САНАЦИЈА НА ШАХТИ НА УЛИЦА „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“ ВО КОЧАНИ
Како дел од програмските активности, КЈП “Водовод” Кочани деновиве изврши санација на неколку оштетени капаци на шахти на коловозните ленти на улица “Теодосија Паунов” во Кочани. Во рамките на своите предвидени работни активности во следниот период КЈП “Водовод” Кочани ќе изврши санирање и на други оштетени капаци на шахти на коловозните ленти и сливни решетки. Поради се…
ИНТЕРВЕНЦИИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“ ВО КОЧАНИ
Во рамките на своите планирани активности за поправка и унапредување на водоводната мрежа, секторот водовод и канализација при КЈП “Водовод” Кочани во претходните неколку денови изврши повеќе интервенции според претходно утврден план и динамика. На улица “Бел камен” во Кочани беше извршена промена на вентил на главна линија. Со ова ќе се овозможи при сопирање…
ДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – СРЕДБА ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА НЕГУВАТЕЛКИТЕ ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ
Во ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани деновиве се реализираа мониторинг-средби на тема ,,Градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи“. Мониторинг-средбите имаа за цел да го поттикнат и да го мотивираат кадарот за спроведување стратегии и знаења за организирање стимулативна средина за учење, на начин што ќе овозможи позитивни социо-емоционални резултати кај децата…
ОПШТИНА КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат корисниците на времени објекти на подрачјето на општина Кочани, кои не ги користат и не се во функција, да ги отстранат во рок од 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на ова известување во локалните медиуми и на веб-страницата на Општина Кочани. Доколку корисниците не постапат согласно ова известување Општина Кочани ќе…
СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ ЈА ОСВОИЈА ПРВАТА НАГРАДА ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ
Идејното решение на средношколци од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани за решавање на проблемот со загаден воздух беше причината да им биде доделена првата награда на Boodkamp-от кој од 25.04 до 27.04.2023 година се одржа во хотел „Дрим“ во Струга. Денес речиси и не може да се зборува за чист воздух. Но не е во…
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ЖЕНАТА – ГЛАВА НА СЕМЕЈСТВОТО“
Денес, во салон „Фоаје 2“ во НУ Центар за култура „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложбата насловена како „Жената – глава на семејството“ која е создадено во склоп на манифестацијата „IN VINICA VERITAS 2022“. Изложбата ја најави М-р Александра Димитрова, раководител на Училиштето за цртање и сликање при НУ Центар за култура „Бели Мугри“…
ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ОДРЖА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА
Денеска, во салата на Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата одржа конститутивна седница, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Советот којшто брои 13 членови, ќе има задача да ја подобри состојбата и безбедноста во сообраќајот во Кочани. Конкретните активности на ОСБСП ќе бидат насочени кон унапредување на…
ОД 4 ДО 7 МАЈ ДЕСЕТО ИЗДАНИЕ НА „ТРАДИЦИОНАЛНИ ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ, ПЕСНИ И ОРА“
Годинава од 04-07 Мај ќе се одржи 10. издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“. И годинава на програмата се фолклорните концерти што ќе се одржат во Зрновци и Оризари. Петок (05.05.2023 година) домаќин е Зрновци. Во 15:30 часот е дефилето на учесниците а веќе во 16:00 часот се Традиционалните Ѓурѓовденски…
ПЕТНАЕСЕТГОДИШНИК ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПОРАДИ НАПАД ВРЗ ДРУГ МАЛОЛЕТНИК
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 15-годишник од село Тркање поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.03.2023 во угостителски објект во Кочани, пријавениот физички нападнал друг малолетник, при што употребил и метален предмет. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ …
ОПШТИНА КОЧАНИ ПОТПИША ДОГОВОР СО „РОМАЛИТИКО“
Потпишан договорот за реализација на проектот за бетонирање крак од улицата „Стамен Манов“ Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот. Уличниот крак е на потегот кон Колерски Гробишта, со должина од 120…
