All Posts By Славчо Ивановски

ЈОВАН МАНЕВ ДЕБИТИРАШЕ СО ПОБЕДА ВО ПРВИОТ СОСТАВ НА „АДАНА ДЕМИРСПОР“

Јован Манев беше стартер во приод состав на „Адана Демирспор“ на денешниот Куп натпревар против екипата на „Адијаман“. Деби натпреварот во првиот состав на Манев му донесе радост бидејќи неговиот клуб славеше со 5:0 (1:0). Му посакуваме на ова скромно момче но голем работник и борец на теренот да продолжи со работа и набргу да…

СО НЕШТО УБАВО ДА ГО ЗАБЕЛЕЖИМЕ ДЕНОТ

Во следните фотографии нема ништо што ќе повреди некои партиски доживотни потрчковци или некои кои цел живот се кријат зад вистината. Гулабите навистина го разубавија денот. Иако веќе е втората половина од месец октомври сепак тие и понатака уживаат во речното корито. Ги имаше денес на неколку локации во градот. Добро е што со нешто…

48 САНКЦИИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА КОЧАНИ

Денеска (18.10.2022) во периодот од 11.00 до 15.00 часот на територијата на Кочани спроведена e зајакната контрола за санкционирање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата, при што санционирани се 48 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат…

ГОСПОДА, И ОВА Е ДЕЛ ОД КОЧАНИ

Овој пат решивме да не објавуваме никаков текст во прилог на фотографиите се со цел да не создаваме нервоза кај некои функционери и да не им го нарушиме кредибилитетот кој како што велат го имаат пред претпоставените. За да не им ги истргнуваат ушите само би додале, и овие фотографии се дел од Кочани и…

ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – ЗАПОЧНА ИМУНИЗАЦИЈАТА ЗА СЕЗОНСКИОТ ГРИП

Почитувани, Деновиве започнува имунизација за сезонски грип. Вакцинацијата против сезонскиот грип е најефикасна мерка за превенција на грипот, бидејќи ја спречува појавата на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичната група граѓани. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна и е наменета за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со…

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И ОПШТИНА КОЧАНИ

Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Локалната самоуправа на Општина Кочани, Суад Мехмед го потпишаа Колективниот договор на Општина Кочани. Со потпишувањето на овој колективен договор се уредуваат обврските, правата и другите прашања во врска со…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2023 ГОДИНА

Синоќа, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 19 часот се одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година. Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување…

ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – НОВИТЕ КАНЦЕЛАРИИ НА СОЦИОЛОГОТ И ДЕФЕКТОЛОГОТ ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА.

Во употреба е пуштена новата канцеларија на училишниот Социолог, комплетно нов уреден простор за потребите на нашето училиште. Со ова докажуваме дека работиме за интересите и потребите на училиштето на нашите наставници и ученици. Исто така денес во употреба ја пуштивме новата канцеларија на училишниот Дефектолог, простор кој беше користен како остава на непотребни и…

ПАРКИРАЊЕ КОЈ КАДЕ ЌЕ СТИГНЕ, А КАЗНИ НЕМА!

Ова е нашето секојдневие. Каде нема знаци можеби и не е исправно да се изрекуваат казни, но онаму каде што некој ги поставил сообраќајните знаци а учесниците во сообраќајот не ги почитуваат,  тогаш казни мора да има. Ова е од денес, паркирање според сите сообраќајни „прописи“ на само 5-6 метри од зградата на Локалната Самоуправа….

КОНКУРС ЗА ОБУКА НА ЖЕНИ ЗА БРЕНДИРАЊЕ, ПАКУВАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

До крајот на годината, Општина Кочани во соработка со Фондацијата ЦЕЕД Македонија, ќе ја реализира последната од серијата тематски обуки за економско јакнење на жените. На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обука на жени за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи. Во дводневната онлајн обука ќе бидат опфатени 20 жени кои…