РЕАКЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВО ВРСКА СО ВЧЕРАШНАТА ОБЈАВА ОД СДСМ КОЧАНИ
Почитувани сограѓани, Како градоначалник на овој град, со оглед на мојата одговорна и чесна работа, преку отчетот за првите 100 дена ги информирав партиските челници, граѓаните и целата македонска јавност која можеше настанот да го следи со директен пренос во живо. За информирање на јавноста, изборите завршија на 31.10.2021 година и тогаш беа поразени политиките…
РАБОТНА СРЕДБА СО ГЕНЕРАЛНИОТ И ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈАТА „МЕРИСТЕМ ТОБИ“
Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов беше одржана работна средба со Гунтер Капраун, генерален директор и Кабир Бариов, извршен директор на компанијата „Меристем Тоби“ во Кочани. Одржаната средба беше со цел размена на искуства и разговор за идна можна соработка, како и информирање и промовирање на бизнис плановите на компанијата, со…
ЏК „ГЛАДИЈАТОР“ СО НОВ ЧЛЕН ВО СЕМЕЈСТВОТО
Од денес натаму во семејството на Гладијатор Кочани имаме нов член кој веќе и го одработи првиот тренинг. Нас ни се приклучи Claudia Cerutti член на Италијанската репрезентација. Claudia ги препозна најдобрите на истокот и дојде се приклучи кај нас. Дуваат нови ветрови тренираме напредуваме со европските вредности. ЏК „Гладијатор“
ДА БИДЕМЕ ДЕЛ ОД СКУРАС КАМП СО ТЕОДОРА ХРИСТОВА
Почитувани родители, драги деца! Ајде заедно да се забавуваме, спортуваме, одмориме и ова лето! Не дозволувајте да ви раскажуваат, бидете дел од СКУРАС камп! Запишете се и резервирајте го своето место на време! Термин: 15-22 јули Контакт: ТЕОДОРА ХРИСТОВА – 077791095
ДО 23 ФЕВРУАРИ Е ОТВОРЕН КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ ЗА СПОРТИСТИ НА КОЧАНИ
Општина Кочани го објави конкурсот за доделување стипендии на спортисти – спортска надеж, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2021 година. Право на стипендија имаат кандидатите кои се жители на општина Кочани, на возраст од 17 до 20 години, кои се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение…
ФИЗИЧКИ НАПАДНАТИ ДВЕ ЖЕНИ, ЕДНАТА ОД СИНОТ, ДРУГАТА ОД СОПРУГОТ
На 15.02.2022 во Полициската станица Кочани бил повикан Т.М.(41) од Кочани бидејќи на 14.02.2022 во близина на семејната куќа во Кочани физички ја нападнал неговата 60- годишна мајка. По комплетирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.02.2022 во 15.30 часот во ОВР-Кочани, 26 – годишна жена од кочанско село пријавила дека…
СООПШТЕНИЕ ОД ОО НА СДСМ КОЧАНИ (16.02.2022 ГОДИНА)
Почитувани сограѓани, Денес сите сме сведоци дека локалната власт во Кочани за 100 дена донесе промени. Дали промените значат развој или уназадување на Кочани, оценете сами. Градоначалникот даваше отчет пред својот лидер, а не пред граѓаните, затоа што само тој може да му поверува за невистините кои беа искажани. Изгледа Градоначалникот ги потцени граѓаните и…
АЛЕКСАНДРА КАМП 2022 ГРЦИЈА – 15.500 ДЕНАРИ (5 РАТИ ФЕВРУАРИ – ЈУНИ)
Почитувани родители, ученици, кампери. Традицијата продолжува. Информирајте се на време, резервирај свое место по промотивна цена. Тоа што било претходните години можете да го видете на Нашата FB страна Alexandra Camp Stip / Александра Камп Штип Инфо: Проф. Димитар Дамески моб: 075 471 521
СООПШТЕНИЕ: „ПЕЈПАР МИЛ“ РАБОТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО А ИНТЕГРАЛНАТА ДОЗВОЛА И ПОД ГРАНИЦИ НА ДОЗВОЛЕНОТО НА РЕЧИСИ СИТЕ ПАРАМЕТРИ
Пејпар Мил ја информира јавноста дека сите мерења на емисиите од фабриката извршени од страна на акредитирана лабораторија во месеците септември, ноември и декември 2021 година, како и Јануари годинава покажуваат вредности на емисии на количество на прав во димните гасови во воздухот до дваесет пати пониски од нормата. И Инспекцијата на Државниот инспекторат за…
ЗАПОЧНАА ПРОТЕСТИТЕ ПРЕД „ПЕЈПАР МИЛ“
Група граѓани се собраа попладнево пред влезот на фабриката „Пејпар Мил“ во Кочани со што уште еднаш го искажаа својот револт поради загадувањето што го прави оџакот на фабриката. Протестот според најавите траеше два часа и од денес почнувајќи па во наредните денови во истиот термин ќе се продолжи се додека менаџерскиот тим на фабриката…