Последни вести

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖA 32. РЕДОВНА СЕДНИЦА

Советот на Општина Кочани ја одржа 32. седница, на чиј дневен ред се најдоа 21 точка. Членовите на Советот го верифицираа мандатот на новиот член на Советот Гоце Марков којшто доаѓа на местото на Перо Георгиевски. На дневниот ред се расправаше и беше усвоен извештајот за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион…

ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА УЧИЛИШТЕТО СО „АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА“

Денес, нашето училиште СОУ,,Гошо Викентиев“- Кочани и компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ потпишаа Mеморандум за соработка со Активностите на УСАИД Партнерства за економски раст и Млади кои активно создаваат можности. Овој Меморандум означува продолжување на долгогодишната соработка помеѓу УСАИД, приватниот сектор и образовните институции во насока на развој на работната сила и раст на продуктивноста на…

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 32 КРВНИ ЕДИНИЦИ

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 32 крводарител од кои 10 до 30 годишна возраст. Акцијата е 13–та по ред што…

ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ГЕРЕРАЦИЈАТА 2019-2023 ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ

Како и секоја учебна година така и оваа во СОУ „Љупчо Сантов“ на крајот на годината ги наградуваме најуспешните ученици кои постигнале континуирано одличен успех во сите четири години и врвни резултати на натпревари. За првенец на генерацијата 2019-2023 е избрана ученичката Мери Манасиева од 4-6 паралелка за постигнат најдобар успех и поведение. Во знак…

ПРЕВЕНТИВНА АКТИВНОСТ НА ПС КОЧАНИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

Вчера (30.08.) на подрачјето на Полициската станица Кочани полициски службеници од оваа организациона единица при СВР Штип, заедно со припадници на Шумската полиција на повеќе излетнички места (Плачковица, брана „Речани“, месностите „Дабо“, „Мегдано“ и „Пресечена скала“) постапувајќи согласно оперативниот план „Безбедно лето 2023“ реализираа превентивни активности од областа на заштита на шумите и шумските предели…

ЗЛАТКО НИКОЛОВ ГО ОСВОИ „CHUPINO TRAIL 2023“

Во саботата Виница беше домаќин на 4-тата трка „Chupino trail“. Се трчаше на 32 километри и на 16 километри а стартот и целта беа во „Градскиот парк“. Забележителен настап имаа претставниците од Кочани, а секако импресивен беше настапот на Златко Николов кој во трката на 32 километри со висинска разлика од 1.600 метри и истрчано…

СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА „БЕЗБЕДНО ЛЕТО 2023“ НА ПОДРАЧЈЕТО ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА ПС КОЧАНИ

Во текот на 28.08. 2023 година, на подрачјето под надлежност на Полициската станица Кочани, односно во селата Јатребник и Пресека, како и во близина на повеќе излетнички места, а во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, полициски службеници спроведоа превентивна активност посветена на заштитата од пожари. Притоа, низ разговори со граѓаните се апелираше за…

НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ПРОГРАМА ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2023

Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани со задоволство ви ја најавува програмата за месец Септември 2023 година *01.09.2023 година- 20 часот- Кино проекција на филмот НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ *02.09.2023 година- 20 часот- Кино проекција на филмот НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ *05.09.2023 година (12.30 часот) – Изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија…

БОГОРОДИЧЕН МЛАДИНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР – ПОЧЕСТИТЕ ЗА ЕКИПАТА ОД ОБЛЕШЕВО

Се одржа традиционалниот 43. Богородичен младински фудбалски турнир на фудбалското игралиште во Долни Подлог. Турнирот траеше од 14 до 28 август, каде учествуваа вкупно 12 фудбалски екипи. По одигрувањето на големото и малото финале се добија екипите кои најмоногу покажаа. Победничкиот пехар го понесе фудбалската екипа на Облешево, додека второто место и припадна на екипата…

ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ – АКТИВНОСТИ ВО ЦРНА ГОРА

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал Коло Без Граница во Тиват, Црна Гора, како и минатата година и оваа година единствени претставници од Македонија. За време на фестивалот ги имаше следните активности: – 24-ти август: дефиле и настап во Порто Монетенегро, слободно време за…