All Posts By Славчо Ивановски

ЌЕ СЕ ДОВЕДЕ ЛИ ВО РЕД ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ЗАД ЗГРАДАТА НА НЕКОГАШНИОТ КОМИТЕТ?

И кога има врнежи и кога нема на паркинг просторот лоциран зад зградата на некогашниот „Комитет“ е вистински хаос. Станарите од зградите околу паркингот протестираат поради тоа што честопати непоканети лица за да не плаќаат паркинг простор а сакаат да си уживаат по кафулињата ги паркираат своите возила кои стојат понекогаш и по цел ден,…

ПОСТАВЕНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО СТАРИОТ ГРАДСКИ ПАРК

Во склоп на комуналното и хортикултурното уредување на повеќе локации во градот, по расчистувањето на стариот Градски Парк, деновиве беше поставено и пуштено во функција новото јавно осветлување во паркот. Во периодот којшто следува ќе бидат поставени корпи за отпадоци, клупи и фонтана. Општина  Кочани

НА ПОТЕГ СЕ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, СТОРИТЕЛИТЕ МОРА ДА БИДАТ ОТКРИЕНИ

Нов чин на вандалско однесување се случил по се изгледа за време на викендот. Утринава една од страните на Спортската сала на ОУ „Никола Карев“ осамна со графити исти или речиси слични како оние кои пред неколку месеци беа цртани на „Споменикот на слободата“. Преголемата демократија почна да оди по друг колосек. Одговорните во ОУ…

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ РЕАЛИЗИРАНИ ПОВЕЌЕ АКЦИИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ

За време на викендот беа спроведени повеќе акциски расчистувања на повеќе локации во градот. Благодарност до Доброволната планинска спасителска служба Осогово – Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување коишто се отповикаа на повикот од страна на градоначалникот и придонесоа при расчистувањето на влезот на градот Кочани од двете страни, од подвозникот до бензиската пумпа…

ЌЕ СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ДА СЕ ОТСТРАНАТ НЕПОТРЕБНИТЕ ВИСЕЧКИ КАБЛИ

Постоечките непотребни висечки кабли стануваат пробелен за  учесниците во сообраќајот и за минувачите. Откако на компаниите им заврши емитувањето на кабелските програми и ги затворија компаниите големиот број на кабли со кој речиси е покриен целиот град останаа да висат во воздухот како спомен на едно време и на една технологија. Ни како одминува времето,…

ПОСЛЕ ДОЖД ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ОСТАНУВА ПОД ВОДА

После секој поголем дожд дел од улицата „Димитар Влахов“ е под вода. Лошата одводна канализација која со години наназад е проблем никој не сака да се нафати да го отстрани. Пред неколку години апелиравме до надлежните, дојдоа и рекоа дека го отстраниле проблемот но во изминатите денови како и по вчерашниот дожд тој проблем повторно…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ФАВОРИТИТЕ ЗА НАЈВИСОК ПЛСМАН СТАРТУВАА СО ПОБЕДИ

По една седмица одложување, денес конечно стартуваше новото првенство во Втора Фудбалска Лига. Од закажаните осум натпревари единствено не се одигра натпреварот во Велес „Борец“ – „Слога 1934“ кој е закажан за во среда со почеток во 17:00 часот. Инаку на денешните седум натпревари постигнати се 21 погодок, или во просек по 3 на натпревар…

ВО КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР „ОСОГОВО“ ГИ СОВЛАДА МЛАДИНЦИТЕ НА „АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ“

По дождливо време особено во второто полувреме „Осогово“ и младинците на „Академија Пандев“ од Струмица одиграа добар натпревар во кој резултатот беше во втор план. Кочанчани со головите на Манов (4) Јованов (1) и Крстов (1) славеа со 6:0 (3:0) но поважно од се е што Шефот на стручниот штаб на „жетварите“ Ефтим Аксентиев виде…

ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ НАПАД НА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК

На 20.08.2022 во 01.05 часот во Кочани од полициски службеници од Полициската станица Кочани бил лишен од слобода Е.М.(36) од Кочани поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствије. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

РЕАКЦИЈА НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Учесниците во сообраќајот со реакција поради не обележената барикада од земја поставена на магистралниот пат Делчево-Штип. Како што не информираат поради градежни работи на тој потег за безбедност на работниците но не и на другите учесници во сообраќајот на самиот пат била истурена поголема количина земја а никаде пред тоа немало поставен знак, така да…