СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ (29.10.2022)
Почитувани сограѓани, На денешната седница на Совет на општина Кочани не ги поддржавме точките поврзани со КЈП Водовод. Причината е јасна и недвосмислена: не поддржуваме неспособност за менаџирање! Не поддржуваме непрофесионалност и неажурност! Не поддржуваме реализирање на лични интереси на сметка на жителите на општина Кочани! Претставници на ДПМНЕ, нудите “решенија”, а реално – само…
ОСТАНУВААТ УШТЕ САМО ТРИ ДЕНА И ЗАПОЧНУВАМЕ – НАУЧИ ДА ПРОГРАМИРАШ – ИНТЕНЗИВЕН 4 МЕСЕЧЕН КУРС,
Поради огромниот интерес за програмирање Venikom Software го отвора првиот интензивен курс за програмирање во Кочани. Курсот претставува четири месечна обука за Frontend програмирање користејќи ги HTML, CSS, Javascript и Git. Целта на овој курс е да ги запознае оние кои што сакаат да се впуштат во водите на програмирањето и да ги запознае основите…
УТРЕ ПРЕД ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ – БЕСПЛАТНО МЕРЕЊЕ НА ПРИТИСОК, ГЛИКЕМИЈА И БЕСПЛАТНИ СОВЕТИ
Утре (Сабота) од 10:00 до 12:00 часот по повод Светскиот ден за борба против мозочен удар, пред ИМП (Итна Медицинска Помош) ќе се одржи мерење на притисок, гликемија, како и бесплатни совети, а сето тоа под покровителство на Здружението на Невролози на Македонија. Освен во Кочани вакви настани истовремено ќе се одржат и во Скопје…
ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЛИКОВНИОТ КОНКУРС „JIANTING INTERNATIONAL YOUTH PAINTING CONTEST 2021“
Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани беа доделени сертификатите на учесниците – ученици од училишта од Кочани и училиштето за сликање и цртање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани, кои втора година по ред учествуваат на ликовниот конкурс „Jianting International Youth Painting Contest 2021“, Народна Република Кина. Организаторот на конкурсот на учесниците им врачи сертификати…
ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ НА ЖЕШКИОТ ТЕРЕН ВО КАРБИНЦИ
Во Недела со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 8-то коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Лидерот на табелата „Осогово“ гостува на жешкиот терен во Карбинци каде ќе ги пречека истоимената екипа. Во Свети Николе се игра дерби на колото, третопласираното „Овче Поле“ ја пречекува второпласираната „Тиверија“. Во Делчево гостуваат „рибарите“ од…
ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ДА СЕ РЕШИ ШТО ПОБРГУ ХАОСОТ НА РАСКРСНИЦАТА ВО СТРИШАНИ
„Да се реши што побргу хаосот на раскрсницата кај Разно Промет во Стришани како и паркирањето на булеварот кој каде ќе стигне. Се паркираат и од левата и од десната страна , ништо не е обележано, не дај боже некое дете да настрада“ е реакцијата на граѓанин кој како што истакнува секојдневно минува на оваа…
МОМЕНТНО СЕ ЧИСТИ РЕЧНОТО КОРИТО И ПАТЕКАТА ЗА РЕКРЕАЦИЈА КОН „БАВЧАЛУК“
Во моментот екипи од КЈП „Водовод“ го чистат речното корито и и новата патека за рекреација кон „Бавчалук“. Изминатите денови голем број граѓани реагираа на неодржувањето на овој потек бидејќи и патеката и реката беа обраснати со висока трева, а кога ќе се додадат и искршените канти за ѓубре сликата беше повеќе од грда. Ова…
ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ – КОЧАНИ ОДРЖА ТРИБИНА ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ НА РАКОТ НА ДОЈКАТА
Во организација на Форумот на жени на СДСМ – Кочани вечерва во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани под мотото „Ќе го победиме со меѓусебна поддршка и едукација“ се одржа трибина за рано откривање на ракот на дојката. Пред присутните свое обраќање имаа Прим. Д-р Драгана Могилевска – Груевска и Претседателот на Форумот на жени на СДСМ…
УБАВ ЈУБИЛЕЈ, КОМАРЕЦ ГО ОБЈАВИ 20.000 ТЕКСТ
Велат фалбата била р’ѓа, но без разлика на тоа, ако таа се сподели со читатели за кои изминатите шеснаесет години бевме и комуњари и војводи и што ли уште не, тогаш како сакате наречете ја. Вие сте тие кои за многу нешта одлучувавте кога е порталот во прашање. Имено денес објавениот текст со наслов „Октомвриска…
ЗАПОНА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ВАУЧЕРИ ЗА „ЗЕЛЕНА НАФТА“
Денес во просториите на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани започна доделувањето на ваучерите за „Зелена нафта“ на земјоделците од кочанско. Повеќе од два илјади земјоделци кои се на просторот на општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци ќе ги добијат ваучерите. Ваучерите за „Зелена нафта“ ќе можат да ги подигнат сите…