All Posts By Славчо Ивановски

ТРОЈЦА ОД КОЧАНИ КАЈ КОИ БИЛА ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА, ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА

На 07.03.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Ф.В.(24) од Кочани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со случајот, на 08.03.2022 лишени се од слобода Д.Т.(36) и М.А.(52), двајцата од Кочани, бидејќи и кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицата ќе…

ПАРТНЕРСКИ ПРОЕКТ НА „НАЦИОНАЛЕН РОМСКИ ЦЕНТАР“ – КУМАНОВО И КОМПАНИЈАТА „ДЕЛТЕКС“ – КОЧАНИ

Националниот ромски центар од Куманово и компанијата „Делтекс“ од Кочани почнаа партнерски проект со две кампањи за задржување на работните места на лицата од ромската етничка заедница и за подобрување на имиџот на текстилниот сектор. „Со слоганот „Скрој го сопствениот успех“ сакаме да ги мотивираме невработените, посебно Ромите, своето вработување да го побараат во текстилниот…

ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА

Во организација на Литературниот Клуб „Копнеж“ во Кочани а по повод 7-ми март „Меѓународниот ден на жената“, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во кочани се одржа литературно читање. Членови на ЛК „Копнеж“ читаа поезија која е содржана во билтенот кој секоја година излегува по повод празникот на жената. Билтенот содржи околу четириесетина песни…

ПОЛИЦИЈАТА СО ЦВЕЌЕ ИМ ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК НА УЧЕСНИЧКИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Полициска станица – Кочани, спроведоа акција  „Цвеќе за учесничките во сообраќајот“. Претставници од ОСБСП – Кочани како и дел од вработените во Полициска станица – Кочани заедно со ученици волонтери со подарувањето на цвеќе на учеснички во сообраќајот од понежниот пол им…

М-18 КОШАРКАРСКА ЛИГА, ПОБЕДА НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЗА ПРВО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА

Интересен и неизвесен натпревар одиграа кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ и „Струмица“. По доста возбудувања кочанчани славеа 104:92 (26:25; 29:32; 28:13; 21:22) и со освоените бодови се искачија на првото место на табелата. Во првите две четвртини бевме сведоци на доста изедначен натпревар така да полувремето заврши со два поени предност за кошаркарите од Струмица….

ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ИСТОЧНО-ПЛАНСКИОТ РЕГИОН

Советот за развој на Источен плански регион, денеска ја одржа Третата седница во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани. На дневниот ред се најдоа следниве точки: 1.Предлог – Одлука за верификација на мандат на член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од здруженијата; 2.Презентација на процесот на изработка на Просторен план…

КОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ СО НИЗА ИДЕИ ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ

Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, на седницата што ја одржа Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, беше направен пресек на досегашните и претстојните активности на планот на родовата еднаквост во Општина Кочани. Досегашните мерки за родова сензибилизација и вклучување на родовите перспективи во општинските програми и планови продолжуваат со…

СЕ РЕКОНСТРУИРА ТРОТОАРСКАТА ПОВРШИНА НА УЛИЦАТА „КЕЈ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Во тек се градежните работи за реконструкцијата на тротоарската површина на улица „Кеј на Револуцијата“. Уредувањето на пешачката зона се протега во должина од 257 метри, почнувајќи од Градскиот плоштад. На тротоарската површина од 900 метри квадратни се работи на ископување на стариот бетон, тампонирање на теренот, по што ќе бидат вградени бехатон плочки. Изведувачот…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ОД RELOAD 2 ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Со цел да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог-проектите од граѓанските организации за доделување грант во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 проектот, Општина Кочани во соработка со УНДП објави јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата…

ПОБЕДА ЗА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ВО ТРЕТА ЛИГА ИСТОК И ПОБЕДА ВО М-16 ЗА ПРВО МЕСТО

Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“и овој викенд ги зарадуваа своите навивачи, остварени се две победи и тоа какви, едната дури во продолжението а втората за прво место на табелата по првиот дел од првенството. Во 3-та Македонска Лига – Исток кошаркарите од Кочани по многу возбудувања ја совладаа мошне добрата и квалитетна екипа на „Спарта“…