All Posts By Славчо Ивановски

ЗАТРУПАНИТЕ ОДВОДИ ЗА ВОДА ЕДЕН ОД ПРОБЛЕМИТЕ НА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

Дождовите кои продолжуваат во континуитет овие два месеци уште еднаш го отворија проблемот на дел од улицата „Димитар Влахов“ веднаш спроти дуќанот „Штил“. Имено пред две години овде се изведуваа одредено градежни активности но тогаш едноставно се затрупаа одводите за вода па сега кога има дожд луѓето кои минуваат на овој потег а и самите…

НОВ ВАНДАЛИЗАМ НА ОНИЕ БЕЗ ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ

Убаво уредениот детски парк во Белското маало веднаш до улицата „1-ви Мај“ беше мета на лица кои немаат ниту ронка домашно воспитување, туку се пуштени како „стока од аргач“ да хараат по градот и под дејство на алкохол, или некоја друга супстанца да го уништуваат сето она кое на сите нам ни припаѓа. Жителите на…

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „БРАЌА СТАВРЕВИ“

Во тек е асфалтирањето на реконструираната улица „Браќа Ставреви“, со вкупната должина од 326 метри и ширина од 6 метри. Проектот за реконструкција е целосно финансиран од Буџетот на Општина Кочани. Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“.  Општина  Кпани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ИЗВРШЕНО ПРВОТО АВИОНСКО ТРЕТИРАЊЕ НА КОМАРЦИ ВО КОЧАНИ

Денеска, во раните утрински часови беше спроведено првото авионско третирање против комарци во Кочани. Авиотретирањето го извршија стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово, користејќи еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен од Бирото за лекови. Со денешното авиотретирање беа опфатени површините во градското подрачје на Кочани…

ПРЕТРЕС ВО КОЧАНИ, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ПРИВЕДЕН ДИЛЕР

На 20.06.2023 во 15.45 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.А.(22) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, семки од растението канабис и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде…

ПРИВЕДЕНИ ДИВОКРАДЦИ ВО КОЧАНСКО

На 20.06.2023 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода К.Х.(26), М.Т.(18), Н.Н.(24), Н.Н.(23), З.Н.(40) и еден малолетник, сите од Кочани. Кај место викано „Бочвенец“ во атар на с.Полаки, кочанско, тие биле затекнати при вршење кражба на дрва од туѓа шума и притоа биле пронајдени 48 исечени стебла на огревни дабови дрва. На местото…

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕСТВО ВО ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ 2023

Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на фудбалските екипи до понеделник, 26 јуни 2023 година, кога ќе се одржи и ждребувањето за утврдување на распоредот на екипите учеснички на турнирот. Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на сметката на ОФС Кочани…

АПЕЛ: ДА СЕ ГРИЖИМЕ СИТЕ ЗА ХИГИЕНАТА ВО ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА

На детските игралишта во Кочани е регистрирана честа појава на негрижливо, несовесно однесување. Кон просторот наменет за забава на најмладите, посебно неодговорно однесување  е забележано од страна на возрасните, со остатоците од храна, грицки и пакувањата од пијалаци. Надлежните служби од Општина Кочани повикуваат сите да придонесеме за хигиената во детските игралишта. Загрижувачка е и…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СИНОХИДРО

Синохидро корпорешн лимитед, ја известува јавноста дека поради изведување градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање и асфалтирање на потегот од Соколарци до Спанчево и обратно, патот времено е затворен за сите видови возила. Доколку работите се одвиваат според планираното, се очекува тој да биде отворен за употреба околу 17 часот. Се повикуваат учесниците…

БЕТОНИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ И ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАРИ

Продолжуваат работите за уредување на јавните површини во општина Кочани. Избраните изведувачи работат на бетонирање на крак од улицата „Пролетерски бригади“ и поставување бехатон плочки на делови од тротоари на улиците „Први мај“, „11 Октомври“ и „Мородвиска епископија“. Деновиве заврши и преуредувањето на тротоарот од левата страна на „Кеј на Револуцијата“, на потегот од ТТК…