All Posts By Славчо Ивановски

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАДЕЖНИ И ПРОЕКТАНТСКИ ФИРМИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Денес, Општина Кочани организираше средба со претставници на градежни и проектантски фирми и претставници на слични дејности од општината. Целта на средбата беше меѓусебно запознавање и споделување искуства и проблеми со кои се соочуваат во нивното работење. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставници од Секторите за урбанизам и уредување…

ОПШТИНА КОЧАНИ ОСТАНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Општина Кочани остана без договор за снабдување со електрична енергија од слободниот пазар, односно од 1 јануари догодина ќе ја нема договорената цена по јавната набавка што се реализираше во септември годинава. Фирмата Соларпро холдинг ДООЕЛ – Скопје, која на тендерската постапка беше избрана за снабдувач, го раскинува договорот со образложение дека настанале нови услови…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ – КОЧАНИ

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во пресрет на Новогодишните празници оствари средба со претставници на Здружението на пензионери од Кочани. На средбата се разговараше за досегашната соработка на релација Здружение на пензионери со Општина Кочани а беа изнесени и нови идеи за понатамошна соработка. Главен акцент беше ставен и на изградбата на Старечкиот дом….

ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ НА ТЕРЕН ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО ПО ПРИЈАВИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

Поради енормното загадување за време на викендот, по констатираните состојби од надлежните служби и по пријавите на граѓаните, денеска инспекциските служби, претставници од МВР, претставници од невладините организации и локалните медиуми, излегоа на терен со увид и опомени кон населението на локацијата „Кај антената“, во наслебата Трајаново Трло, кои интензивно палат кабли, гуми, воедно сочинувајќи…

ЌЕ СЕ ГРАДИ УЛИЦАТА „ЈОРДАН ЗАФИРОВ“ И РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“ – ДЕЛ

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов го потпиша договорот за доиксористување на средствата од договорот за под-заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, од компонентата Општински инвестиции, за реализација на проектот – Изградба на улица „Јордан Зафиров“ и реконструкција на улица „Роза Петрова“ (дел 1). Вкупна вредност на проектот е 5…

КОЧАНЧАНИ И ДЕНЕС СЕ ГУШАТ ВО НЕЧИСТ ВОЗДУХ

Двете фотографии кои се направени денес во 16:10 часот јасно покажуваат дека кочанчани едноставно се гушат во нечист воздух. Многумина од населението  што беа излезени се пожалија дека дишењето им е отежнато а очите печат од нечистиот и загаден воздух. И додека преку социјалните мрежи луѓето се жалат на нечистиот и тешко воздуг за дишење,…

ХУМАНИТАРНИОТ ТУРНИР „ХУМАНОСТА ПОБЕДУВА“ ЗА ПИОНЕРИТЕ НА ГФК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ

Под мотото „Хуманоста победува – за Славица Димитрова“ синоќа во салата на ООУ „Никола Карев“ во Кочани се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал за категоријата пионери. На турнирот кој за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов учествуваа екипите на ГФК „Осогово“ – Кочани, Академија „Младост-Тошев“ – Оризари, Академија „Чешиново-Облешево“ и ФК…

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани и Општина Кочани и годинава ќе ја сочуваат традицијата. Ги покануваат граѓаните на Општина Кочани и пошироко да го проследат годинешниот „Новогодишен концерт“. Концертот ќе се одржи во сала, но без присуство на публика а истиот ќе може да се проследи преку фејсбук страната на ОМУ „Ристо Јуруков“ (OOMURISTOJURUKOV). Концертот…

ПОРАДИ ПОСЕДУВАЊЕ НА ХЕРОИН ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.Б.(30) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производтсво и пуштање во промет наркотични дорги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.12.2020, полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин . ИЗВОР:  Дневни билтени на МВР

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ЖАРДИНЈЕРИ, НО МИСЛИ ЛИ НЕКОЈ НА УЧЕНИЦИТЕ

Се вршат подготовки за поставување на жардинјерите на улицата „Тодосија Паунов“ од кружниот тек кај „Жито Ориз“ па се до кружниот тек кај „Лук Оил“. И добро е што ќе се продолжи со поставувањето на жардинјери на улицата која веќе на еден дел ги има бидејќи така ќе добие на целина, но дали некој размислува…