All Posts By Славчо Ивановски

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ТРИБИНА ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛАТФОРМА ЗА КАТНА ГАРАЖА

Се покануваат и известуваат граѓаните, институциите и невладините организации од Општина Кочани дека на ден 05.07.2022 година со почеток во 20:00 часот во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, ќе се одржи Јавна трибина во врска со реализација на проект – Изградба на платформа за катна гаража на „Големиот паркинг“ во Градскиот Трговски Центар –…

ВО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА УЧЕСТВУВАЛЕ ТРИ ЛИЦА

На 29.06.2022 во 19.40 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 19.35 часот на ул„Киро Кикенски“ во Кочани, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Д.(25) од една страна и В.С.(56) и М.С.(24) од друга страна, сите од Кочани. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде…

ВО КРУГ НА ФАБРИКА ПОЖАР НА ТОВАРНО МОТОРНО ВОЗИЛО

На 29.06.2022 во 12.12 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 11.00 часот настанал пожар на товарно моторно возило „ивеко“, паркирано во круг на фабрика во Кочани. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани и инспектор од Дирекцијата за заштита…

СООПШТЕНИЕ ОД УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ

ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ (локално невреме) Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена. И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и…

СПРОВЕДЕНА ПРЕВЕНТИВНАТА КАМПАЊА – „НОСИ КАЦИГА, ВОЗИ БЕЗБЕДНО!“

РСБСП, Општина Кочани, Младински локален совет Кочани и МВР ПС Кочани, со цел подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот во Кочани, денеска реализираа активности како дел од превентивната кампања -„Носи кацига, вози безбедно!“. Кампањата се реализираше за велосипедисти, мопедисти и возачи на електрични тротинети, бидејќи во овој временски летен период зголемен е бројот…

ЗАВРШЕНА ИЗГРАДБАТА НА РАЗДЕЛНИТЕ ЗЕЛЕНИЛА НА БУЛЕВАР „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“

Завршени се градежните активноси на изградбата на разделното зеленило на булеварот „Тодосија Паунов“. Станува збор за изградба на разделно зеленило во должина од 1.350 метри. Изведувач на работите е фирмата „Примаградба“ Доо Штип. Во периодот кој следува останува доуредување на зеленилото на дел од наведените површини од страна на КЈП „Водовод“. Општина  Кочани

ТППЕ КОЧАНИ ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Деновиве Територијалната противпожарна единица Кочани прими донација обезбедена од финансиски средства од Амбасадата на Народна Република Кина. Станува збор за уред апарати за комуникација – рачна радио станица VHF 5W DMR сет сотавен од радиостаница, антена, брз полнач, адаптер, штипка за појас, слушалка со микрофон и PTT тастер. Донацијата е во вредност од 300.000 денари.

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ЗДРУЖЕНО ЌЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ

Во недостаток на организирана акција за летните пожари од страна на  институциите на централната власт, на координативен состанок во Штип се собраа градоначалниците од источниот регион, кои доаѓаат од партијата ВМРО ДПМНЕ. Од денешниот состав изостана присуството на градоначалниците на Берово и Делчево, кои лани со денови се бореа против големиот шумски пожар, а не…

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Реконструкцијата на Градскиот Парк е во завршни фази. Неодамна беше пуштена во функција и фонтаната којашто на Градскиот Парк му даде поубаво светло. Од денеска започна и градежната активност за прередување на бекатон плочките кои претходно беа во лоша состојба на улицата „Никола Карев“ кои се во склоп на реконструкцијата на Градскиот Парк.

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ СО ЛИЦАТА ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОГРАМАТА ОКР 2022/2023

Денеска во просториите на венчалната сала беше остварена средба со којашто од една страна беше означен завршетокот на претходната програма Општинско корисна работа 2021/22 година во која беа вклучени 24 лица, како и отпочнување на новата програма 2022/23 година, исто така со 24 вклучени лица. Програмата финансиски ја поддржаа УНДП и Швајцарска агенција за развој…