Последни вести

УЧЕНИЦИ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ТВОЈА ЕВРОПА, ТВОЈ ГЛАС“

Средното општинско училиште “Љупчо Сантов“ од Кочани во периодот од 31 март до 01 април 2022 година, на електронската платформа Zoom, учествуваше на проектната активност “Твоја Европа, твој глас“, која се организира 13-та година по ред. Оваа година учество земаа по едно средно училиште претставник од сите 27 земји членки на Европската Унија и по едно…

ДОЖД НЕМАШЕ, АМА УЧЕНИЦИТЕ ОСТАНАА ВО УЧИЛИШТАТА

„Денот на шегата“ кој децата со голема радост го очекуваа не се реализира како што тие го замислуваа, на отворено, на платото во Градскиот трговски центар и со дефиле низ улиците на градот, туку истиот го прославија во училиштата, во училишните дворови, во салите. Научени во последните две-три декади на едно големо „ЌЕ“, е причината…

ОТВОРЕНИ ИЗЛОЖБИ КАКО ДЕЛ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА – ФЕСТИВАЛ НА ДЕЦАТА, КНИГИТЕ И МУЗИКАТА

Во склоп на манифестацијата „Славење на меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата книгите и музиката“, денес на последниот ден од чествувањето во просториите на Библиотека „Искра“ беа отворени две изложби. Едната изложба беше на творби од корисниците на дневниот центар на лица со интелектуална и…

ГРАД ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАТСКО ПОДРАЧЈЕ

Град во централното градско подрачје почна да паѓа пред некоја минута. Поројниот дожд кој заврна пред петнаесетина минути проследен со грмотевици се претвори во град со големина колку зрно од грав. Но како дојде, така и пројде/ С. Ивановски

ДРАГАН АПОСТОЛОВ НАЗНАЧЕН ЗА НОВ КОМАНДИР НА ТППЕ – КОЧАНИ

Драган Апостолов е назначен за нов Командир на Територијалната Противпожарна Единица – Кочани. Тој доаѓа на местото на Благојчо Паунов кој изминатите четири години со успех ја извршуваше функцијата. Инаку Драган Апостолов е вработен во ТППЕ – Кочани од 2012 година и досега ја извршуваше функцијата пожарникар – возач на специјално возило. „Признанието што ми…

ПРОНАЈДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ОД ИЗВРШЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА, ТЕШКИ КРАЖБИ

На 31.03.2022, во периодот од 06.00 до 14.30 часот, по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна…

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ КАЈ ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ПРОНАШЛЕ КОКАИН

СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против С.С.(33) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.03.2022 на експресниот пат Штип – Радовиш, полициски службеници кај пријавениот пронашле кокаин. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

РЕГИОНАЛНОТО ДЕРБИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

По една седмица пауза поради настапите на Македонската фудбалска репрезентација, утре (Сабота) продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток. На програмата се натпреварите од 21 коло во кое како централен настан е регионалното дерби во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ го пречекува „Осогово“. Трите бода за домаќините се опција во борбата за највисок…

СТАРТАП МАКЕДОНИЈА НА РАБОТЕН СОСТАНОК ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Градоначалникот на Општина Кочани заедно со вработени од општинската администрација, вчера одржaа работен состанок со невладината организација Стартап Македонија. Oваа организација работи со цел да ги обедини чинителите во екосистемот, стартапите, основачите и инвеститорите, со цел иновациите да бидат претворени во успешни бизниси. На работниот состанок претставниците од Стартап Македонија ги презентираа нивните активности и…

КОЧАНЧАНЕЦ ПРИЈАВИЛ СВОЈ СОГРАЃАНИН ПОРАДИ ИЗМАМА

На 30.03.2022 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 76 – годишен маж од Кочани пријавил дека бил измамен од Ф.С. од Кочани. Според пријавеното, во периодот од ноември 2021 досега, Ф.С. во три наврати го довел во заблуда дека ќе му помогне околу судски спор, а како надомест тој му дал 75.000 денари. Како…