Спорт

„ЖЕТВАРИТЕ“ СЕ ИЗВЛЕКОА ВО 88 МИНУТА
Се одиграа натпреварите од 5. коло во Трета Фудбалска Лига – исток во кое на три натпревари славеа домаќините, на еден натпревар победија гостите додека на два немаше победник. Во Кочани „Осогово“ со големи маки ја совлада одличната екипа на „Академија Чешиново-Облешево“. Гостите поведоа во 5’ преку Михаил Јакимов а домаќините речиси без шанса го…

ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“ ПОРАЗЕНИ НА СТАРТОТ НА ПРВЕНСТВОТО
Денес во Скопје во салата „Борис Трајковски“ започна годинешното првенство во Супер и Првата лига од Пингпонгарскиот шампионат. Пингпонгарите на „Кочани“ стартуваа со пораз против екипата на „Телеком Нец“, но самиот податок што се изборија да настапуваат во најелитното пингпонгарско натпреварување во Македонија доволно зборува за упорноста и квалитетот на момчињата од „градот на оризот“….

МЛАДИТЕ БОРАЧИ НА БК „СПАРТАК“ ЗАПОЧНАА СО ЖЕТВА НА МЕДАЛИ
Во организација на Боречкиот Клуб „Борец“ од Велес денес во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се одржа традиционалниот Меѓународен меморијален турнир „Коцев Љубомир – Листон 2022“. Младите борачи на „Спартак“ од Кочани постигнаа извонреден резултат. Настапија со осум борачи кои освоија 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали. Милан Трендов во категоријата до 68…

КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ ДВА ОД ДВА
Во организација на Карате федерацијата на Северна Македонија и Карате Клуб „Металург“, денес се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Никола Грддановски – Нике“. Каратистите на „Кочани“ учествуваа со двајца натпреварувачи и освоија две медали, од кои еден златен и еден бронзен. Наталија Карова во категоријата „јуниорки“ до 48 килограми го освои златниот медал, додека Лука…

ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОПРАВЕН ИСПИТ ЗА „ОСОГОВО“
Во Недела со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ по катастрофалното издание во Градско Балдовци каде загуби од домаќинот „Спартмани“ ја пречекува комшиската екипа на „Академија Чешиново-Облешево“. Факт е дека играчите на „Осогово“ ништо не одиграа во четвртото коло кога загубија со 0:1, факт е дека причина…

СТАРТУВААТ ПИНГПОНГАРСКИТЕ ПРВЕНСТВА, „КОЧАНИ“ ВО СУПЕРЛИГАТА
Во Недела со почеток во 10:00 во салата „Борис Трајковски“ во Скопје започнуваа годинешните натпревари во Супер и Прва Пингопонгарска лига за мажи. Пингпонгарите на Кочани по низа години конечно се најдоа во најелитното друштво во Македонија. Во Недела ќе го имаат својот прв натпревар како супер лигаши. Двојки од 01. коло: „Телеком Нец“ –…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ГИ ПОСЕТИ И ИМ ПОСАКА УСПЕШНА СЕЗОНА НА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО“
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вечерва ги посети кошаркарите на „Баскет Дино“ кои ги одработуваа тренинзите пред почетокот на новата кошаркарска сезона. Од клубот истакнаа дека изминатите денови имале поднесено барање до општината за користење на школскиот автобус на некои релации, за доделени термини во салата на екипи вон нашата општина а ги информирале…

ЌЕ ИМА ЛИ ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ НАТПРЕВАРОТ ОД ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК „СПАРТМАНИ“-„ОСОГОВО“?
Како што дознаваме фудбалскиот натпревар „Спартмани“ – „Осогово“ одигран во рамките на 4-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток ќе има и трето полувреме. Натпреварот заврши со победа на домаќините од 1:0, но кочанчани најавија жалба до организаторот на Трета Фудбалска Лига – Исток, ОФС Кочани за настап кај домаќините на нерегистриран играч. Во…

„СПАРТМАНИ“ ГО НОКАУТИРА „ОСОГОВО“
Екипата на „Осогово“ на која многумина предвреме и ја доделија шампионската титула го претрпе првиот пораз во годинешното првенство. Кочанчани сосема заслужено загубија на „жешкиот терен“ во Градско Балдовце од „Спартмани“ со што ги разочараа своите симпатизери а поради незалагањето и сите од управата на клубот. Домаќините победоносниот погодок го постигнаа во 40’ а стрелец…

ВО НЕДЕЛА, ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК – 04 КОЛО
Во недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 4. коло во Трета Фудбалска Лига – исток. Екипата на „Осогово“ иако пред почетокот на првенството важеше за главен фаворит за освојување на првото место, сепак настапот на гостински терен во второто коло покажа дека и другите екипи се организирани и дека патот за…