Последни вести
АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА КЕЈТ МЕРИ БРНЗ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА КОЧАНИ
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ја прими во официјална посета амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнз. По повод почетокот на проектот за реставрацијата и конзервација на Споменикот на слободата, Н.Е. Брнз се запозна со потенцијалите за развој и состојбите во Кочани. Градоначалникот Папазов ги претстави локалните економските капацитети и услови за стопанисување,…
УПИСИТЕ ВО „HELEN DORON ENGLISH“ СЕ ВО ТЕК
Иднината на нашите деца зависи од квалитетот на нивната едукација. Со „Helen Doron English“ едукацијата го носиме светот блиску до вашите деца и им овозможуваме пристап до високо квалитетна едукација. Како нашиот уникатен метод се разликува од стандардните едукативни системи? – Учиме на природен, на забавен начин и интерактивен начин — Создаваме билингвални деца, кои…
КОЧАНЧАНЕЦ ПРИВЕДЕН ВО СКОПЈЕ ПРИ ВРШЕЊЕ КРАЖБА
На 25.08.2022 во 17.55 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Б.М.(22) од Кочани. Тој бил фатен веднаш по извршување кражба од продажен објект на бул. „Борис Трајковски“ и кај него биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска…
ГО ПРОНАШОЛ БРАТОТ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА
На 24.08.2022 во ОВР Кочани, З.Т.(58) од Кочани пријавил дека во дворно место со повреда на главата го пронашол неговиот брат М.Т.(62) од Кочани. Тој бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош, по што бил префрлен во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа…
ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ВРШИ УПИСИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
Ученици, родители. ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани врши уписи за учебната 2022/2023 година. Учениците можат да се запишат: во деветгодишно основно музичко образование за инструментите пијано и виолина (ученици кои во учебната 2022/2023 година ќе бидат прво одделение во основното училиште) во шестгодишно основно музичко образование за инструментите гитара, флејта, хармоника и традициски инструменти, (ученици кои…
УЧИЛИШТЕТО РЕАГИРАШЕ, СЕ ЧЕКА ИНФОРМАЦИЈА ОД ПОЛИЦИЈАТА
Четири дена по вандалското однесување на поединци со пишување графити со непристојна содржина на еден од надворешните ѕидови на спортската сала „Никола Карев“ вработените од училиштето со експресна реакција, графитите веќе не постојат. Денес вработени од ОУ „Никола Карев“ ги отстранија графитите кои пред четири дена некој ги нацртал на спортската сала. Од училиштето работата…
„ОСОГОВО“ ПРВЕНСТВОТО ГО ОТВОРА СО „ПОБЕДА“ (ВАЛАНДОВО)
По извлекувањето на натпреварувачките броеви познат е распоредот на натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток. Дванаесет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2022/2023 а самиот старт е поместен за една седмица и наместо првичниот датум 04 Септември натпреварите ќе започнат на 11 Септември. Според имињата на учесниците во лигата за очекување е интересно и…
ТРИДНЕВЕН МЛАДИНСКИ ЕДУКАТИВЕН КАМП НА „ЦРВЕН КРСТ“ ОД КОЧАНИ
Волонтери од Општински организации на Црвен крст од Македонија кампуваат на локалитетот Кај Дабот во селото Бели, на летниот младински едукативен камп што го организира Црвен крст – Кочани. Тридневниот едукативен камп е на тема Подготвеност и дејствување при катастрофи со акцент на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и едукации за бебедно…
ПРЕС НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ (25.08.2022 Г.)
КАДЕ ЗАВРШУВААТ ПАРИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И КАКО ОД СТОПАНСТВЕНИЦИ СЕ ДОНЕСЕНИ НА ПИТАЧКИ СТАП Водостопанската подружница ,,Брегалница” и подружницата ,,Тиквеш” се со највисока наплата од 12 – те подружници во Р. Македонија и нејасно е како може да биде исклучена електричната енергија на оваа наша подружница?! Според ревизорските извештаи, Водостпанството учествува во плати со 80%…
ОБЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИРАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ
Општина Кочани го објави јавниот повик за пројавување интерес за доделување 15 стипендии за додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за академската 2022/23 година. Право на учество на јавниот повик имаат жители на општина Кочани кои се високо мотивирани да стекнат академски знаења на овој Универзитет. Кандидатите треба да поднесат мотивациско…