репортажа
УБАВ ВИКЕНД НА „ЦАРЕВ ВРВ“
Како што ни јавуваат вчерашниот неработен ден на големиот празник „Св. Кирил и Методиј“ на „Царев Врв“ вриело како во кошница. Традицијата продолжи и оваа година, Голем број на љубители на природата со мотори и џипови се искачија на врвот и буквално го окупираа. За да не се случи нешто несакано на врвот присуствуваа и…
ТИМОТ НА МАКБОТ ПИОНЕРИ ДОСТОЈНО ГО ПРЕТСТАВИ УЧИЛИШТЕТО, НАШИОТ ГРАД, НАШАТА ДРЖАВА
Со многу емоции, незаборавни искуства, спомени од прекрасно поминати денови, дружби со деца од цел свет од различни култури, стекнати нови пријателства, тимот на МакБот Пионери се врати од Светско првенство во склоп на First Lego League, кое од 18 до 21 мај се одржа во Маракеш- Мароко. На првенството учествуваа 66 тима од 54…
МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ И СЕ Е МОЖНО!
Двете фотографии во прилог на текстот се од вчера (Сабота), а се направени на железничката пруга во близина на стадионот „Никола Мантов“. Од двете страни на местото каде што стоевме за да ги направиме фотографиите ниту се гледа или пак делумно се гледа железничката пруга. Праговите се доста оштетени (изгниени) и се обраснати со трева…
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ
По повод 20-ти Мај „Денот на пожарникарите“, Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во друштво со своите најблиски соработници ја посети Територијалната Противпожарна Единица – Кочани. и Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани. Градоначалникот при своето обраќање најпрвин им се заблагодари на пожарникарите и на доброволците пожарникари за сето она што го имаат направено за да…
ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА СПОМЕНИКОТ НА „ВИЛИНСКО КОЊЧЕ“
Започнаа активностите за поставување на долго очекуваниот споменик во „Паркот на Револуцијата“. Споменикот претставува метална реплика на вилинско коњче со метални крилја исполнети со витраж, висок е околу 5 метри а широк околу 3,5 метри. Во разговор со одговорните лица и донаторите, кои присуствуваат на поставувањето, дознаваме дека работите ќе траат 3 дена до целосно…
ДЕЛЕГАЦИИ МУ СЕ ПОКЛОНИЈА НА СПОМЕНИКОТ НА НИКОЛА КАРЕВ ВО СВИЛАНОВО
Денес се навршуваат 118 години од смртта на Никола Карев еден од најголемите Македонски револуционери. По тој повод делегации од Општина Кочани, од ООУ „Никола Карев“ од Кочани, Сојузот на борците од НОВ и од Извидничкиот одред „Ластовица“ положија свежо цвеќе на споменикот во м.в. Свиланово во близина на селото Рајчани со што уште еднаш…
ОДБЕЛЕЖАНА 118-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НИКОЛА КАРЕВ
Со свечена академија на ООУ „Никола Карев“ и полагање свежо цвеќе на спомениците, вчера и денеска беше одбележана 118-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев. Општински делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата, кај селото Тркање и во Спомен-паркот во Свиланово. Претставници на Извидничкиот…
ДИРЕКТОРОТ НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ ДОНИРАШЕ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА ПЕТ СЕМЕЈСТВА ОД СЕЛО ТРКАЊЕ
Како што објави порталот с. Тркање, денес директорот на ООУ „Никола Карев“ од Кочани Александар Андов по повод Велигденските празници донираше пет хуманитарни пакети за пет семејства од село Тркање. Во соработка со Претседателката на Месна заедница на село Тркање Латинка Постолова пакетите беа доделени на семејства на кои и те како им беа потребни….
УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ПРИКАЗНА НА РОТАРИ КЛУБ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“
Во организација на Ротари Клуб „Камен Мост – Скопје и коорганизација на Ротари Клуб „Кочани-Виница“ и Ротари Клуб „Велес“, во Сабота, 8 април 2023 г., под мотото „Гласот на изборот” во Меѓународното училиште „НОВА“ успешно се одржа 11. Ротари Конференција за професионална ориентацијa на средношколци. Ротари Клуб „Кочани-Виница“ традиоционално е коорганизатор на овој настан и…
ТРИЕСЕТ ГОДИНИ „PICCADILLY“
Во предвечерјето на овој викенд со пригодна забава првото поголемо кафуле отворено во Градскиот Трговски Центар во Кочани, „Piccadilly“ го прослави својот 30-ти роденден. Да опстанеш триесет години на овие простори во овие бурни времиња е гаранција за квалитетно работење. Клиентелата на „ Piccadilly “ која е постојано овде со голем респект зборува за квалитетната…