НОВИ САДНИЦИ НА „СКОПСКА“ – КОМПЕНЗАЦИСКО САДЕЊЕ НА ДРВЈА
На улицата „Скопска“ кај градскиот панаѓур се засадени нови садници од видот јасен. Засадувањето е извршено како компезациско садење на дрвја, согласно Законот за урбано зеленило. И во текот на утрешниот ден ќе бидат засадени низа нови дополнителни зимзелени садници во Трговскиот центар во Кочани. Се апелира кон сите граѓани за одговорно и свесно однесување…
ПРИСТИГНАТИ 10 ПРИЈАВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Во просториите на општинската зграда на Општина Кочани беше одржан состанок со претседавачот и верификационата комисија на Локалното собрание на млади на Општина Кочани на којшто по распишаниот јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Кочани доставените пријави беа разгледани. Комисијата констатираше дека до крајниот рок за пријавување на членови на Локалниот…
ДПД (ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО) СО АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА ДОГРАДБА НА НИВНИОТ НОВ ДОМ
Волонтерите од ДПД Кочани во изминатиот период интензивно работата на комплетирање на просториите на друштвото. За таа цел потребна ни е помош од вас, а истата може да ја изразете со донација во вид на: – Глет маса -Лајсни -ПВЦ прозори (4) и влезна врата (1) -Внатрешни врати (3) -ВЦ шоља -Плафонски болјер -Чешма со…
СОВЕТНИЦИТЕ ОДЛУЧУВААТ: ЌЕ ДОБИЈАТ ЛИ ОБЈЕКТИ ИМИЊА НА ЗАСЛУЖЕНИ СПОРТИСТИ И ДРУГИ ЛЕГЕНДИ НА КОЧАНИ
На утрешната 5-та седница на Советот на Општина Кочани советниците ќе бидат пред вистински предизвик. Предлогот на советникот Венко Крстевски како член на Комисијата за образование, спорт и култура даден на вчерашната седница на соодветната Комисија „Градската спортска сала“ во иднина да го носе името „Сашо Лазаров – Чапо“ беше усвоен. Сега останува на преостанатите…
ПОРАДИ ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ДРОГА ЗАРАБОТИЛЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(30) и М.К.(27), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги“. Пријавените, на 07.08.2021 во такси возило сокриле марихуана, амфетамин и екстази, по…
ЗА НОВИ ПОЈАСИ ПОЛОЖИЈА 42 КАРАТИСТИ ОД КАРАТЕ КЛУБ „ПАРТИЗАН“ – КОЧАНИ
На неколку денови пред завршувањето на оваа календарска година, поточно на претпоследниот тренинг во годината, Карате Клуб „Партизан“ од Кочани одржа испит „Полагање за појаси“. 42 каратисти полагаа и воедно го положија испитот и се стекнаа со нови појаси со поинаква боја од претходните. Од пријавените каратисти 14 полагаа за жолт појас, 6 за портокалов,…
КЈП „ВОДОВОД“ ЈА РАСЧИСТИ ДИВАТА ДЕПОНИЈА, СЕ АПЕЛИРА ЗА СОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Во текот на денешниот ден КЈП „Водовод“ – Кочани ја расчисти дивата депонија на локацијата „Кај антената“ во Трајаново Трло, откако ден претходно инспекциските служби од Општина Кочани со поддршка од полицијата излегоа на терен со увид и опомени кон населението. Воспоставена е и дежурна екипа со инспекциски служби коишто ќе бидат на терен и…
ПОДЕЛЕНИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА СО ПОДДРШКА ОД БУГАРСКАТА АМБАСАДА
Денес, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов заедно со Н.Е. бугарскиот амбасадор г-дин Ангел Ангелов и неговата сопруга, поделија новогодишни пакетчиња во Кочани на локацијата наречена – споменикот Непознат борец. Новогодишните пакетчиња со поддршка од Бугарската амбасада беа поделени на дечиња од семејства од социјални категории. Општина Кочани
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАДЕЖНИ И ПРОЕКТАНТСКИ ФИРМИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Денес, Општина Кочани организираше средба со претставници на градежни и проектантски фирми и претставници на слични дејности од општината. Целта на средбата беше меѓусебно запознавање и споделување искуства и проблеми со кои се соочуваат во нивното работење. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставници од Секторите за урбанизам и уредување…
ОПШТИНА КОЧАНИ ОСТАНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Општина Кочани остана без договор за снабдување со електрична енергија од слободниот пазар, односно од 1 јануари догодина ќе ја нема договорената цена по јавната набавка што се реализираше во септември годинава. Фирмата Соларпро холдинг ДООЕЛ – Скопје, која на тендерската постапка беше избрана за снабдувач, го раскинува договорот со образложение дека настанале нови услови…