All Posts By Славчо Ивановски

ЌЕ СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ПРЕД НЕКОГАШНИОТ ВОЕН ОТСЕК

На почетокот на следниот месец треба да започне уредувањето на просторот пред зградата на некогашниот Воен отсек и УЈП. Подигнатиот тротоар од корените на старите дрва, и нерамнините пред зградата создава проблеми на минувачите особено во вечерните часови. Во разговор со надлежните во општината дознаваме дека стариот и оштетен слој на тротоарот пред зградата ќе…

НА ДЕТСКИОТ ПАРК ВЛЕЗОТ И ИЗЛЕЗОТ ДО САМАТА УЛИЦА „КЕЈ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Ниту знаеме дали проектантско биро или архитект поединец го проектирал детскиот парк на северната страна од НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, но факт е дека според искусни архитекти истиот е со неколку пропусти. За дрвената ограда која е зашилена веќе еднаш по изјава од искусен архитект – пензионер пишувавме, но сега се појави уште…

„БАСКЕТ ДИНО“ ДО ВТОРА ПОБЕДА ВО ТРЕТАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА 1

Кошаркарите на „Баскет Дино“ од Кочани ја остварија и втората победа во годинешното првенство во Трета Кошаркарска Лига – група 1, откако како домаќини во второто коло ја совладаа екипата на „Овче Поле“ со 132:70 (29:15; 42:25; 30:19; 31:11). Самиот резултат по четвртини зборува каков натпревар се играше во Кочани. Домаќините супериорни во текот на…

ДРУГАТА СТРАНА НА КОЧАНИ – НИТУ СЕ ЧУВА, НИТУ СЕ ОДРЖУВА

Се потрудил некој странец да вложи средства за да ни направи урбано и убаво место за живеење, за жал заборавил дека тоа се вложува онаму каде што е развиена цивилизацијата, а онаму каде нешто застано пред неколку века, тешко. Фотографиите се направени на потегот од „Бавчалук“ па кон првиот мост на влезот во градот. Тие…

ТФЛ-ИСТОК, ВО КОЧАНИ „РУДАРИТЕ“ НЕМОЌНИ ПРОТИВ ЛИДЕРОТ

Се одиграа натпреварите од 7-то коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. Во Кочани лидерот на табелата „Осогово“ го пречека секогаш незгодниот „Рудар“, но овој пат „рударите“ се загубија во оризовото полето, кочанчани убедливо славеа со 3:0 а доколку на голот на „Рудар“ не беше расположениот Ѓорѓи Ивановски гостите ќе си заминеа уште со некој…

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, свежо цвеќе положија делегации од Општина Кочани, Советот на Општината, Сојузот на борците од НОВ, како и партиски делегации. По повод државниот празник, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните, во која стои: „Овој ден е историски ден, ден достоен за почит кон…

ДОБРОВОЛНА ПЛАНИНСКА СПАСИТЕЛСКА СЛУЖБА “ОСОГОВО“ – КОЧАНИ ЌЕ СОРАБОТУВА И СО ОПШТИНИТЕ ВИНИЦА И ЗРНОВЦИ

На наше огромно задоволство, денес, во просториите на општина Зрновци и општина Виница беше потпишан меморандум за соработка и финансиска поддршка. Чест ни е што со ваквите подвизи си даваме меѓусебна поддршка. Голема благодарност до градоначалникот на Општина Зрновци Борчо Коцев и градоначалникот на Општина Виница Миле Петков. ДПСС „Осогово“ – Кочани

МОЛКОТ ОД КЈП „ВОДОВОД“ ПОРАДИ ИСКЛУЧЕНАТА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОДОЛЖУВА

Иако поминаа повеќе од 24 часа од исклучувањето на електричната енергија во некои објекти заклучно со управната зграда од КЈП „Водовод“ никаква реакција. Ним како да им е најголем приоритет отворањето на „Кочанскиот панаѓур“ и присуството на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во Кочани, отколку информацијата која граѓаните на Кочани кои ја полнат инаку касата на…

„БАСКЕТ ДИНО“ ДОМАЌИН ВО ВТОРОТО КОЛО ОД ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА 1

Во Сабота и Недела продолжуваат натпреварите од Трета Кошаркарска Лига – Група 1. Се играат натпреварите од второто коло во кое кошаркарите на „Баскет Дино“ по убедливата победа во Струмица на стартот на првенството, ќе имаат можност да им се претстават на своите навивачи. Натпреварот се игра во Недела со почеток во 19:00 часот во…

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВО ПОСЕТА НА КОЧАНИ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на партиските активности „Промените се случуваат секогаш со народот“ денес престојуваше во работна посета на Кочани. Во друштво на Градоначалникот Љупчо Папазов и неговите соработници Мицкоски направи увид во реализираните комунални и инфраструктурни проекти. „Се радувам што го гледам ова овде во општина Кочани, реализација на проекти…