All Posts By Славчо Ивановски

НА ПОНИКВА СЕ ОДРЖА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН РОЛЕР-СКИ НАТПРЕВАР

Организаторите на Првиот меѓународен ролер-ски натпревар, што се одржа на Пониква, денеска ги доделија наградите на најуспешните натпреварувачи. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој го поздрави овој натпревар на Пониква и неговото влегување во календарот на Скијачката федерација, со што се создаваат нови можности за развој на спортскиот туризам на…

НА 15. СЕПТЕМВРИ ВО МУЛТИКУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР – КОНЦЕРТ НА ИВАНА МАЗНЕЈКОВА

В четврток, на 15 септември, со почеток во 19 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, под наслов „200 години Цезар Франк“, концерт на пијано ќе одржи Ивана Мазнејкова. Мазнејкова е ученичка во четврта година во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, во класата на проф. Славчо Величков. Активен учесник е на мастеркласови на професори…

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ ДПМНЕ – БЕЗ НИКАКВА ГРИЖА НА СОВЕСТ

Почитувани, Зборувате за кочење на Проектот за изградба на Дом за стари лица – Проект кој СДСМ го започна, а вие не умеете ниту да го реализирате. Да не зборуваме затоа дека не сте ни близу до решавање на главните општински проблеми кои се од суштинско значење и ги засегаат најмладите лица во Општината –…

ЗАВРШЕН НАСТАН ОД ПРОЕКТОТ „ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ“ НА ЕРАЗМУС ПЛУС

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Здружението за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани одржаа настан на кој ги претставија резултатите од проектот „Имплементирање на едукативен модул базиран на виртуелна реалност во средните училишта“ финансиран од ЕУ-програмата Еразмус плус. На присутните им се обрати Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни…

ПРЕС НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми Централната власт ги опструира градоначалниците на сите можни начини Сите сме свесни за потребата од изградба на Дом за стари лица во Кочани, чии услуги ќе ги користи целиот регион. Оваа потреба и идеја за изградба на еден ваков Дом за стари лица, потекнува уште пред многу години, но подоцна со…

УЛИЦАТА „ВИТА ПОП ЈОРДАНОВА“ УШТЕ ЈА ЧЕКА САНАЦИЈАТА

И по близу година дена улицата „Вита Поп Јорданова“ уште чека санација. На 25.07 о.г. објавивме писмо од жителите на улицата во кое тие тогаш го објаснија проблемот. Улицата за да биде сменета водоводна цевка била ископана а по замената на цевката не била целосно санирана. По нашата објава со реакцијата на жителите, како што…

ДПД – КОЧАНИ ОБЕЗБЕДИ ВОЗИЛО ЗА ИНТЕРВЕНЦИИ

Во пресрет на првиот роденден ДПД (Доброволно Противпожарно Друштво) од Кочани доби неочекувано убав подарок. Со посредство на колегите од противпожарното друштво Тужно кај Вараждин (Република Хрватска) обезбедено е возило за интервенции. Инаку ова е прво возило кое ќе биде под ингеренции на ДПД – Кочани. Откако го комплетираа кадарот, ги средија просториите, добија материјални…

ТЕАТАР НА СЕНКИ – РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА ВО ВИНИЦА ОТВОРЕН ПОВИК

ОТВОРЕН ПОВИК  за учество во театарски работилници за деца! КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ? На работилниците можат да учествуваат деца од 8 до 12 год. Бројот на учесници е ограничен! Учеството е бесплатно. КОГА? Пријавувањето е најдоцна до 16.09.2022. Работилниците започнуваат на 17.09.2022 год, сабота, и ќе се одржуваат секоја сабота во текот на месец…

ПЕРИОДИЧНО ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ

Почитувани учесници во сообраќајот, Во тек е периодичното одржување на јавните патишта и улици. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација. Со подобрување на временските услови денес започнува бележењето на хоризонталната сигнализација. За непречено и брзо завршување на работите кои се од јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот…

ОД 12-14 СЕПТЕМВРИ ПРВ МЕЃУНАРОДЕН ФИС-РОЛЕР СКИ НАТПРЕВАР

Во период од 12 до 14 Септември 2022 година ќе се одржи првиот меѓународен ФИС-Ролер ски натпревар на Пониква како дисциплина во нордиското скијање, со поддршка на Скијачката Федерација на Македонија. Учествуваат натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина. Локалитетот Пониква е избран бидејќи ги поседува сите природни реткости и капацитети за…