Последни вести
ВЕЧЕРВА ОДИГРАНИ ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ ОД ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ
Она што никогаш досега се немаше случено на овој веќе традиционален турнир, се случи вчера, организаторот на барање на некои екипи ги одложи двата натпревара од Петровденскиот турнир во мал фудбал, па вечерва мораше по брза постапка да го тоа надомести и наместо два гледачите вечерва присуствуваа на четири натпревари. Од спортски аспект гледано, вечерва…
ДАРИЈАН ПАВЛЕВ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ У-15 ЗА МОМЧИЊА И ДЕВОЈЧИЊА
Даријан Павлев, моментно еден од најталентираните борачи на „Спартак“ од Кочани, вечерва како член на Македонската репрезентација во борење заминува за Капошбар (Унгарија) каде од 06-09 Јули ќе се одржи Европското првенство во борење У-15 за момчиња и девојчиња. Тренерот на репрезентацијата Мијалче Ангелов ќе се обиде со екипата која брои две девојчиња и осум…
ЗАВРШЕНО АСФАЛТИРАЊЕ И БЕТОНИРАЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ
Завршена е реконструкцијата и асфалтирањето на дел од улиците „Партизанска“ и „Шукри Шаин“ во Кочани. Вкупната површина на новоасфалтираниот дел изнесува околу 1.500 метри квадратни. Изведувач на работите е фирмата „Коле Транс“. Бетониран е и крак на улицата „Пролетерски бригади“ во Кочани и „Крум Врнински“ во Оризари. Изведувач на работите на овие две улици е…
ОПШТИНА КОЧАНИ ЗАПОЧНА СО ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО КОЧАНИ
Општина Кочани давајќи поддршка во однос на спроведувањето на програмските активности и јавните кампањи за подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, ја констатираше потребата од изработка на Стратегија за безбедност во сообраќајот на Кочани. За таа цел, денеска во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа првата средба на работна…
РАБОТНИ АКТИВНОСТИ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА МОЈАНЦИ СО ПОДДРШКА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Месната заедница на село Мојанци, со поддршка на Општина Кочани, деновиве активно работеше на реконструкции неколку локации во с. Мојанци и расчистување и уредување на околината на селото. Меѓу останатите активности, започнати се реконструкции на детскиот парк и поставување стативи на отвореното спортско игралиште. Во периодот којшто следува се предвидува уредување на зелена тротоарска површина…
ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“
Во општина Кочани започна нов проект „Запознај ги убавините на општина Кочани“, кој во наредните дванаесет месеци ќе го имплементира Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани во партнерство со „Здружението на бизнис жени“ – Скопје. Оваа активност се реализира во рамките на „Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е…
КОЧАНСКИОТ ВТОРОЛИГАШ „СПРЕМЕН“ ЗА СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НАСТАП ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Според најавите на управата на кочанскиот второлигаш подготовките за натпреварите во втората фудбалска лига ќе започнат во Среда (05 Јули). И кога би отишол некој на стадионот „Никола Мантов“ сигурно ќе добие впечаток дека кочанчани „спремни“ ќе ги започнат подготовките а со тоа и стартот на првенството. Шегата на страна, стадионот „Никола Мантов“ и неговата…
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ СО ЛИЦАТА ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОГРАМАТА ОКР 2023/2024
Денес во просториите на општинската сала беше остварена средба со која беше означен почетокот на програмата Општинско корисна работа 2023/24 година. Вклучени се вклупно 15 лица на 13 позиции, односно негуватели на лица со попреченост, негуватели во градинка, посредници во Центар за донација и фасилитатор за јакнење на социјален дијалог, додека за образовен и личен…
ЧЛЕНОВИ НА ДПСС „ОСОГОВО“ ОД КОЧАНИ НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО ЌУСТЕНДИЛ
За време на викендот членови на здружението ДПСС „Осогово“ (Доброволно планинска спасителна служба) претстојуваа во работна посета во Ќустендил (Бугарија) кај нивните колеги од ПСС –Ќустендил. За време на посетата беа разменети искуства од досегашното нивно работење а беа анализирани и методи за спасување во планински услови. На средбата домаќините на гостите од Кочани им…
ГОДИНЕШНАТА ГРАН ПРИ НАГРАДА „ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ ЗА ОРКЕСТАРОТ „ОСОГОВСКИ ИЗВОР“ ОД ОРИЗАРИ
На годинешниот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој се одржа во саботата во село Долнени Општина Прилеп, Гран При наградата му беше доделена на оркестарот „Осоговски извор“ од Оризари, Општина Кочани. Оркестарот на изворни инструменти „Осоговски извор” од Оризари, Општина Кочани претставува продолжение на истоимениот оркестар кој се појавува под ова име…
