Последни вести
„ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ“ ВО ДВОРОТ НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА.
„Детското игралиште“ како дел од заедничкиот прокет на ООУ „Никола Карев“ – Кочани и Ротари клуб „Кочани-Виница“ денес кога училиштето го слави својот патронен празник и официјално беше пуштено во употреба. „Денеска официјално во употреба го пуштивме Детското игралиште во нашето училиште. Ова детско игралиште е дел од заедничкиот проект со Ротари клубот Кочани-Виница во…
ДЕЛЕГАЦИИ МУ СЕ ПОКЛОНИЈА НА СПОМЕНИКОТ НА НИКОЛА КАРЕВ ВО СВИЛАНОВО
Денес се навршуваат 118 години од смртта на Никола Карев еден од најголемите Македонски револуционери. По тој повод делегации од Општина Кочани, од ООУ „Никола Карев“ од Кочани, Сојузот на борците од НОВ и од Извидничкиот одред „Ластовица“ положија свежо цвеќе на споменикот во м.в. Свиланово во близина на селото Рајчани со што уште еднаш…
ОДБЕЛЕЖАНА 118-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НИКОЛА КАРЕВ
Со свечена академија на ООУ „Никола Карев“ и полагање свежо цвеќе на спомениците, вчера и денеска беше одбележана 118-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев. Општински делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата, кај селото Тркање и во Спомен-паркот во Свиланово. Претставници на Извидничкиот…
АПРИЛСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната априлска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 48 крводарители од кои 4 првократни и 10 млади дарители до 30 годишна возраст….
КОНЦЕРТОТ „НИЗ ТРАДИЦИЈАТА“ ГИ ВООДУШЕВИ ПРИСУТНИТЕ
Во склоп на манифестацијата „Музичка среда“ синоќа во малата сала на „Мултикултурниот центар“ во Кочани учениците и наставниците од ООМУ „Ристо Јуруков“ одржаа концерт насловен како „Низ традицијата“. Инаку ова е првиот од неколкуте планирани концерти од манифестацијата „Музичка среда“ чие одржување ќе се случи во месеците Април и Мај годинава. Вечерашниот концерт беше посветен…
ЗАПОЧНА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ
Со пригодна културно забавна програма во режија на училишниот хор и оркестар, ритмички точки и драматизација вечерва во спортската сала на училиштето започна чествувањето на патрониот празник и одбележувањето на 118 годишнината од смртта на претседателот на Крушевската Република Никола Карев. По тој повод на свечената академија, Александар Андов в.д. директор на ООУ „Никола Карев“…
ДВЕ ПРВИ МЕСТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ
Во пресрет на вечерашниот концерт во склоп на настанот „Музичка среда“ а со наслов „Низ традицијата“ убави вести приредија ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани. Имено Макарија Иванова класа наставник Марија Лазарова и Јован Цветанов класа наставник Душан Стојанов ги освоија првите места од ЗМП Полихимниа Скопје. Патем, Макарија Иванова ја освои втората награда…
КОГА ЌЕ СЕ ЗАМЕНАТ ДОТРАЈАНИТЕ МЕРМЕРНИ ПЛОЧИ СО ГРАНИТНИ?
Поминаа две години откако дотрајаните и оштетени плочи во ГТЦ во Кочани се заменија со црни гранитни кои не само што даваат поубав изглед на комплексот ГТЦ, туку и се покажаа дека се подобри од претходните. Од целиот дел на ГТЦ останува уште да се заменат мермерните плочи околу блокот А па да целиот…
ПРЕТСТОИ УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА, ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КОЧАНИ
Денеска, во салата за состаноци на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со директорите и училишните педагози од основните училишта во Кочани во врска со претстојниот упис на првачиња во основните училишта. Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што…
АЛЕКСАНДРА СТОЈАНОВА ПОБЕДНИК НА XXII ИЗДАНИЕ „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“
Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа XXII општински натпревар „Млади библиотекари“ – Кочани 2023 година. Учествуваа 11 натпреварувачи, односно ученици од сите основни училишта во Општина Кочани кои требаше да одговорат на 20 прашања од тестот кој носеше вкупно 100 поени. По прегледувањето на тестовите комисијата во состав: Мара Анастасова –…