Последни вести

ПРИВЕДЕНИ ДИЛЕРИ ВО ОБИД ДА ПРОДАДАТ ХЕРОИН ВО КОЧАНИ

На 06.08.2022 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода И.А.(60) и Х.Ш.(62), двајцата од Скопје затоа што биле затекнати при обид да продадат хероин на две лица од Кочани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

ЈОВА МАНЕВ ЌЕ ГО НОСИ БРОЈОТ 15 ВО „АДАНА ДЕМИРСПОР“

Утре (Недела) на програмата се уште три натпревари од фудбалската  Супер лигата на Турција која започна денес со воведни три натпревари. Сепак за нас вниманието го привлекува натпреварот „Гиресунспор“ – „Адана Демирспор“. Имено од ова првенство за екипата на „Адана Демирспор“ настапува и Јован Манев кој преку Кочани и Штип стигна во Адана. Како што…

ИСЧИСТЕН СМЕТОТ ОД ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ НАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО

Минатите денови социјалните мрежи беа вжештени од коментарите на жители од населбата „Трајаново трло“ за сметот што беше насобран околу наменското игралиште. Жителите без совест и срам од овој потег на градот до игралиштето каде треба дечиња да си играат беа создале дива депонија која денес екипа од КЈП „Водовод“ ја исчисти. Сметот се собираше…

ИЗВЕДУВАЧОТ НЕ СИ ЈА ЗАВРШИЛ РАБОТАТА, ТРЕБА ДА СИ ГИ ОТСТРАНИ ГРЕШКИТЕ

Не поминаа ниту два месеци од асфалтирањето на улицата „Гошо Викентиев“ а на најнискиот дел, односно на клучката на улицата „Гошо Викентиев“ со улицата „Тодосија Паунов“ се јавија големи недостатоци. Кога веќе општината му платила на изведувачот редно е тој да дојде и да си ги поправи сите недостатоци. Токму за ова реагираат и дел…

ГОСПОДА, ЕВЕ ВИ ШАНСА ДА ГО ПРОНАЈДЕТЕ СТОРИТЕЛОТ

Утринава тротоарот пред „Мултикултурниот Центар“ во Кочани осамна со нов гостин. Во вечерните или раните утрински часови се погрижил некоја наш „сограѓанин“ да си исчисти она што не му е потребно па веќе употребената машина за перење ја оставил онаму каде и не и местото. Минатиот Совет на Општина Кочани има донесено одлука вакви цврсти…

ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ОЧАЈНА СОСТОЈБА

Што се случува со тениските терени во „ЗОРИК“? е прашањето кое што самите си го поставивме откако изминатите денови при наша посета на базенот видовме она што не можевме никогаш да го замислиме. Иако првичната цел ни беше да се одмориме сепак она што го видовме со тениските терени не разочара па мораше да појдеме…

ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР И ОКОЛИНАТА БЕЗ ВОДА

Градскиот трговски Центар и оконите објекти веќе неколку часови се без капка вода. Дознаваме дека на улицата „Маршал Тито“ веднаш кај „Шопинг центарот“ дошло до дефект на главната водоводна цевка и моментно екипи од КЈП „Водовод“ работат на негово отстранување. Според најавите најпрвин се мислело деке дефектот е мал и дека за час-два вода ќе…

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ИЗВЕДУВАЊЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛИЦИТЕ „НИКОЛА КАРЕВ“ И „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“

Почитувани учесници во сообраќајот, Ве известуваме дека од 05.08.2022 до 08.08.2022 година ќе се врши замена на сливните решетки на улица „Никола Карев“ и улица „Тодосија Паунов“. Со превземање на овие мерки за интервентно одржување и поправка, а во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за…

МЛАДИНСКИТЕ ЕКИПИ НА ГФК „ОСОГОВО“ ГИ ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРВЕНСТВОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА

Младинските екипи на ГФК „Осогово“ ја имаа првата прозивка и ги почнаа подготовките за претстојното првенство. На тренерот Тоде Митев и на неговтe помошници Доминик Тенев и  Сашко Атанасов, на птвата прозивка се пријавија педесетина дечиња од сите возрасни категории. До почетокот на првенствените натпревари во единствената Втора лига, младите фудбалери ќе тренираат на стадионот,…

САМОВОЛИЕТО ПРОДОЛЖУВА

Како што не информира наш читател пред дваесетина минути кај „Градскиот Плоштад“ пред обложувалницата „Моцарт“ фрлено е ова што е на фотографиите. Самоволието на поединци продолжува со забрзано темпо. КЈП „Водовод“ ќе собере и ова, но граѓаните треба да знаат дека за собирање на ваков отпад ќе треба посебно возило затоа и минатиот состав на…