Последни вести

ДЕНЕС, РЕГИОНАЛНА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА „ЕУ ЗА ТЕБЕ“

Во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, денеска во Хотел „Сити Ин“ – Кочани во периодот од 17 до 20 часот ќе се организира регионалнa информативнa сесиja за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ. На настанот организациите ќе бидат информирани за повикот за предлози и подетално ќе бидат презентирани критериумите и насоките за апликантите. За…

ЗА БОГАТАТА ТРПЕЗА СО СПЕЦИЈАЛИТЕТИТЕ ОД ОРИЗ, НАЈВИСОКА ОЦЕНА

По осум години пауза Горни Подлог повторно беше домаќин на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“. По зажнејувањето на полињата во атарот на селото манифестацијата се префрли во дворот на црквата „Св. Јован опсечен“ каде освен културно-забавна програма гостите можеа да вкусат и од поставените специјалитети од ориз кои беа дело на домаќинките од…

КАРАТИСТИТЕ НА „ПАРТИЗАН“ ОД КОЧАНИ ОЖНЕАЈА 15 МЕДАЛИ ВО ЛЕСКОВАЦ

Во организација на Карате Клуб „Ипон“ од Лесковац, денес во истоимениот град во Република Србија се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Ипон Опен 2022“. Годинава на турнирот зедоа учество околу 500 натпреварувачи од клубови од Република Северна Македонија, Република Србија и Бугарија. „Партизан“ на турбирот учествуваше со 26 натпреварувачи кои на крајот освоија 15 медали…

СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА КК „КОЧАНИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ЛЕСКОВАЦ

Деветмина членови од Карате Клуб „Кочани“ од Кочани денес учествуваа на Меѓународниот карате турнир „Ипон Опен 2022“ што се одржа во Лесковац (Република Србија). Во една силна конкуренција каратистите на Кочани освоија седум медали од кои 1 златен медал во борби и 6 бронзени медали во кати, како и три петти места. Наталија Карова освои…

ГРАЃАНИТЕ ВО ДИЛЕМА, ДАЛИ ОСВЕН ПЕШАЦИ МОСТОТ МОЖАТ ДА ГО КОРИСТАТ И ВОЗИЛА

Пред неколку денови од Општина Кочани граѓаните преку медиумите беа информирани дека во градот се асфалтирани три мостови со што се заштитила арматурата од корозија а биле создадени и подобри услови за минувачите. Сепак не е се така идеално како што е информирана јавноста. Имено мостот кај џамијата (Дути Ханум) кој досега се користеше само…

„ЖЕТВАРИТЕ“ СЕ ИЗВЛЕКОА ВО 88 МИНУТА

Се одиграа натпреварите од 5. коло во Трета Фудбалска Лига – исток во кое на три натпревари славеа домаќините, на еден натпревар победија гостите додека на два немаше победник. Во Кочани  „Осогово“ со големи маки ја совлада одличната екипа на „Академија Чешиново-Облешево“.  Гостите поведоа во 5’ преку Михаил Јакимов а домаќините речиси без шанса го…

ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“ ПОРАЗЕНИ НА СТАРТОТ НА ПРВЕНСТВОТО

Денес во Скопје во салата „Борис Трајковски“ започна годинешното првенство во Супер и Првата лига од Пингпонгарскиот шампионат. Пингпонгарите на „Кочани“ стартуваа со пораз против екипата на „Телеком Нец“, но самиот податок што се изборија да настапуваат во најелитното пингпонгарско натпреварување во Македонија доволно зборува за упорноста и квалитетот на момчињата од „градот на оризот“….

КУЛТУРНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ И ШТАНДОВИ ВО „ГРАДСКИ ПАРК“ ПОСВЕТЕНИ НА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“, во Градскиот парк се одржа културно-забавна програма на која настапија децата од четири и шестгодишна возраст од ДГ „Павлина Велјанова“, ученици од основните и од средните училишта во Кочани, членови на Студиото за модерни танци „Урбан кру“, најмладите состави од ФА „Мугри“ и КУД „Руен“,…

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2022“ – ТРАДИЦИОНАЛНОТО ЗАЖНЕЈУВАЊЕ И ВРШИДБА НА ГУМНО ВО АТАРОТ НА СЕЛО ГОРНИ ПОДЛОГ

Утринава во с. Горни Подлог, поворка со гости од земјава и странство, членови на фолклорни друштва од Балканот, со македонска народна песна се упатија кон плодните оризови полиња спремни за жетва. Со благослови и народна песна зажнејувањето први го започнаа Здружението на пензионери од Кочани. По жетвата беше прикажан обичајот на вршидба, а во продолжение…

МЛАДИТЕ БОРАЧИ НА БК „СПАРТАК“ ЗАПОЧНАА СО ЖЕТВА НА МЕДАЛИ

Во организација на Боречкиот Клуб „Борец“ од Велес денес во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се одржа традиционалниот Меѓународен меморијален турнир „Коцев Љубомир – Листон 2022“. Младите борачи на „Спартак“ од Кочани постигнаа извонреден резултат. Настапија со осум борачи кои освоија 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали. Милан Трендов во категоријата до 68…