НОВА ПОБЕДА НА „БАСКЕТ ДИНО“ ВО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК
Победоносниот од на кошаркарите на „Баскет Дино“ продолжува и во Трета кошаркарска лига – Исток. Овој пат совладана е екипата „Крива Паланка“ на гостински терен со убедливи шеснаесет поени разлика 63:79. Кочанчани за време на целиот натпревар беа подобри од мотивираната екипа на домаќините за што сведочи и резултатите по четвртини (18:23, 12:18; 17:20; 16:18)….
МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ И ДИРЕКТОРОТ ТАСЕВСКИ НА ЗАЕДНИЧКИ РУЧЕК ДЕЦАТА И СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ПОЛИЦИЈАТА
Денеска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност Сашо Тасевски ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, кадешто имаа заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето. На средбата министерот Спасовски изрази задоволство што…
ЗЛАТО И СРЕБРО ВО ПОЕДИНЕЧНА И ТРЕТО МЕСТО ВО ЕКИПНА КОНКУРЕНЦИЈА ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“
Во салата на ОУ „Коле Нехтенин“ во Штип во организација на Боречката Федерација на Република Северна Македонија и технички организатор БК „Балканец“ се одржа „Државното првенство во слободен стил за момчиња и девојчиња У-23“. Во мошне силна конкуренција борачите на „Спартак“ освоија злато во женска и сребро во машка конкуренција што со преостанатите освоени едно…
ЖИТЕЛИТЕ ОД „КУЛАТА“ НЕ ДЕМАНТИРАА
Неполни 24 часа по објавата дека совеста кај населението почнала да работи кога е во прашање чистата животна средина и дека подземните контејнери се користат како што треба, со само една фотографија ни стигна демант. Имено фотографијата е направена во петокот околу 7 часот и на неа јасно се гледа дека контејнерите не се користени…
СООПШТЕНИЕ ОД ОО НА СДСМ КОЧАНИ
Државата продолжува да се грижи за земјоделците Почитувани сограѓани, Владата на Република Северна Македонија деновиве обезбеди парична помош на сите земјоделци чии посеви беа оштетени од поплавите кои ја зафатија нашата општина во август 2020-та година. Со 224-те поднесени барања се опфатени правни и физички лица чии оштетени градинарски култури опфаќаат површина од над 100…
„СИЛЕКС“ – „ОСОГОВО“, ПОСЛЕДЕН ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР ПРЕД СТАРТОТ НА ПРВЕНСТВОТО
На една седмица пред почетокот на пролетниот дел од првенството во двете Втори фудбалски лиги, екипите на „Силекс“ и „Осогово“ закажаа фудбалски натпревар кој уште за време на подготовките го беа најавиле како генералка (последен од серијата подготвителни натпревари). Натпреварот ќе се одигра во Недела на теренот во Кратово со почеток во 14:00 часот по…
ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „ПОДАРЕТЕ ЉУБОВ, ПОДАДЕТЕ РАКА“
По повод празникот на љубовта „Свети Валентин“ во Недела и Понеделник (13 и 14 Февруари) ќе биде организирана хуманитарна акција под мотото „Подарете љубов, подадете рака“. За таа цел во периодот од 12:00 до 17:00 часот во Градскиот Трговски Центар во Кочани ќе биде поставен продажен штанд на кој ќе бидат изложени предмети кои ја…
БОРБАТА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД СТРАНА НА „ПАЈПЕР МИЛ“ ПРОДОЛЖУВА, НО САМО ПРЕКУ FACEBOOK
Обидот да се организира состанок на кој ќе се избереше група на граѓани која ќе го посетеше раководниот тим на „Пајпер мил“ и преку преговори ќе се изнајдеше заеднички јазик за доброто на сите, пропадна. Како што сме информирани на состанокот кој требаше да биде кај „Атомските згради“ се собраа „загрижени“ граѓани ни повеќе, ни…
МЛАДИНЦИТЕ НА „БРЕГАЛНИЦА“ ОД ШТИП ПОДОБРИ ОД ВТОРОЛИГАШОТ
Второлигашот од Кочани продолжува со подготвителните натпревари. Денес, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани по сончево и пријатно време за игра „Осогово“ и младинската екипа на „Брегалница“ од Штип ги одмерија силите. Младинците на „штипските сини“ беа подобар противник и заслужено го совладаа второлигашот со 3:1 (1:1). Вчерашниот и денешниот натпревар беа добра прилика за…
ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ИЛИ ТУЖБА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ И НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ЗА НАВРЕДА
По упатените навреди на 6-тата седница на Советот на Општина кочани и повторените на нејзиното продолжување, советникот Венко Крстевски избран од група граѓани, упати јавно барање до неговиот колега Васе Алексов од ВМРО ДПМНЕ во кое бара тој јавно да му се извини. Во барањето се вели; „Почитуван, на 6-тата седница на Советот на Општина…