All Posts By Славчо Ивановски

ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ЗА НЕЗАКОНИТ ЛОВ

На 13.01.2022 полициски службеници го лишиле од слобода Ј.П.58) од Кочани, бидејќи во место викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА. Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34…

ВУЛГАРНИТЕ И НЕДОЛИЧНИТЕ КОМЕНТАРИ ЧУВАЈТЕ ГИ ЗА ВАШИТЕ ПРОФИЛИ

По кој знае кој пат еве им се обраќам на читателите на порталот. Како и понапред, така и сега ги замолувам за коментари но со пристојна содржина или коментари без вулгарни зборови или дискриминирање на личности без никакви аргументи. Вечерва веќе тројца баниравме а со тој тренд ќе продолжиме без разлика колку ќе се намали…

АДЕЛИН ЌАЗИМОВ СЕПАК ПРОДОЛЖУВА ВО ГФК „ОСОГОВО“

Иако пред десетина дена најави заминување од „Осогово“, па дури беше и на разговори со челните луѓе на „Беса член на Втора Фудбалска Лига – Запад, сепак Аделин Ќазимов и управата на ГФК „Осогово“ се договорија соработката да продолжи. Ќазимов во есенскиот дел од сезоната беше еден од подобрите играчи на кочанскиот второлигаш и навистина…

ПОЧНА ДА СЕ ШПЕКУЛИРА СО ИМИЊАТА ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

Изјавата на новиот Генерален секретар на СДСМ Миле Зечевиќ: „Следува широк, инклузивен процес на избор на нови раководства во општинските организации на СДСМ“ дадена пред два дена како да го подразбуди заспаниот лав и веднаш почнаа шпекулациите на имињата кој ќе биде новиот Претседател на ОО на СДСМ Кочани, ако и новите членови кои ќе…

КОЧАНЧАНИ ПРЕДВОДНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ ВО ДЕБРЕЦИН

До почетокот на Европското Првенство во ракомет останува уште малку повеќе од еден час. Нашата Репрезентација која во 18:00 часот го игра натпреварот против Словенија и овој пат нема да биде сама, напротив, ќе биде бодрена од голем број Македонски навивачи. Предводници на групата се нашите сограѓани, нашите Кочанчани  кои околу триесеттина заминаа во Дебрецин…

„СЛОГА 1934“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

Второлигашот од Виница, „Слога 1934“ од вчера (Понеделник) и официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втора Фудбалска Лига – Исток. Шефот на стручниот штаб на виничани Никола Кузманов ги запозна играчите за начинот на подготовките по што беше одработен првиот тренинг. На првата прозивка освен Христијан Митревски кој замина во ГФК…

ПОВИК ЗА „ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2021 ГОДИНА“

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2021 година. На манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2021 година; најдобар млад надежен спортист; најдобра екипа; најдобар тренер; спортски работник. Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт,…

ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ВО КОЧАНИ КАЈ КОГО ПРИ ПРЕТРЕС Е ПРОНАЈДЕНА ДРОГА

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведен дилер Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(42) од Република Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривчно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. На 09.01.2022, по…

НА ВТОРИОТ ДЕН БОЖИЌ ЦРКОВЕН СОБИР НА МАНАСТИРОТ „ДОБРА ВОДА“ ВО ОРИЗАРИ

На втор ден Божиќ на манастирот „Добра вода“ во Оризари се одбележува празникот на Пресвета Богородица со народен собир. На овој голем црковен народен собир, кој од година во година прерасна во традиција, присутен беше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, заедно со директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов. Секоја година се дели лепче со…

ОСТАНУВА ИЛИ ЗАМИНУВА СТОЈЧЕ СТОЈОВ

Несомнено еден од најдобрите играчи на „Слога 1934“ Стојче Стојов е еден од најмногу бараните играчи во овој преоден рок. За услугите на Стојов интерес покажуваат повеќето клубови од вторите лиги но и еден клуб од првата фудбалска лига. „Да има интерес на некои клубови, но јас најпрвин како што е редот ќе седнам со…