Спорт

ПОМЛАДИТЕ ЕКИПИ НА ГФК „ОСОГОВО“ ПРОДОЛЖУВААТ СО ПОБЕДИ
Екипите на ГФК „Осогово“ во помладите категории продолжуваат со добрите настапи и одлични резултати. Во третото коло во категоријата „Постари пионери“ и „Помлади пионери“ играчите на „Осогово“ забележаа победи и во двете конкуренции и со стопостотен учинок после првите три кола се во горниот дел на табелата. „Осогово“ во саботата како домаќин ги совладаа соодветните…

ВТОРА ТРЕТОЛИГАШКА ПОБЕДА ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО“
Кошаркарите на „Баскет Дино“ продолжуваат со серијата добри натпревари и остварени победи. За време на викендот во рамките на второто коло од Трета Кошаркарска Лига „Баскет Дино“ славеше над добрата екипа на „Спорт Тим“ од Неготино 101: 79 (18:13; 28:28; 28:22; 27:16) со што ја забележа и втората победа во ова натпреварување. Во првите две…

„ОСОГОВО“ ПОТКЛЕКНА ВО ФИНИШОТ
Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток во кое три победи забележаа домашните екипи, еден натпревар заврши без победник а само на еден гостите се радуваа. Во Македонска Каменица се одигра регионалното дерби во кое славеше домаќинот со 2:0 (0:0). И двете екипи одиграа тврд натпревар во кој одлуката падна…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, РЕГИОНАЛНОТО ДЕРБИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток. Во Недела со почеток во 13:00 часот започнуваат натпреварите од 10-тото коло. Регионалното дерби се игра во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ го пречекува „Осогово“. „Рударите“ по двата последователни порази најавува голема борба и освојување на трите бода. И од таборот на „жетварите“ најавуваат поход кон…

ВО САБОТА СТАРТУВА ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ
По многу препирки и неизвесности конечно е донесено решение новоформираната Втора Фудбалска Лига за жени да стартува во Сабота (06.11.2021). Во новоформираната Втора Фудбалска Лига за жени годинава ќе се натпреваруваат 10 екипи, а биејќи почетокот на сезоната доцни, планирано е во есенскиот дел да се одиграат натпреварите до 7-мото коло, а на пролет да…

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА „СЛОГА 1934“ ЗЛАТКО НАСЕВ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА
Златко Насев си поднесе неотповиклива оставка на функцијата Претседател на „Слога 1934“ – Виница. Насев на функцијата стапи кон крајот на месец Март 2018 година кога клубот беше на дното во Трета Фудбалска Лига – Исток. Со тогашниот проект „Слога во Втора лига“ Насев се зафати за работа и за кратко време „Слога 1934“ се…

УСПЕШЕН ПРЕДИЗБОРЕН ВИКЕНД ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО“
Изминатиот викенд беше доста успешен за кошаркарите на „Баскет Дино“ од Кочани. Тие во рамките на 3-тото коло од Трета Македонска Кошаркарска Лига како домаќини ја совладаа на „Крива Паланка“ со резултат 96:65 (25:16; 21:19; 24:16; 26:14). Најефикасен играч кај домаќините беше Филипов со 27 поени (погодени 7 тројки), а потоа следуваат: Илиев со 13,…

ПЕТ МЕДАЛИ ЗА ГИМНАСТИЧАРИТЕ НА КГС „КОЧАНИ“
Во организација на Федерацијата за Гимнастички Спортови на република Северна Македонија, денес во Битола се одржа годинешниот државен натпревар од „А“ лига во машка и женска конкуренција. КГС „Кочани“ настапи со седум натпреварувачи, сите во машка конкуренција и освои пет медали од кои две златни и три сребрени. Со злато се закитија: Матеј Постолов (Помлади…

„ОСОГОВО“ НЕПОРАЗЕНО СЕ ВРАЌА ОД ГЕВГЕЛИЈА
Со одигрувањето на натпреварите од 9-тото коло заврши првиот круг од трикружниот систем во годинешното првенство на Втора Фудбалска Лига – Исток. Фудбалерите на „Осогово“ продолжуваат да ги зарадуваат своите навивачи кога се во прашање натпреварите на гостински терен. Овој пат „жетварите“ освоија бод во Гевгелија но доколку беа поконцентрирани во последната минута од судиското…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, 9-ТО КОЛО (НАЈАВА)
За утре (Сабота) со почеток во 14:00 часот се закажани натпреварите од 9-тото коло од Втора Фудбалска Лига – Исток. Со одигрувањето на 9-тото коло завршува првиот круг од првенството, но не и есенскиот дел за чие официјално завршување ќе се одиграат и додатни шест кола од вториот круг. Екипата на „Осогово“ по двата едноподруго…