Последни вести

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ИЛИНДЕН ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод големиот македонски празник Илинден – Денот на Републиката, кога се одбележуваат 119 години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните. „Од мое име и од името на Општина Кочани ви го честитам Илинден и посакувам тој да остане светилник и патоказ на нашата истрајност и…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“ – „АКАДЕМИЈА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО“ Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ

Гол шоуто на Марио Благојевски беше доволно да се декласира екипата на „Карбинци“ во вториот полуфинален натпревар и „Академија Чешиново-Облешево“ да се провира во вториот финалист од годинешниот фудбалски турнир „Чешиново 2022“ кој се игра во склоп на Илинденските Спортски Игри. „Академците“ фуриозно го започнаа натпреварот и веќе по првото полувреме благодарение на хет-трикот на…

УБАВА ВЕСТ – ПО НЕПОЛНИ ДВА ЧАСА ОД ОБЈАВАТА СЕ ЈАВИЛ СОПСТВЕНИКОТ НА ЗАГУБЕНИТЕ ПАРИ

По неполни два часа од објавата на нашиот портал дека наш сограѓанин нашол изгубени пари кај еден од банкоматите на „Тутунска банка“ се јави Миле Јанев човекот што ги нашол парите и не информираше дека лицето кое ги загубило парите му се јавило на  објавениот телефонскиот број. Му кажал кое време, каде и колку била…

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Во синоќешните часови на банкомат во „Тутунска банка“ во Кочани наш сограѓанин нашол одредена сума на пари. Оној што ги загубил парите може да воспостави контакт на телефонскиот број:  077-561-750. Добро е што уште има чесни луѓе.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА НА ТРИДНЕВЕН КАМП ВО КОЧАНИ

Репрезентацијата на Македонија во борење во женска конкуренција е на тридневен камп во Кочани. Дваесет девојчиња со тренерите Чедо Николовски и Ангел Стефанов се сместени во Хотел „Аледар“ а тренинзите од 10:00 и 18:00 часот ги  реализираат во салата на БК „Спартак“. За што поуспешна реализација на овој мини камп кој се одржува од 29.07…

ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ЕКИПАТА НА „СОКОЛАРЦИ“ ПРВ ФИНАЛИСТ

Екипата на „Соколарци“ е првиот финалист на годинешните Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2022“, откако денес во еден мошне добар одигран натпревар заслужено го совладаа минатогодишниот шампион „Чифлик“ со резултат 2:1 (1:0). И двете екипи истрчаа на теренот со желба за победа но играчите на  „Соколарци“ беа тие кои ја диктираа играта. Како плод на таквата…

СЕ ВРШИ ЗАМЕНА НА СТАРИТЕ СЛИВНИ РЕШЕТКИ НА АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА

Почнувајќи од денеска, па се до вторник ќе се врши замена на старите дотраени сливни решетки на атмосферска канализација на улицата „Страшо Ербапче“ и дел од улицата „Димитар Влахов“. Ќе бидат заменети вкупно четири сливни решетки, изработени од моноблок полимер бетон, лиени, со цврста конструкција, со што нема можност за надворешни оштетувања од возилата. Во…

ПОПУЛАРНАТА РЕШЕТКА НА УЛИЦАТА „СТРАШО ЕРБАПЧЕ“ ПРОПАДНА

Полицијата го обезбедува теренот и го насочува сообраќајот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани откако натоварен камион со задните тркала пропадна во неа. Како што сме информирани камионот слегувал кон градот и по се изгледа од преголемата тежина решетката попуштила и е направена штета. На самото место се излезени екипи кои го испитуваат овој инцидент….

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ РАБОТНИ АКТИВНОСТИ И АСФАЛТИРАЊЕ НА КРУЖЕН ТЕК КАЈ „НАЦИОНАЛ“

Почитувани учесници во сообраќајот, Ве известуваме дека денеска, 29.07.2022год. во тек се завршните работни активности за асфалтирање на кружниот тек кај „Национал“ Кочани. Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот, намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост, по можност користење…

ПОВЕЌЕГОДИШНИ ПРОБЛЕМИ СО УЛИЦАТА „4 МАКЕДОНСКА БРИГАДА“

Невремето проследено со големи количини врнежи на дожд што се случија во неделата и сношти (Среда) покажаа многу недостатоци кои најповеќе се видливи на веќе изградените и асфалтирани улици. Секојдневно ни пристигнуваат фотографии и дописи од жители на соодветните улици. Една од тие е и 4 Македонска бригада во Кочани. Еве на што се жалат…