ОШТЕТЕНО НАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ „СИВИ ДОМ“, НА ПОТЕГ СЕ СОВЕТНИЦИТЕ
Нов вандализам на „ноќните птици“ кои речиси секојдневно ги уништуваат заедничките добра. Овие фотографии се од наменското игралиште кај „Сиви дом“ на кој само еден (и тоа оштетен) стои обрачот на кошаркарските табли додека другите два се извадени а едниот е посебна приказна, таблата е во распаѓање. И сето тоа за да се повторно стави…
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРОТ НА ООУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“
Директорот на ООУ „Малина Попиванова“ од Кочани Благој Петров на денешната прес конференција ги најави претстојните активности на училлиштето. Го најави Базарот на можности, што ќе се одржи на 7 март, ден пред Меѓународниот ден на жената. Во оваа активност, односно во изработка на ракотворбите што ќе бидат изложени на продажба, се вклучени учениците, нивни…
ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ
Општина Кочани објави оглас за организирање Велигденски хепенинг, по пат на јавно наддавање. Велигденскиот хепенинг ќе се одржи во Градскиот парк во Кочани во периодот од 07.04.2023 до 18.04.2023 година. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 15.000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање од минимум 2.000,00 ден. Јавното наддавање ќе се спроведе на 07.03.2023…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК ПРОДОЛЖУВА СО ДВЕ ЕКИПИ ПОМАЛКУ?
Во Недела на програмата се натпреварите 12-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Но како што стојат работите пролетниот дел ќе се одигра со две екипи помалку отколку што беа во изминатите единаесет кола. Од седиштето на Трета Фудбалска Лига – Исток ни потврдија дека екипата на „Победа“ од Валандово поради лошата финансиска состојба…
ВРЕЌАТА СО СМЕТ ЕКСПРЕСНО ОТСТРАНЕТА ОД ГТЦ
По се изгледа беше потребно да биде објавено па да вреќата со смет која повеќе од два месеци го „красеше“ Градскиот Трговски Центар во Кочани биде отстранета. Уште во претпладневните часови вреќата ја немаше па минувачите на кои им „сметаше“ сега слободно се движеа по патеката. Дали е потребно постојано да се укажува на вакви…
ЕДНОДНЕВЕН ОСМОМАРТОВСКИ САЕМ ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“
На 6 март (понеделник),по повод Меѓународниот ден на жената, ЈОУ библиотека „Искра“, организира еднодневен Осмомартовски саем на книги на Издавачката куќа „Сакам книги“. Повелете, Ве очекуваме, со вашите посакувани наслови и саемски цени. Книгата е секогаш изненадување, убав и уникатен подарок за секоја жена.
ПЛАНИРАНИ ПРРЕКИНИ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА 02.03.2023 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК)
За Четврток (02.03.2023 година) во Општина Кочани прекини во снабдувањето со електрична енергија во периодот од: 09:00 – 11:00 часот: станбена зграда на улица „Григор Прличев“ и конфекција „Маестрал“. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
И ПО ДВА МЕСЕЦИ ВРЕЌАТА СО СМЕТ ВО ГТЦ СТОИ, И НИКОЈ НЕ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА ТОА
И по повеќе од два месеци вреѓата полна со песок и шут стои на патеката за лицата со посебни потреби во Градскиот трговски Центар, и ничиј не му е гајле за тоа. Минувачите само ќе се поместат ќе заобиколат и ќе поминат а од надлежните иако постојано има гости по кафулињата никој ниту да информира…
ВО КОЧАНИ ИЗБУВНАЛ ПОЖАР ВО КУЌА, ПОВРЕДЕНИ НЕМА
На 27.02.2023 во 11.20 часот во ОВР Кочани било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул. „Искра“ во Кочани, во која живеел З.И.(54) кој имал здравствени проблеми. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани. За случајот бил запознаен…
ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, РЕАКЦИЈА НА ДЕМАНТОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО
Почитувани граѓани, остро го осудуваме демантот на градоначалникот на Чешиново-Облешево Далибор Ангелов за случајот со пречистителната станица во с.Кучичино. Доколку е пријавен случајот на надлежните институции зошто немало противпожарно возило на местото на пожарот? Зошто нема записник во полициската станица? До кога ВМРО ДПМНЕ и Далибор Ангелов ќе ја лажат јавноста и ќе глумат лажна …