All Posts By Славчо Ивановски

ОБУКА НА ОПШТИНСКИОТ ТИМ ЗА ПОПИШУВАЊЕ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска одржа обука за граѓани на Кочани што се пријавиле да учествуваат во ажурирањето на базата на данокот на имот во општина Кочани. Според  Ирина Поцкова, консултантка на Проектот на УСАИД, целта на обуката е учесниците да се запознаат со Законот за данок на…

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „ДАНИЕЛ СТЕФАНОВ“ ВО ДОЛНИ ПОДЛОГ

Во тек е асфалтирањето на улицата „Даниел Стефанов“ во селото Долни Подлог. Вкупната должина на улицата е 370 м, а ширината е од 3 до 4 метри. На делови од улицата се поставени два цевковода за канализирање на површинската вода. Изведувач на работите е градежната фирма „Коле транс“, а за изградбата на оваа улица се…

ВО ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – КОЧАНИ, ПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ 11 ОКТОМВРИ

Во ЈОУ Библиотека ,,Искра” во соработка со Локална Библиотека ,,Гоце Делчев” – Велес и ЛУ ,,Народен Музеј”-Велес одбележан 11 Октомври-Ден на народното востание на македонскиот народ. Присутните добија историски и литературен осврт поврзан со востанието, Виш кустос Марин Клифов даде историски осврт на народното востание, директорката Снежана Бошевска преку видео презентација ни претстави дел од…

ВО ПРЕСРЕТ НА 26. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА МЕДОТ – КОЧАНИ 2023“

Во организација на Пчеларско Здружението  „Матица“ – Кочани, „градот на оризот“ во периодот од 21-22 Октомври оваа година ќе биде домаќин на 26. издание на манифестацијата „Денови на медот  Кочани 2023“. Дознаваме дека учеството засега го имаат потврдено 15 излагачи од речиси цела Македонија, (Кочани, Штип, Виница, Пехчево, Пробиштип, Куманово, Битола, Охрид…..) кои во планираните…

СЕ ГРАДИ ПРИСТАПЕН ПАТ ВО МЕСНОСТА „ЦАЦКОВ БУНАР“

Во месноста викана Цацков Бунар, во тек е пробивање и тампонирање на пристапен пат со кој за жителите и стопанствениците од тој дел на општината се обезбедува сообраќајна врска со експресниот пат Кочани – Крупиште – Штип. Според проектот, пристапниот пат е со должина од 425 м и ширина од 4 м. Изведувач на работите…

БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ – НАЈАВА НА НАСТАН ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 11 ОКТОМВРИ

На 10 октомври 2023 година (вторник), во 12 часот, во ЈОУ Библиотека „Искра“, ќе се реализира настан по повод 11 Октомври-Ден  на народното востание на македонскиот народ. Во соработка со ЛУ „Народен музеј“ – Велес и Локална Библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, ќе биде поставена фото-изложба со фотографии од НОБ, презентација ма македонски автори, кои…

НАЈАВА ЗА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ДА СЕ УБИЕ, СЕБЕ ВО СЕБЕ“ ОД АВТОРОТ ДОНЕ ДОНЕВ

Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани за Вторник (10 Октомври) со почеток во 18:00 часот најавена е промоција на книгата „Да се убие, себе во себе“ чиј автор е Доне Донев. Водител на настанот е м-р Љупка Стојменова а како учесници во промоцијата ќе се појават проф. д-р Марија Соколова, м-р Љубинка Ајтовска…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СО НОВИ ТРИ БОДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА

Девојчињата на „Кочани“  со нови три бода освоени во Велес се враќаат дома. Четата на тренерот Оливер Јовановски и после четвртото коло останува на делба на првото место со максимален број на освоени бодови. Во натпревар на некогашните шампиони во Велес „Кочани“ со головите на Андреа Донева 12’ 69’, Симона Веселинова 15’, Јасна Златкова 29’,…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОРАЗ НА „СЛОГА 1934“ ВО БОГДАНЦИ

Се одиграа натпреварите од 4-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.  На три натпревари славеа домаќините а еден натпревар заврши без победник. Дербито на колото се одигра во Богданци а домаќинот „Вардарски“  еден од кандидатите за највисок пласман ја совлада „Слога 1934“ и й го нанесе и вториот пораз во досегашниот тек на првенството….

СПАСУВАЧКИ ТИМ ОД САЕ ТИГАР И ХЕЛИКОПТЕРСКАТА ЕДИНИЦА НА МВР СПАСИ ПОВРЕДЕН ПЛАНИНАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ

Денеска (07.10.2023) околу 17 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини, откако во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи. Веднаш по добиената…