All Posts By Славчо Ивановски

ОНА ШТО ГО ВЕТИЈА ВО ЦЕЛОСТ ГО РЕАЛИЗИРАА, ИГРАЧИТЕ НА „ОСОГОВО“ ГИ ВРАТИЈА ТРИТЕ БОДА

Она што го ветија играчите на „Осогово“ во целост го реализираа. Со подобра игра за време на целиот натпревар тие денес на Градскиот стадион во Штип сосема заслужено ја совладаа екипата на „Пехчево“ со резултат 1:0 (0:0). Во првото полувреме кочанчани беа подобар противник во сите елементи на фудбалската игра и во целост го надиграа…

ДАЛИ ИЗДАДЕНАТА А ИНТЕГРАЛНА ДОЗВОЛА НА „ПЕЈПАР МИЛ“ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ?

Запирање со работа на котелот на пелети и замена на горивото со метан, постојано мерење на издувните гасови од оџакот и нивно објавување на веб страницата на фабриката, како и инсталирање на станица за пречистување на отпадните води и редовно чистење на лагумите во фабриката „Пејпар мил“ во Кочани е она што го нагласија како…

ОО НА СДСМ КОЧАНИ – РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ДПМНЕ (25.02.2022 ГОД.)

Престанете да ја лажете јавноста и да ја искривувате вистината пред граѓаните! Тие ви ја дале нивната доверба да раководите со Општината и НЕ СМЕЕТЕ во никој случај да ги манипулирате! Веќе неколку пати се обидувате да протнете и да си изгласате точки на дневен ред злоупотребувајќи го вашето мнозинство во Советот. Со класично шверцување…

СООПШТЕНИЕ ОД ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ (25.02.2022 ГОД)

Почитувани граѓани, Дрскоста, самоволието и теснопартиските интереси денес во Советот на општина Кочани доминираа во целост, за разлика од вистинската функција на Советникот и принципите пропишани во едно нормално демократско општество. Опозицијата во Советот ги заборави интересите на сите граѓани без разлика на нивната партиска определба, директно на штета на функционалноста, потребите на граѓаните и…

„ОСОГОВО“ ПО ТРИТЕ БОДА ВО ПЕХЧЕВО

Во Сабота со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од 17-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. „Осогово“ по поразот во минатото коло против „Беласица“ на свој терен сепак со доза на оптимизам патува на утрешниот натпревар во Пехчево. Во првиот дел од сезоната утрешниот противник го победи „Осогово“ во Кочани со 3:0…

АД ПОШТА ПОДРУЖНИЦА КОЧАНИ ЗАПОЧНА СО ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ НА ДОМАШНА АДРЕСА

Почитувани пензионери АД Пошта на Северна Македонија Подружница Кочани започнува со исплата на пензии на домашна адреса за сите кои имаат склучено договор со Халк Банка и НЛБ Тутунска Банка. Основен мотив за оваа кампања е зголемување на соработката со пензионерите и враќање на традицијата кога реонските пошторазнесувачи ја доставуваа пензијата на домашна адреса. На…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов вечерва во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани даде отчет за сработеното во првите 100 дена по доаѓањето на функцијата прв човек на градот. Во отчетот Папазов како прв позначаен проект го спомна почетокот на замена на главниот постоечки цевковод, продолжување со градежните работи на улицата „Стево Теодосиевски“, изградбата…

ИГРАТА НА „ОСОГОВО“ И ПАЛЕЊЕТО НА СТРНИШТАТА НЕ МУ СЕ ДОПАДНАА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПАПАЗОВ

Стартот на првенството во Втора Фудбалска Лига – исток предизвика задоволителен интерес кај љубителите на фудбалот во Кочани. Западната трибина беше добро исполнета, додека мали групи имаше и на источната која беше огреана од февруарското сонце. Објективот на нашиот апарат го улови и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во друштво ма пријатели меѓи кои…

ПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА САДОВИ ЗА СОБИРАЊЕ ХАРТИЈА И КАРТОН

Деновиве започна поставувањето на специјални садови исклучиво за собирање на хартија и картон. Тие се во непосредна близина на контејнерите а истите ги поставува компанијата „Еко проект“ – Кочани. Со овие садови ќе се селектира комуналниот отпад од отпадот на хартија и картон. Засега компанијата ќе постави десет такви садови што не значи дека овде…

ГРАЃАНИТЕ ПРОТЕСТИРААТ А ОЏАКОТ ЧАДИ ЛЕ ЧАДИ

Осми ден како пред влезот на фабриката „Пејпар мил“ дел од населението упорно протестира. Се борат да имаме сите чист воздух и здрава животна средина. И додека протестите траат во една мирна атмосфера од оџакот почна да излегува црн густи чад. Дали со намера за провокација или не, во тој момент во едно од возилата…