All Posts By Славчо Ивановски

НА 28 НОЕМВРИ, ОТЧЕТ – ЕДНА ГОДИНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

Се известуваат сите граѓани на Општина Кочани дека в понеделник, 28.11.2022 година во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи настан Отчет на Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов по повод една година од мандатот на Градоначалникот. Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот. Општина  Кочани

РЕАКЦИЈА: „НОВАТА УЛИЦА „ЈОРДАН ЗАФИРОВ“ БЕЗ ОДВОД НА АТМОСФЕРСКА ВОДА

„На новоизградената улица Јордан Зафиров нема поставено ниту една атмосферска решетка за одвод на атмосферската вода, туку некое измислено решение со поместување на дел од ивичњаците. После секој дожд улицата е поплавена ша тешко е за поминување со возила  а за пешаци и да не зборуваме“, така гласи реакцијата што ја добивме од наши сограѓани…

МАЈКА ПРИЈАВИЛА ДЕКА МАЛОЛЕТНИОТ СИН И ГО НАПДНАЛЕ ТРИ ЛИЦА

На 23.11.2022 во Полициска станица Кочани, А.С.(42) од Кочани пријавила дека околу 12.30 часот во трговски центар во Кочани нејзиниот малолетн син бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

ОПШТИНА КОЧАНИ ОРГАНИЗИРА „НОВОГОДИШЕН БАЗАР“

Во време на одржувањето на Новогодишните и Божиќните празници Општина Кочани организира „Новогодишен базар“. Локација ќе биде платото на „Паркот на Револуцијата“ а периодот во кој ќе треба да се организира е 23.12.2022 година до 08.01.2023 година. По тој повод објавен е Оглас за негово организирање преку Јавно надавање. О Г Л А С за…

ОДРЖАНА ГРАЃАНСКА ТРИБИНА НА СДСМ ВО КОЧАНИ, „СИЛНО И ОДЛУЧНО КОН ИДНИНАТА“

Под мотото  „Силно и одлучно кон иднината“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Кочани одржа централна трибина за граѓаните. На трибината присуствуваше претседателот на СДСМ и премиер на Р. Македонија, Димитар Ковачевски, високо партиско раководство на СДСМ, министри од Владата и граѓани. Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски дискутираше за мерките и политиките на СДСМ…

НА МЕГДАНОТ ФАТЕНО ЛИЦЕ ПРИ БЕСПРАВНА СЕЧА НА ОГРЕВНО ДРВО

На 22.11.2022 во 18.00 часот на место викано „Мегдан“, атар на Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го затекнале С.П.(30) од Кочани при бесправна сеча на огревно дрво. Дрвната маса и една рачна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни…

РЕЗУЛТАТИ НА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ за време на викендот имаа настапи во четири категории кои одиграа пет натпревари на кои забележаа три победи и два порази. М-14  „Спорт Тим“ – „Баскет Дино Деликатес“  35:54 М-16  „Баскет Дино Деликатес“ – „Работнички“  49:96 М-18  „Водно санс 2“ – „Баскет Дино Деликатес“  70:105 „Баскет Дино Деликатес“ – „Баскет…

НАЈАВА – КНИЖЕВЕН ПОРТРЕТ НА АВТОРОТ АНА ДЕДОВА

По повод 25 години творештво за утре (Четврток) со почеток во 14:00 часот во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани закажана е промоција на книжевен портрет на авторот Ана Дедова. М-р Љубинка Ајтовска е Промотор а Аника Илиевска – Ѓорѓиева Модератор. Место на одржување на настанот е Мултикултурниот Центар – Кочани. С. Ивановски

И ПО ТРЕТИОТ ДЕН – БЕЗ ПРОМЕНИ

Помина и третиот ден, а сликата иста, непроменета. Сметот стои на платото ама немакој да го собере, Ова е тридневната слика на платото кај Блок А во Градскиот трговски центар, непосредно пред „печурката“ на Атом. Од неделата па наваму постои надеж дека одговорните за хигиената во градот ќе дојдат и ќе го соберат она што…

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА РЕВИЗИЈА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СЕЛО МОЈАНЦИ

Денеска во салата за состаноци на Општина Кочани се одржа работен состанок за ревизија на работењето на веќе спроведениот проект за Пречистителната станица во село Мојанци, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО. Состанокот беше одржан помеѓу градоначалникот на Општина Кочани и Françoise Salamé-Guex, СЕКО, Станислава Додева и Carmen Thönissen, Швајцарска амбасада, како…