ,како и во присуство на дел од семејството на првоборецот Љупчо Сантов, денес на скромен и достоинствен начин беше одбележана 78 годишнината од загинувањето. По тој повод денес на бистите на Љупчо Сантов…

СИГУРНА РАБОТА ЗА СИГУРЕН ЖИВОТ

Мотивирање на младите Роми и жените Ромки да го задржат своето работно место, да размислуваат за својот професионален и кариерен напредок и да придонесуваат до подобрување на животните услови на семејството и на локалната заедница се клучни цели на теренската кампања за задржување на работните места кај Ромите во Кочани. Оваа кампања ја реализираат текстилната…

ВО НЕДЕЛА СТАРТУВА ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК

Иако беше најавено дека годинешните натпревари во Трета Фудбалска Лига – Исток ќе започнат во Недела (20 Март) сепак со цел да се подобро подготват екипите стартот на првенството е поместен за следната Недела, односно за 27 Март. Како што веќе најавивме во годинешното првенство ќе настапат шест екипи „Карбинци“, „Малеш“, „Рудар“, „Овче Поле“, „Чешиново“…

СО ДОНИРАНИТЕ САДНИЦИ ОД „ПЕЈПАР МИЛ“ ОПШТИНА КОЧАНИ СИ ПОСТИГНА АВТОГОЛ ВО 120 МИНУТА

Денес змијата пополека почна да си ги покажува нозете. Граѓанските здруженија кои веќе трета година по ред се борат за чист воздух во Кочани денес доживеаја класичен нокаут од Општина Кочани. Денес некој се обиде да ги фрли во сенка сите досегашни протести за чист воздух и чиста вода се со цел кочанчани да добијат…

РЕАЛИЗИРАНА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ОПОЖАРНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОКОЛИНАТА НА КОЧАНИ

Денеска беше извршено пошумување, ново разеленување на месноста викана Рамни ниви, над село Бели. Станува збор за пошумување на површини кои претходно беа опожарени. Во пошумувањето учествуваа ученици од сите училишта од Општина Кочани, екипите на ТППЕ Кочани и Доброволното противпожарно друштво, КЈП „Водовод“, претставници од Пејпер Мил, вработени од Општина Кочани, со техничка поддршка…

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОДАТА

По повод Светскиот ден на водата, 22 март, ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани го одбележа денот со стручни излагања и презентации на теми поврзани со важноста на водата. Настанот беше одржан во просториите на Мултикултурниот центар. Презентации беа подготвиле ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани под менторство на Нада Ѕ’мбова Донева, наставник…

ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

Светскиот ден на поезијата, 21 март, ЈОУ Библиотека „Искра“ го одбележа со промоција на поетската збирка „Алфа и Омега“ од авторката м-р Славица Урмова – Марковска. Во збирката се сместени педесетина песни кои авторката ги има напишано во период од десет години. За поетската збирка ја има добиено наградата „Бели Мугри“за 2021 година што ја…