Последни вести
ОДРЖАНА ГРАЃАНСКА ТРИБИНА НА СДСМ ВО КОЧАНИ, „СИЛНО И ОДЛУЧНО КОН ИДНИНАТА“
Под мотото „Силно и одлучно кон иднината“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Кочани одржа централна трибина за граѓаните. На трибината присуствуваше претседателот на СДСМ и премиер на Р. Македонија, Димитар Ковачевски, високо партиско раководство на СДСМ, министри од Владата и граѓани. Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски дискутираше за мерките и политиките на СДСМ…
НА МЕГДАНОТ ФАТЕНО ЛИЦЕ ПРИ БЕСПРАВНА СЕЧА НА ОГРЕВНО ДРВО
На 22.11.2022 во 18.00 часот на место викано „Мегдан“, атар на Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го затекнале С.П.(30) од Кочани при бесправна сеча на огревно дрво. Дрвната маса и една рачна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни…
РЕЗУЛТАТИ НА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ
Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ за време на викендот имаа настапи во четири категории кои одиграа пет натпревари на кои забележаа три победи и два порази. М-14 „Спорт Тим“ – „Баскет Дино Деликатес“ 35:54 М-16 „Баскет Дино Деликатес“ – „Работнички“ 49:96 М-18 „Водно санс 2“ – „Баскет Дино Деликатес“ 70:105 „Баскет Дино Деликатес“ – „Баскет…
НАЈАВА – КНИЖЕВЕН ПОРТРЕТ НА АВТОРОТ АНА ДЕДОВА
По повод 25 години творештво за утре (Четврток) со почеток во 14:00 часот во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани закажана е промоција на книжевен портрет на авторот Ана Дедова. М-р Љубинка Ајтовска е Промотор а Аника Илиевска – Ѓорѓиева Модератор. Место на одржување на настанот е Мултикултурниот Центар – Кочани. С. Ивановски
И ПО ТРЕТИОТ ДЕН – БЕЗ ПРОМЕНИ
Помина и третиот ден, а сликата иста, непроменета. Сметот стои на платото ама немакој да го собере, Ова е тридневната слика на платото кај Блок А во Градскиот трговски центар, непосредно пред „печурката“ на Атом. Од неделата па наваму постои надеж дека одговорните за хигиената во градот ќе дојдат и ќе го соберат она што…
РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА РЕВИЗИЈА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СЕЛО МОЈАНЦИ
Денеска во салата за состаноци на Општина Кочани се одржа работен состанок за ревизија на работењето на веќе спроведениот проект за Пречистителната станица во село Мојанци, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО. Состанокот беше одржан помеѓу градоначалникот на Општина Кочани и Françoise Salamé-Guex, СЕКО, Станислава Додева и Carmen Thönissen, Швајцарска амбасада, како…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОСТВАРЕНА ЗАШТЕДА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Општина Кочани заедно со буџетските корисници (училишта, градинки и библиотека) за месец октомври 2022 година во однос на месец октомври 2021 година има остварена вкупна заштеда од 41%. Имајќи предвид дека во Oпштина Кочани во периодот од 2015-2017 година беше направена замена на постоечките живини со нови ЛЕД светилки, веќе беше постигната континуирана заштеда од…
КОЧАНИ ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛЕН ЖЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ФЕСТИВАЛ
Во организација на Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани а со поддршка на Фудбалската Федерација на Македонија денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, еден од четирите градови во Македонија, под мотото „Ајде на фудбал“ се одржа „Регионален женски фудбалски фестивал“. Шест градови од истокот: Кочани, Виница, Македонска Каменица, Штип, Струмица и Радовиш на фудбалскиот фестивал…
ИЗЛОЖБА „ТОА СУМ САМО ЈАС“
На 24.11.2022 година (Четврток) со почеток во 18:00 часот во НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани во Салон „Фоаје 2“ ќе бидат поставени дела од самостојната изложба на Томислав Димитровски – Томас, насловена „Тоа сум само јас“. Томислав Димитровски ( Томас ) е роден на 08.121974 година во Штип. Има завршено средно текстилно образование смер…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ ЕСЕНСКИ ШАМПИОН
Со одигрувањето на натпреварите од 11-тото коло, се спушти завесата на есенскиот дел од сезоната 2022/2023 во Трета Фудбалска Лига – Исток. Со нерешениот резултат во Струмица „Осогово“ со шест бодови предност ќе го чека стартот на пролетната сезона. Кочанчани денес на гостувањето кај секогаш добрата и инспирирана екипа на „Тиверија“ одигра без голови а…