Последни вести

ПОСТАВЕН ЧАСОВНИК НА „КРУШАРСКИ МОСТ“, ДОНАЦИЈА ОД „INSA“ ЗЕМУН

Денес на „Крушарски мост“ од страната на „Паркот на Револуцијата“ во Кочани беше поставен голем  часовник. Дознаваме дека часовникот е донација од „ИНСА“ (Индустрија сатова) од Земун (Република Србија) а целта е граѓаните на Општина Кочани кои  дел од денот го поминуваат во „Паркот на Револуцијата“ да го имаат времето постојано на увид. Токму затоа…

ЗАВРШЕН КОНЦЕРТ НА ФА „МУГРИ“ И ОРКЕСТАРОТ ЗА ИЗВОРНИ НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА ПРИ НУЦК „БЕЛИ МУГРИ” – КОЧАНИ.

Датум: 22.10.2022 година Време:17:00 часот Место: „Летна сцена“ На концертот освен ФА „Мугри“ ќе настапат и: -ФА „Јанко Глигоров“ при ДК „Крсте Мисирков“ (Свети Николе( -ФА „Велигденски цветови“ с. Јаргулица  (Радовиш) -КУД „Коле Неделковски“  (Велес) -Фолклорна група при НУЦК  „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА ЧИФЛИК

Вечерва околу 20:30 часот на Магистралниот пат Штип – Кочани во близина на селото Чифлик се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила: „Ауди А4“, „Тојота јарис“ и „Фиат панда“. Аудите се движело во правец кон Штип а другите две возила се движеле кон Кочани. Повредените лица се префрлени во Општа болница со…

ЈОВАН МАНЕВ ДЕБИТИРАШЕ СО ПОБЕДА ВО ПРВИОТ СОСТАВ НА „АДАНА ДЕМИРСПОР“

Јован Манев беше стартер во приод состав на „Адана Демирспор“ на денешниот Куп натпревар против екипата на „Адијаман“. Деби натпреварот во првиот состав на Манев му донесе радост бидејќи неговиот клуб славеше со 5:0 (1:0). Му посакуваме на ова скромно момче но голем работник и борец на теренот да продолжи со работа и набргу да…

СО НЕШТО УБАВО ДА ГО ЗАБЕЛЕЖИМЕ ДЕНОТ

Во следните фотографии нема ништо што ќе повреди некои партиски доживотни потрчковци или некои кои цел живот се кријат зад вистината. Гулабите навистина го разубавија денот. Иако веќе е втората половина од месец октомври сепак тие и понатака уживаат во речното корито. Ги имаше денес на неколку локации во градот. Добро е што со нешто…

48 САНКЦИИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА КОЧАНИ

Денеска (18.10.2022) во периодот од 11.00 до 15.00 часот на територијата на Кочани спроведена e зајакната контрола за санкционирање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата, при што санционирани се 48 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат…

ГОСПОДА, И ОВА Е ДЕЛ ОД КОЧАНИ

Овој пат решивме да не објавуваме никаков текст во прилог на фотографиите се со цел да не создаваме нервоза кај некои функционери и да не им го нарушиме кредибилитетот кој како што велат го имаат пред претпоставените. За да не им ги истргнуваат ушите само би додале, и овие фотографии се дел од Кочани и…

ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – ЗАПОЧНА ИМУНИЗАЦИЈАТА ЗА СЕЗОНСКИОТ ГРИП

Почитувани, Деновиве започнува имунизација за сезонски грип. Вакцинацијата против сезонскиот грип е најефикасна мерка за превенција на грипот, бидејќи ја спречува појавата на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичната група граѓани. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна и е наменета за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со…

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ СИНДИКАТОТ НА УПОЗ И ОПШТИНА КОЧАНИ

Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Локалната самоуправа на Општина Кочани, Суад Мехмед го потпишаа Колективниот договор на Општина Кочани. Со потпишувањето на овој колективен договор се уредуваат обврските, правата и другите прашања во врска со…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЗА 2023 ГОДИНА

Синоќа, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 19 часот се одржа Јавната расправа за нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2023 година, со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година. Присутните граѓани даваа предлози од јавен интерес поврзани со надлежностите на Локалната самоуправа: урбанистичко планирање, уредување…