Последни вести
СЕ ОДРЖА ПРВАТА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ 13
Денеска, во салата на Мултикултурниот центар, Општина Кочани ја организираше првата јавна презентација по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани. Претставници на изработувачот на планот, ДТУ БИЛД УРБАН од Скопје пред присутните го образложија нацрт-планот со технички број 0801-458/20 од февруари 2025 г., со плански опфат со површина 69,12…
АМБАСАДОРКАТА НА ГРЦИЈА СОФИЈА ФИЛИПИДОУ ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ
Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ја прими во официјална посета делегацијата од Амбасадата на Грција во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорката Софија Филипидоу и заменик-амбасадорката Христина Василату. На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, со посебен акцент на последиците од трагичниот настан во „Пулс“. Амбасадорката Филипидоу го информираше градоначалникот…
ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ЖИТЕЛ НА ОРИЗАРИ, ВОЗЕЛ СО 2,14 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА
На 12.02.2026 во 15:59 часот на ул.„Тодосие Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Т.(31) од с.Оризари, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека…
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО ДУП ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ 13
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, плански период 2022-2027, нацрт план со технички број 0801-458/20 од февруари 2025г., со површина 69,12 ха, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје. Планскиот опфат е…
ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – КОЧАНИ ДОБИ ЕРАЗМУС+ АКРЕДИТАЦИЈА И ПРОДОЛЖУВА СО ИНТЕНЗИВНИ ПРОЕКТИ ЗА МОДЕРНА И БЕЗБЕДНА НАСТАВА
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани во последниот период бележи засилен развоен циклус преку национални и меѓународни активности насочени кон унапредување на наставниот процес и создавање поддржувачка и безбедна училишна средина. Најзначајна новина е добиениот статус на акредитирано училиште за активности и проекти во рамки на програмата Erasmus+, што претставува признание за квалитетот на работата и…
АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Во официјална посета на Општина Кочани престојуваше амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, придружувана од советничката Ана Вучиќ. Тие остварија средба со градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. На средбата се разговараше за актуелните состојби во општината, со посебен осврт на настаните по пожарот во дискотеката „Пулс“. Беа разгледани можностите за поддршка и соработка во надминување…
НОВ ЗАКУПЕЦ НА ДВАТА СКИ ЛИФТА НА ПОНИКВА Е „СКИ НАДЈА“
Градоначалникот Владко Грозданов, во име на Општина Кочани, го потпиша договорот со Друштвото за производство, трговија и услуги „Ски-Надја“ од Кочани – новиот закупец на двата ски-лифта на Пониква. Според договорот, за закупот на овие инфраструктурни објекти, сопственост на Општина Кочани, „Ски-Надја“ ќе плаќа месечна закупнина од 40.100 денари, цена постигната како највисока на одржаното…
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ДОНАЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и полковник Јиржи Фојтик, директор на средното и вишото стручно училиште за противпожарна заштита во Чешка, денеска го потпишаа договорот за донација на противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица – Кочани. Чешката делегација беше предводена од амбасадорот Јерослав Лудва, а на потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за внатрешни…
ТППЕ КОЧАНИ ДОБИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО, ДОНАЦИЈА ОД РЕПУБЛИКА ЧЕШКА
Во кругот на ТППЕ – Кочани пристигна чешката донација, десеттонска цистерна „татра“ со погон на шест тркала и висока клиренс пумпа за вода од 760 кпс. На настанот, на кој присуствуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, градоначалникот Грозданов упати благодарност до Република Чешка…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „16-ТИ МАРТ 2025 – КОЧАНИ“
Ја добивме одлуката за спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, посветено на 63-те ангели, со вкупна површина од 1053 квадратни метри, кое е одобрено на бараната локација. Ова за нас претставува голем и значаен чекор напред. Во наредниот период продолжуваме со обезбедување на останатите потребни документи, како и со финансиска поддршка од фирми и од физички лица,…
