All Posts By Славчо Ивановски

ВО ПОЖАР ИЗГОРЕЛЕ ПЛЕВНА И ПОВЕЌЕ ПЧЕЛНИ СЕМЕЈСТВА

На 28.06.2022 околу 21.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Бурилчево, кочанско, на место викано „Горна маала“, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил поголема површина, при што изгореле плевна и поголем број на пчелни семејства сопственост на Т.Ј и Д.Ј. од с.Бурилчево. Од екипи на Територијалните противпожарни единици…

ПРИЈАВИЛ НАПАД НА РАБОТНО МЕСТО

На 28.06.2022 во 15.45 во Полициската станица Кочани, К.Н.(49) од Штип пријавил дека на работното место на бензиската пумпа во близина на село Чешиново бил физички нападнат од Н.Ј.(28) од село Чифлик. По целосно документирање на случајот против Н.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип

КГС „КОЧАНИ“ СО УЧЕСТВО НА ГОДИНЕШНИОТ „ПИОНЕРСКИ ПОВЕЌЕБОЈ“

Експедиција од 10 натпреварувачи на КГС „Кочани“ од кои 4 во машка и 6 во женска конкуренција учествуваше на годинешниот „Пионерски повеќебој“ кој се одржа во Охрид. На повеќебојот учествуваа 120 натпреварувачи од Кочани, Битола, Прилеп, Скопје и Струмица кои се натпреваруваа во поединечна и екипна конкуренција во дисциплините: -истрајно трчање на 200 метри, 300…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ДЕСНИОТ КРАК НА УЛИЦАТА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

Почитувани учесници во сообраќајот, Од денес и во следните денови ќе се изведуваат градежни работи на десниот крак на улицата „Стево Теодосиевски“. Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот. Замолуваме за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите…

ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР – ТРЕТИ ДЕН, – „ВЛТ ГРДОВЦИ“ ГИ ДЕКЛАСИРА КУМАНОВЦИ

Вечерва на програмата ббеа натпреварите од третиот ден на „Петровденскиот Фудбалски Турнир 2022“. Се одиграа два натпревари од групата „В“ и еден, последен од групата „Г“. Премиерниот натпревар вечерва помеѓу „Македонија“ и „Пролет“ од групата „В“ не даде победник. Во доста интересен и неизвесен натпревар конечниот резултат 3:3 можеби е и најправеден. Во вториот натпревар…

ТРИ НЕДЕЛИ ПО РЕШЕНИЕТО ОД ИНСПЕКТОРАТОТ, ФАБРИКАТА „ПЕЈПР МИЛ“ ГО ПРЕКИНА ПРОИЗВОДСТВОТО

Фабриката за хартија „Пејпр мил“ од Кочани го прекина производствениот процес, откако пред три недели Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) издаде задолжение да продолжи со работа со користење на вториот котел кај кој како енергенс се употребува природен гас – метан. По запирањето на производството од фабричкиот оџак не излегува чад, а за кој…

ЗАПОЧНА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕКО ПЛОЧКИ ЗА НАДВОРЕШНО УРЕДУВАЊЕ ОД ОТПАДНА ПЛАСТИКА И ПЕСОК

Добар дел од отпадната ПЕТ пластика од Кочани повеќе нема да завршува на депониите и измешана со другиот комунален отпад. Започна процесот на рециклирање на отпадна ПЕТ пластика и нејзина преработка во еко плочки за надворешно уредување. Во рамки на проектот „ Намалување на отпадна пластика на територија на Општина Кочани преку воспоставување на систем…

СЕ ВРАЌА ЛИ ГОРАН АНГЕЛОВ НА ЧЕЛО НА „СЛОГА 1934“?

Како што дознаваме,низ Виница на големо се зборува дека некогашниот градоначалник на Општина Виница и Претседател на „Слога“, Горан Ангелов се враќа на чело на второлигашот од Виница. „Слога 1934“ иако во изминатото првенство долго време се наоѓаше на челната позиција во Втора Фудбалска Лига – Исток, на крајот на првенството го заврши на третата…

СПРОВЕДЕН СИНОЌЕШНИОТ ТРЕТМАН ОД ЗЕМЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ

Синоќа, 27 јуни 2022 година беше спроведена превентивната терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани. Од 19 ч. до 1 часот по полноќ се изврши прскање против комарци од земја на површина од 300 хектари на подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третманот против комарци…

СВР ШТИП: С О О П Ш Т Е Н И Е

По настанувањето на последните значителнио повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат во голема мерка се зголемија и потецијалните оопасности за избувнување пожари и фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите Затоа, Секторот за внатрешни работи Штип, апелира до граѓаните од општините на подрачјето…