Последни вести
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 32 КРВНИ ЕДИНИЦИ
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 32 крводарител од кои 10 до 30 годишна возраст. Акцијата е 13–та по ред што…
ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ГЕРЕРАЦИЈАТА 2019-2023 ВО СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ
Како и секоја учебна година така и оваа во СОУ „Љупчо Сантов“ на крајот на годината ги наградуваме најуспешните ученици кои постигнале континуирано одличен успех во сите четири години и врвни резултати на натпревари. За првенец на генерацијата 2019-2023 е избрана ученичката Мери Манасиева од 4-6 паралелка за постигнат најдобар успех и поведение. Во знак…
ПРЕВЕНТИВНА АКТИВНОСТ НА ПС КОЧАНИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ
Вчера (30.08.) на подрачјето на Полициската станица Кочани полициски службеници од оваа организациона единица при СВР Штип, заедно со припадници на Шумската полиција на повеќе излетнички места (Плачковица, брана „Речани“, месностите „Дабо“, „Мегдано“ и „Пресечена скала“) постапувајќи согласно оперативниот план „Безбедно лето 2023“ реализираа превентивни активности од областа на заштита на шумите и шумските предели…
ЗЛАТКО НИКОЛОВ ГО ОСВОИ „CHUPINO TRAIL 2023“
Во саботата Виница беше домаќин на 4-тата трка „Chupino trail“. Се трчаше на 32 километри и на 16 километри а стартот и целта беа во „Градскиот парк“. Забележителен настап имаа претставниците од Кочани, а секако импресивен беше настапот на Златко Николов кој во трката на 32 километри со висинска разлика од 1.600 метри и истрчано…
СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА „БЕЗБЕДНО ЛЕТО 2023“ НА ПОДРАЧЈЕТО ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА ПС КОЧАНИ
Во текот на 28.08. 2023 година, на подрачјето под надлежност на Полициската станица Кочани, односно во селата Јатребник и Пресека, како и во близина на повеќе излетнички места, а во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, полициски службеници спроведоа превентивна активност посветена на заштитата од пожари. Притоа, низ разговори со граѓаните се апелираше за…
НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ПРОГРАМА ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2023
Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани со задоволство ви ја најавува програмата за месец Септември 2023 година *01.09.2023 година- 20 часот- Кино проекција на филмот НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ *02.09.2023 година- 20 часот- Кино проекција на филмот НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ *05.09.2023 година (12.30 часот) – Изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија…
БОГОРОДИЧЕН МЛАДИНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР – ПОЧЕСТИТЕ ЗА ЕКИПАТА ОД ОБЛЕШЕВО
Се одржа традиционалниот 43. Богородичен младински фудбалски турнир на фудбалското игралиште во Долни Подлог. Турнирот траеше од 14 до 28 август, каде учествуваа вкупно 12 фудбалски екипи. По одигрувањето на големото и малото финале се добија екипите кои најмоногу покажаа. Победничкиот пехар го понесе фудбалската екипа на Облешево, додека второто место и припадна на екипата…
ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ – АКТИВНОСТИ ВО ЦРНА ГОРА
Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал Коло Без Граница во Тиват, Црна Гора, како и минатата година и оваа година единствени претставници од Македонија. За време на фестивалот ги имаше следните активности: – 24-ти август: дефиле и настап во Порто Монетенегро, слободно време за…
СО ИНТЕРВЕНЦИЈА НА МВР, ПОЖАРНИКАРИ И ДОБРОВОЛЦИ ИЗГАСНАТ ГОЛЕМИОТ ПОЖАР
Со ангажираност на екипи од МВР потпомогнати со хеликоптер, пожарникари од Кочани и доброволци од ДПД – Кочани и пехчево синоќа околу 19:00 часот е изгаснат големиот пожар што избувна најпрвин на територијата на општина Чешиново-Облешево и се прошири кон селата Врбица, Буниш и Турско Рударе. Зафатена површина од околу 800 хектари нискостеблеста шума и…
ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИЗВЛЕЧЕ ПЕТ ПОЖАРНИКАРИ КОИ БЕА ОБИКОЛЕНИ ОД ОГНОТ ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО
Денеска (26.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар на територија на општина Чешиново- Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрли над 60 тони вода. Особено се делуваше во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој…