Ознака: кошарка

ИВАН МИЈАЛОВ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ КОШАРКАРИ
Кошаркарската Федерација на Северна Македонија и годинава продолжува со ФИБА проектот за талентирани кошаркари. По тој повод започнувајќи од 28 Февруари до 05 Март во Скопје ќе се одржи кошаркарскиот камп на кој освен кошаркари и кошаркарки од Македонија ќе учествуваат и од Турција, Бугарија, Романија и Косово. Организаторот на кампот освен тренинзи ќе организира…

„БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ГО ЗАОКРУЖИ УСПЕШНИОТ ВИКЕНД СО ПОБЕДА ВО М-16 ЛИГАТА
Кошаркарите на „Баскет Доно –Деликатес“ со победата во М-16 заокружија еден мошне успешен викенд. По победите во М-18 и Трета Лига – Исток, вчера кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ во Скопје против екипата на „Вардар“ остварија уште една сигурна победа. Во натпревар во кој беа подобри во сите четвртини тие го совладаа домаќинот со убедливи…

НОВА ПОБЕДА НА „БАСКЕТ ДИНО“ ВО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК
Победоносниот од на кошаркарите на „Баскет Дино“ продолжува и во Трета кошаркарска лига – Исток. Овој пат совладана е екипата „Крива Паланка“ на гостински терен со убедливи шеснаесет поени разлика 63:79. Кочанчани за време на целиот натпревар беа подобри од мотивираната екипа на домаќините за што сведочи и резултатите по четвртини (18:23, 12:18; 17:20; 16:18)….

КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ СЕ ПРОШЕТАА НИЗ ВЕЛЕС
Со импресивна игра во текот на сите четвртини кошаркарите на „Баскет Дино – Деликатес“ едноставно се прошетаа низ Велес. Кочанчани во рамките на 12-тото коло во М-18 кошаркарска лига во Велес го совладаа домаќинот „Борец Баскет“ со високи 79:39. Во првата четвртина домаќините додека имаа сили им даваа отпор на разиграните кошаркари од „градот на…

ОДИГРАН МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА САШО ЛАЗАРЕВ – ЧАПО
По завршувањето на манифестацијата „Најдобар спортист на Кочани за 2021“ во Спортската сала во Кочани се одигра меморијален кошаркарски натпревар. Натпреварот кој беше организиран во чест на Сашо Лазарев – Чапо беше идеја на неговите ученици (кошаркари) а по повод четириесетте дена откако Чапо замина на другиот свет кај Ангелите. Натпреварот полн со емоции ја…

КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА САШО ЛАЗАРЕВ – ЧАПО
Утре (Понеделник) се навршуваат четириесет денови како засекогаш не напушти Кочанската кошаркарска големина Сашо Лазарев – Чапо. По тој повод неговите ученици од неколку генерации закажа кошаркарски натпревар во негова чест. Натпреварот започнува во 21:00 часот а на полувремето на истиот ќе има натпревар во шутирање тројки, најголемото „оружје“ на Чапо со чии удари многу…

СИНОЌА ВО КОЧАНИ СЕ ОДИГРА ЕМОТИВЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР
Синоќа во Кочани во рамките на М-18 Втора Кошаркарска Лига – Исток кошаркарите на „Баскет Дино – Деликатес“ и „Еуро Никел“ од Кавадарци одиграа емотивен кошаркарски натпревар. Целата предигра, самиот натпревар и неговиот крај полни со емоции беа посветени на кочанската кошаркарска легенда Сашо Лазарев – Чапо кој прерано реши да замине меѓу Ангелите. Во…

НОВА ПОБЕДА ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО – ДЕЛИКАТЕС“
Во заостанатиот натпревар од М-18 во Втора Кошаркарска Лига – Исток, вечерва во Кочани кошаркарите на домаќинот „Баскет Дино – Деликатес“ сосема заслужено славеа над екипата на „Еуро Никел“ од Кавадарци со 89:79 (27:17; 21:20; 21:14; 20:28) Кочанчани беа поуспешни во првите три четвртини кога создадоа недостижна разлика од 18 поени разлика, која гостите успеаја…

ПРЕД „БАСКЕТ ДИНО“ ПАДНА И „РАБОТНИЧКИ“
Кошаркарите на „Баскет Дино“ од Кочани продолжуваат со добрите настапи. За време на викендот во натпреварите од М-18 Кошаркарската лига тие го совладаа „Работнички“ со 92:79 (18:12; 27:18; 18:30; 29:19). Во првите две четвртини кочанчани остварија убедливо водство од 15 поени разлика, но во третиот квартал гостите со една мошне прецизна игра успеаја да намалат…

ВТОРА ТРЕТОЛИГАШКА ПОБЕДА ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО“
Кошаркарите на „Баскет Дино“ продолжуваат со серијата добри натпревари и остварени победи. За време на викендот во рамките на второто коло од Трета Кошаркарска Лига „Баскет Дино“ славеше над добрата екипа на „Спорт Тим“ од Неготино 101: 79 (18:13; 28:28; 28:22; 27:16) со што ја забележа и втората победа во ова натпреварување. Во првите две…