литература
ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА
Во организација на Литературниот Клуб „Копнеж“ во Кочани а по повод 7-ми март „Меѓународниот ден на жената“, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во кочани се одржа литературно читање. Членови на ЛК „Копнеж“ читаа поезија која е содржана во билтенот кој секоја година излегува по повод празникот на жената. Билтенот содржи околу четириесетина песни…
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „БЛАГОЈ СИМЕОНОВ КРАВЧЕ“
Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, во присуство на најблиските од семејството Симеонови (двете ќерки и двете внуки), денес беше промовирана книгата „Благој Симеонов Кравче“. Книгата претставува кратка биографика за Благој Симеонов Кравче, човек кој остави еден траен белег во кочанското живеење. Инаку автор на книгата е Киро Герасимов а рецензент Љупка Стојменова….
ОДБЕЛЕЖАН 21-ВИ ФЕВРУАРИ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК
Со литературно читање на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ беше одбележан 21-ви Февруари, „Меѓународен ден на мајчиниот јазик“. Стручно излагање на тема „Мајчин јазик – минато, сегашност и иднина“ имаше Александар Димитров – професор по Македонски јазик при СОУ „Љупчо Сантов“. На настанот кој беше спроведен…
РЕЦИТАЛ ПО ПОВОД ДВАТА ПРАЗНИКА
По повод двата празника „Свети Трифун“ и „Свети Валентин“ во читалната на јавната Општинска Установа, Библиотека „Искра“ во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ и членовите на ЛК „Копнеж“ – Кочани се одржа рецитал на кој освен поезија, се читаше проза и афоризми посветени на денешното празнување. Манифестацијата ја отвори директорот на ЈОУ Библиотека „Искра“, Коце…
ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ОТВОРЕНО 15-ТОТО ИЗДАНИЕ „САЕМ НА КНИГАТА“
Во присуство на највалидните од училиштата и Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше отворено 15-тото издание на „Саемот на книгата“. Поради пандемијата со Ковид-19 годинешното издание е во редуцирана форма, односно свои излагање на книги имаат само две издавачки куќи „Полица“ и „Култура“. „Саемот всушност…
ДЕСЕТТА ЈУБИЛЕЈНА РЕЦЕНЗИЈА НА ЛЕНЧЕ СТОИМЕНОВА
Роднокрајната авторка – поет, писател, афористичар и карикатурист Ленче Стоименова по десетти пат стави потпис на своја рецензија. Се работи за романот ,,Патот до себе,, од Душко Ивановски од Делчево, кој со своето семејство 23 години живее и работи во Лондон. Романот ја доживеа својата прва промоција во Неделата (24.10.2021) во Yiewsley&West Drayton community center…