ДВАЈЦА КОЧАНЧАНИ ПРИЈАВИЛЕ НАПАД ВО ШУТО ОРИЗАРИ
На 15.05.2022 во Полициската станица Шуто Оризари, И.Ш.(22) од Кочани пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари заедно со неговиот брат биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗВОР: Дневни билтени на МВР
ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА СТОЛЕ ЕФТИМОВ ВО ТИРАНА
Столе Ефтимов како член на Македонската репрезентација во борење го освои златниот медал на Меѓународниот турнир во борење „Мухамед Мало“ кој од 12 до 15 овој месец се одржа во Тирана (Албанија). Ефтимов првото место го освои во категоријата на борачи до 97 килограми. Тој имаше три борби и исто толку победи. Во првата борба…
ДВЕ МЕДАЛИ ЗА КК „ПАРТИЗАН“ НА „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2022“
Тројцата членови на Карате Клуб „Партизан“ се вратија со две медали од Традиционалниот Меѓународен Карате турнир „Солидарност Опен 2022“ кој по 20-ти пат го организираше карате Федерацијата на Република Северна Македонија со техничка организација ма карате Клуб „Солидарност“. Во една мошне силна конкуренција со настап на повеќе од 600 каратисти од Србија, Бугарија, Косово и…
КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЌЕ ИГРААТ МАЈСТОРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
Кошаркарите на „Баскет Дино деликатес“ од Кочани успеаја да ги совладаат своите противници и во М-16 лигата и во М-18 лигата, го израмнија резултатот и сега во двете конкуренции ќе играат „мајсторки“ за да ги продолжат натпреварувањата. М-16 1/8 финале Кошаркарска лига „Баскет Дино Деликатес“–„Гостивар“ 69:62 (14:11, 24:21, 22:6, 9:24). Младите кошаркари на „Баскет Дино…
ТРАДИЦИОНАЛЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР „УЧЕНИЦИ ПРОТИВ ПРОФЕСОРИ“
Во Вторник (17.05.2022 година) со почеток во 19:30 часот во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани во организација на младинските организации „Интеракт“ и “Единство“ ќе се одигра традиционалниот кошаркарски натпревар „Ученици против професори“ од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. Организаторите со погрижија да освен кошарка има други интересни содржини како што се најсилна рака…
ОСУМ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“
Во организација на Карате Федерацијата на Република Северна Македонија а со техничка организација на Карате Клуб „Солидарност“, денес во Скопје се одржа Дваесеттото издание на Меѓународниот Карате Турнир „Солидарност опен 2022“.. Карате Клубот „Кочани“ на првенството учествуваше со 10 свои натпреварувачи кои освоија 8 медали од кои 1 златен и 7 бронзени. На својот прв…
ВРАЧЕНИ ШАМПИОНСКИТЕ ПЕХАРИ НА ПИОНЕРИТЕ И ПОМЛАДИТЕ ПИОНЕРИ НА ГФК „ОСОГОВО“
Дејан Боневски, член на комисијата за млади категории при ФФМ денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани им ги врачи Шампионските пехари на капитените од категориите „пионери“ и „помлади пионер“ на ГФК „Осогово“. Честитајќи им ги првите места во третата младинска лига, Боневски им посака на младите играчи да продолжат да играат фудбал и да…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ПОБЕДА“ – ШАМПИОН, „БЕЛАСИЦА“ ВО БАРАЖОТ, „ОСОГОВО“ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК
Со одигрување на натпреварите од 27 коло се спушти завесата на годинашното првенство во Втора Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ иако победи на гостувањето кај „Братство“ сепак е најголемиот губитник бидејќи резултатите во Радовиш и Пехчево не беа по мерка на „жетварите“. Тоше Манов постигна четири гола (40’; 48’ 60’ 88’) па извештајот од овој…
ПЕШАЧЕЊЕТО Е ЗДРАВЈЕ – ОПШТИНА КОЧАНИ И ИЗВИДНИЧКИОТ ОДРЕД „ЛАСТОВИЦА“ РЕАЛИЗИРАА ПРОШЕТКА ДО ГОЦЕВА ШУМА
Во организација на Општина Кочани и Извидничкиот одред „Ластовица“, под мотото Пешачењето е здравје, утрово беше реализирана рекреативна прошетка до излетничкото место Гоцева Шума, на патот кон езерото Гратче. Во прошетката се вклучија претставници на Здружението за борба против рак на дојка и сите други видови рак „Борка – за секој нов ден“, членови на …
ЛМС И ЦРВЕН КРСТ КОЧАНИ – ЗАЕДНИЧКА ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ПРВА ПОМОШ
ЛМС – Кочани и Црвен крст реализираа показна вежба за укажување на прва помош за младата популација Локалниот младински Совет на Општина Кочани во соработка со волонтерите од Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска во Градскиот парк во Кочани реализираа показна вежба за укажување на прва помош. На вежбата присуствуваа ученици од основните…