известувања
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани за време на натпреварот „Осогово“ – „Пехчево“ изгубен е портофел во кој освен пари сопственикот имал и документи (лична карта, трансакциска сметка и книшка). Сопственикот на портофелот го замолува оној кој го има пронајдено да му се јави најповеќе поради документите. Контакт телефон: 077-700-758
СУБВЕНЦИИ ЗА КУПЕН ВЕЛОСИПЕД! СУПЕР ЦЕНИ ЗА СИТЕ ВЕЛОСИПЕДИ!
За сите граѓани на ОПШТИНА КОЧАНИ! 14.03 – 13.04 ИМАЈ ЕКОЛОШКО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО! 3.000 денари за секој купен велосипед од минимум 24″! Доделување по принцип прв дојден, прв услужен! Субвенциите важат за купување во готово и за купување на рати! River Soft КОЧАНИ ул. Стево Теодосиев бр.15 033 / 612 – 605 075-287-116 За подетални…
СУБВЕНЦИИ И СУПЕР ЦЕНИ! ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ И ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ!
За сите граѓани на ОПШТИНА КОЧАНИ! од 14.03 – 13.04 ИМАЈ ЕКОЛОШКО ГРЕЈНО ТЕЛО! 10.000 денари за секое купено грејно тело! Доделување по принцип прв дојден, прв услужен! Субвенциите важат за купување во готово и за купување на рати! River Soft КОЧАНИ ул. Стево Теодосиев бр.15 033 / 612 – 605 075-287-116 За подетални информации…
СООПШТЕНИЕ ЗА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО УКРАИНА
Општина Кочани во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Кочани, организира хуманитарна акција за собирање финасиски средства за настраданите во Украина. Целта на акацијата е да им се помогне на настраданите семејства во Украина, но превенствено да покажеме како општина добра волја и за Општина Перејаслав Хмељницки, како една од збратимените општини на…
ПРЕДИЗВИК „GREEN UP, GROW UP“
Почитувани креативци, уметници, модни дизајнери, родители, сограѓани. Би сакале да Ве поканиме да бидете дел од големиот ЕКО предизвик на градинката „Павлина Велјанова“. Во рамките на ERASMUS+ проектот „Our world is one waste is zero“, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ ги повикува сите оние кои се чуствуваат креативни, иновативни и се грижат за животната средина да се…
ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ОД RELOAD 2 ВО ОПШТИНА КОЧАНИ
Со цел да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог-проектите од граѓанските организации за доделување грант во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 проектот, Општина Кочани во соработка со УНДП објави јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата…
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛИЦА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани и сите учесници во сообраќајот дека во сабота, 05.03.2022 година во период од 8 до 13 часот, сообраќајот на улица „Стево Теодосиевски“ ќе биде пренасочен заради градежни работи, уривање на куќи. Се повикуваат учесниците во сообраќајот на зголемено внимание при движењето и на почитување на сообраќајните правила и прописи….
АД ПОШТА ПОДРУЖНИЦА КОЧАНИ ЗАПОЧНА СО ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ НА ДОМАШНА АДРЕСА
Почитувани пензионери АД Пошта на Северна Македонија Подружница Кочани започнува со исплата на пензии на домашна адреса за сите кои имаат склучено договор со Халк Банка и НЛБ Тутунска Банка. Основен мотив за оваа кампања е зголемување на соработката со пензионерите и враќање на традицијата кога реонските пошторазнесувачи ја доставуваа пензијата на домашна адреса. На…
ОПШТИНА КОЧАНИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2 (ReLOaD 2) Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен…
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради изведба на градежни активности на улицата „Стево Теодосиевски“ (поранешна „Ленинова“), се известуваат граѓаните, в среда, на 16 февруари 2022 г. да не ги паркираат возилата на потегот од крстосницата кај Двојниот мост до спојот на улицата „Стево Теодосиевски“ со кракот на улицата „Глигор Апостолов-Гочо“. Општина Кочани