Последни вести

ИНКАСАТОРИТЕ ОД КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ ВО НОВИ УНИФОРМИ

Инкасаторската служба при КЈП „Водовод“ – Кочани од денес е во нови униформи со помош на кои ќе бидат полесно препознатливи кај граѓаните. Главниот проблем кој граѓаните го имаат со КЈП „Водовод“ – Кочани е нередовното читање на водомерите и фактурирањето на потрошената вода. Антониот  Паунов – директор на КЈП Водовод – Кочани по тој…

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „ПОДВИЖНОСТ“ И УСЛУГАТА НА НЕГА ЦЕНТАРОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Денеска во просториите на Нега Центар – Кочани се промовираше проектот „Подвижност“ и услугата на Нега Центарот за стари лица. Општина Кочани во партнерска соработка со општините Чешиново-Облешево и Зрновци е во фаза на реалзаиција на проект за воспоставување и испорака на социјални услуги за грижа и нега во домот на стари лица. Грантот е…

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ – НАД ДВЕСТЕ ВЕЛОСИПЕДИСТИ ВОЗЕА „ПО ПАТЕКАТА НА ОРИЗОТ“

Со велосипедската тура „По патеката на оризот“, Општина Кочани го одбележа Меѓународниот ден без автомобили. Повеќе од двесте велосипедисти возеа на  релацијата долга 15 километри, што го поврзува Кочани со населените места Грдовци, Мојанци и Горни Подлог. На велосипедската тура учествуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој ја истакна важноста на користењето на…

ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО УДРИЛО ВО ПЕШАК

На 22.09.2022 во 11.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на влезот во с.Теранци, кочанско, патничко возило „фиат пунто“, со кочански регистарски ознаки, управувано од В.Х.(46) од с.Теранци, удрило во пешакот Д.Р.(60) од с.Теранци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од…

ВО САБОТА И НЕДЕЛА ФУДБАЛ ВО КОЧАНИ

Во деновите од викендот љубителите на фудбалот во Кочани ќе можат да проследат три интересни натпревари во кои актери се играчите на „Осогово“. Најпрвин во сабота во натпреварите од Втората Младинска Лига се играат натпреварите од второто коло во кое „Осогово“ ја пречекува екипата на „Силекс“. 10:00 часот (кадети)  „Осогово“ – „Силекс“ 12:00 часот (младинци) …

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ – ПЕТ НЕИЗВЕСНИ НАТПРЕВАРИ

За време на викендот се играат натпреварите од 3. коло во Првата Фудбалска Лига за жени. Кочанчанки гостуваат во Речица со која екипа имаат најлош старт во годинешното првенство и по двете одиграни кола се заковани за последните две места на табелата со идентична гол разлика и без ниту еден освоен бод. Според распоредот речиси…

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА НАЈУСПЕШЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ (ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРИЗ) НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Одборот за организирање на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“ објави оглас за избор на најуспешен земјоделец (оризопроизводител) на општина Кочани. Наградата е парична и изнесува 60 илјади денари. Условите, критериумите за доделување на наградата и начинот за пријавување се објавени на огласната табла пред општинската зграда и на веб-страницата на Општина Кочани. Крајниот…

СРЕДНОШКОЛКИТЕ ОД КАВАДАРЦИ СО ПРВА ПОБЕДА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БЕЛГРАД

Убав успех за девојчињата од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци на Светското Првенство во кошарка за жени кое се одржува во Белград (Република Србија). По вчерашниот инфаркт натпревар од првото коло кога во финишот на натпреварот незаслужено загубија од соодветната селекција од Грција, денес ученичките на професорот-тренер Тимчо Пецов со добра игра во одбраната…

РАЗГОВОР СО ЏОНИ (ЕПИЗОДА 2) – РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА, СО САШКО АНДОНОВ

Интересна емисија. Добар соговорник кој освен значењето и работењето на Ротари клуб „Кочани-Виница“ ни изнесе и некои новини кои мислам дека досега беа непознати за јавноста. Погледнете ја и доколку Ве заинтересира догледајте ја. С.  Ивановски

ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2022 – ПОВИК

Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“ ги повикува заинтересираните институции, здруженија, организации и поединци кои сакаат да се претстават на манифестацијата со штандови да искажат интерес во Општина Кочани. На штандовите можат да се изложуваат производи, домашни ракотворби, изработки од ориз, здрава или органски произведена храна, уметнички креации и сл. На…